Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе го купиме следната сезона како замена за Пепе 10 м го продаваме Пепе , 30 го зеаме албиол.

Албиол е Варан за Пепе :unsure:
Флорентино сега гледа и си вели абе кое е момчево со 33ка дај понудете 50м таму да го земеме у Јануари. :pos:
 
На секој посебно треба да му се црта?
Пипита не е избркан од Реал Мадрид, желбата да замине да замине била негова.

Повеќе се залага сеа кога игра у Наполи, како Бог им е таму :icon_lol: Па и слободни му даваат да шутира :LOL: еее што ти значи да имаш напраено име....
Добро тоа, ама зошто вие на форумов го бркавте ?
Уствари знам зошто го бркавте пошто немаше многу добар rate на дадени голови ама сепак немавте друг напаѓач. Вака само со Бензема тешко ќе ви биде.
 
Добро тоа, ама зошто вие на форумов го бркавте ?
Уствари знам зошто го бркавте пошто немаше многу добар rate на дадени голови ама сепак немавте друг напаѓач. Вака само со Бензема тешко ќе ви биде.

Го „бркавме“ зошто неговото време за во Реал, заврши. Веќе немаше што да понуди. Додека Бензема има што да понуди ама е торко.
 
Сепак со еден напаѓач само тешко. Многу тешко. Хигуаин >>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>> ниеден алтернативен напаѓач
 
Добро тоа, ама зошто вие на форумов го бркавте ?

Никој не го бркал сите сакавме да остане барем јас сакав, само што кај него веќе се знаеше дека он сам сака да си иде и некако по не не погоди неговото заминување него заминувањето на Озил
 
Флорентино Перез: "Немаме земено кредит за Бејл, Озил сам побара да си замине"

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, денес ја имаше првата средба со социосите на клубот, во пресрет на неделното Генерално Собрание. Притоа, тој проговори за неколку актуелни теми во клубот. Пред се, заминувањето на Месут Озил, како и фамозните изјави на Пике кој рече дека "Барселона нема банки како што има Реал Мадрид".

"Немаме земено никаков кредит за трансферот на Бејл. Средствата беа уплатени веднаш и еднократно. Не му придавајте значење многу на ПИке. Тој е добро момче, но не знае што зборува." - беше дипломатскиот одговор на Перез.

За Озил првиот човек на Реал вели: "Озил и неговите агенти побараа заминување од клубот. И тука никој не треба да биде незадоволен во клубот. Озил не можеше да го издржи притисокот во Мадрид."

Дебатата на голманската позиција: "Имаме двајца од најдобрите голмани на светот, а и двајцата се од нашата кантера. Тоа е привилегија."

Иљараменди: "Тој ќе биде фантастично засилување, ќе видите."

Жозе Мурињо: "Тој е тренер кој ни помогна многу, забележавме колективен напредок благодарение на него. Пред се во Европа. Мој впечаток е дека заврши добра работа во клубот. Неговата одлука да си замине како господин е коректна."

Потоа Флорентино се осврна на новите проекти кои се во план во Мадрид и за кои ќе биде разговарано на Собранието во недела. "Ќе има вложувања помеѓу 300 и 400 милиони евра, а ќе се инкасираат по 80 милиони евра секоја година. Се бараше финансиер но нема да ги објавиме сите детали од договорот. Следната седмица ќе биде објавено кој проект е избран за новиот Бернабеу."

"Нема да има нови секции на трибините. Постои можност целосно да ја реновираме Северната трибина на Бернабеу. Во следните месеци, сите овие проекти на клубот ќе бидат достапни на Реал Мадрид ТВ за пошироката јавност."
 
--- надополнето: 20 септември 2013 во 22:31 ---
Повелете за тие што ја бараа. Боби4е мислам највеќе инсистираше, а може и не. :D
 

Attachments

  • madrid..gif
    madrid..gif
    1,1 MB · Прегледи: 78
За со Гетафе пробајте ги нашиве 7+ .5 коеф е..
типувам нешто слично како со Галата..лежерно лежерно до 5+ дадени,
И да,Роналдо x3 Бејл x2 Бензема x1 :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom