Одамна немам пишано, па ај вака расположен по потвредената "доминација" над Барса нешто да прокоментирам.
Прво секоја чест за двете победи во низа над Барселона. Со било каков состав и во било кое време, две победи во низа над Барселона, многу значат. Откритије на овој "тромеч" против Барселона - Варан!!! Детево е ѕвер! Дури од времето на трансферот на Зидан, не сум бил посреќен за дојден играч во Мадрид! Какви само правовремени стартови прави, детерминација, брзина, атлетицизам ...се има. Е сега малце само да се усоврши при посед на топка, посебно при паничните избивања, пошто како што гледам, дугачките па и кратките пасови, кога не е под притисок му се доста солидни.
Е сега ај малце да се вратиме во нашата реалност. Мислам дека премногу, сите ние тука влеговме во филм и се залетавме по двеве победи над Барса. Тука е тој психолошки елемент - ејјј една Барса два пати ја газиме , па сега што останува за другиве?! Сол ќе правиме, така? Е не е баш така, за жал. Играта што ја поставува Мурињо против Барса, капа доле, супер! Ама сигурно знаете дека со една иста тактика па и формација не би можеле и не би било паметно да се игра против еден Манчестер.
Друга работа, Барселона е крајно бедна екипа задње време, па не дека ние толку јако што изигравме, него колку тие само се неинвентивни и досадни со едниот те ист стил на игра, па уште ако нешто не тргне со тој стил ....готови се. Барселона се вадат на тоа дека тие таа нивна филозофија на неменување на пристапот кон играта и секогаш идење по победа, нема никогаш да го променат, ама до кај стигнаа? Не ми е муабетот тука за Барселона, туку сакам само да ви доловам со една каква Барселона ги извојувавме овие две победи. Барселона што успеа да изгуби од Милан, во состав, можеби најслаб во последниве 2-30 години од кога ги пратам нив.
Пак да се вратам на нас сега. Луѓе, осим оној Роналдо (кој јас лично никогаш не сум го поштувал 100% како ТИП на играч) и Варан, на кој друг можеме да се потпреме?! На Игуаин? На Бензема?! На Мората?! Не заебавајте бидете реални. За Игуаин и Бензема нема ни да трошам зборови за оваа сезона. Мората?! Што го направивте бе вие него? Му се погоди вчера, Алвес беше тргнат на контра, кога Рамос му ја скрати пред Меси, па го исфрли за центаршут при 1-0. Зицерот второ? Контрола на топа низ натпреварот? Незнам кој беше поочаен...он или Кака ...или па Бензема што неможеше пас на метро и пол да направи.Едино Мората го бива за голманските избиени, да се надскокува со противничките центархафови. И доста со "абе уште е млад" ... Ова е Реал, знаете дека филозофијата на клубот не дозволува калење на играчи во првиот тим... секогаш се бараат резултати. Озил и ДиМариа ... играат една, две ги нема. Алонсо? Ни тој не е истиот. Од разбивачи како Пепе и Кедира па нема ни што да очекувам. Некој рече Рамос. Еден гол што даде ваљда нема да ви поремети памтење за колку непаметен играч станува збор. Па оној голот на Барса е целесно негова вина. Пенал на крај немаше ама кај бе пушташ нога таму во 93та минута ејјј!!! Да ве подсетам на безброј глупи жути и црвени картони сезонава па и воопшто во неговата целокупна кариера? Тој беше за бек и толку. Ама ај тоа е веќе друга дискусија...
Да завршам на крај. Да ме подсети некој, последен пак кога игравме со некоја појака екипа(не од Шпанија), и кога ние имавме целосна контрола на играта, при очекувана доминација и посед на топка. Со Борусија Дортмунд? Со Манчестер Сити? ... Со Манчестер Јунајтед?
Немој да заборавите, сега ќе се очекува од нас, да ја играме играта на Барселона во Манчестер и ние ќе бидеме тие кои што ќе се очекува да вршат пртисок. А таква поставеност на игра сезонава баш и не ни иде. Осим можеби protiv Getafe или Osasuna ?
Јас се се надевам дека Манчестер ќе пробаат да играат фајтерски , на победа , за публика, па само на тој начин ја гледам нашата шанса реално.
Вака малце нешто за поинтересна дискусија.
