У моево 14-15 годишно пратење на Реал не памтам дека сме играле покилави и посрање од ова сезонава.
Со Капело не игравме атрактивно, ама се знаеше што се игра, имаше концепција. Со Шустер игравме топло-ладно но и таму имаше некој ред. Со факинг Луксембурго имаше поголема организација од ова, човекот идеше all in у напад, примавме 3 но дававме 5 гола.
Е, со Пелегрини имаше хаос во играта, не се знаеше што се игра, кој каде што, но и тогаш барем имаше позитивни страни и дававме лесно голови.
Мислев дека полошо од таа сезона не може, али еве. Не знам, ова е мизерија, ваква ужасна и деорганизирана игра те демотивира да гледаш фудбал. Ми се присра.
Вака ни Бејл ќе се адаптира, ни Модриќ ќе може да ни биде нов лидер, а и секој друг играч не може да си го даде максимумот. Ќе се трпи ова се додека носи победи. А или ќе гураме вака килаво до крај или ќе дојде некој и ќе не тресне од земја. Хаос!