Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па јас не го ни споредувам со Хесе, ако читаш над мојот пост пишува:
,,премногу малку време му е дадено за да се докаже''
За ова кажав дека имаше доволно шанси да се вклопи наспрема Хесе кој имаше дупло помала минутажа. Каде виде дека ги споредувам Иско и Хесе?
И јас нигде не реков дека Озил има подобра завршница од Иско или дека головите не се важат. Реков дека за таков профил на играч не се пресудни головите. И што ако исебичи и даде на пример повеќе голови од Иниеста а има 2-3 асистенции цела сезона. Појак е од Иниеста дека дал 2 гола повеќе од него и имал 10 асистенции помалку а патем секоја акција ја кочи?
Никаде не го спомнав Озил ама смешно е да ги споредуваш. Озил е мрза и лесно заситлив играч затоа никогаш нема да биде на нивото на Зидан ама на истиве години од Иско имаше повеќе асистенции од Чави и Иниеста заедно што доволно говори за неговите квалитети. На Флорентино одма му се крена курето кога виде дека Шпанецот што го купил одма решил 2-3 утакмици и го пушти Озил по вода. Што иако е крајно неразумен потег според мене се исплатеше пошто добивме цврстина назад а Модрич и Ди Марија креираат доста шанси за напаѓачите.
Карло покажува дека со тим склопен од Перез може да вади одлични резултати, а и во исто време доста добро работи со Кантерашите. Карвахал, Хесе па и Начо се доста подобрени пред се затоа што им беше дадена шанса, која што Мурињо тешко дека би им ја дал.
Туку ај доста е со Иско нон стоп во круг се вртиме.
Класика Мадрид фанс. Пет утакмице не чини, и продај го!
Се чудим за Роналдо што не се дигнаа до сега, последниве 4-5 утакмице катастрофа е![]()
не бе ќе го чекаме 5 години како Бензема може ќе му текне да игра.
Значи според твојава логика, требаше и Лука да го продадат летово?