Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ви го составот, и Касиљас патува ќе видиме колку ќе игра. Со среќа момци подобриот нека оди понатаму. ;)

Goalkeepers: Iker Casillas, Adán, Diego López and Jesús.
Defenders: Ramos, Arbeloa, Marcelo, Albiol, Varane, Pepe, Coentrão and Carvalho.
Midfielders: Modric, Alonso, Khedira, Özil, Kaká, Callejón, Di María and Essien.
Forwards: Cristiano Ronaldo, Benzema, Higuaín and Morata.
 
Ајде океј Бензема дае гол. Ама се останато му беше ужас, значи неможе да се состави со топката. Ја прима и толку споро реагира, џоа Игуаин идол да му е. За критики се и тоа како. Сепак според мене шансите за со Јунајтед се 51 Бензема, 49 Игуаин.
 
Икер​
Арбелоа----------Варан---------Рамос-------Коентрао​
Кедира -------Алонсо​
Ди Мариа-----------------Озил------------------ КР7​
Бензема​
Ја сум да нема многу измени во тимот, ама никогаш не се знае, само едно е сигурно дека Пипа го мења Бензема и едниот и другиот неможат да издржат повеќе од 60 мин на терен.:facepalm:
 
Икер​
Арбелоа----------Варан---------Рамос-------Коентрао​
Кедира -------Алонсо​
Ди Мариа-----------------Озил------------------ КР7​
Бензема​
Ја сум да нема многу измени во тимот, ама никогаш не се знае, само едно е сигурно дека Пипа го мења Бензема и едниот и другиот неможат да издржат повеќе од 60 мин на терен.:facepalm:
Јас сум повеке за Рамос десен бек а Пепе централен без Арбелоа :)
 
Одамна немам пишано, па ај вака расположен по потвредената "доминација" над Барса нешто да прокоментирам.

Прво секоја чест за двете победи во низа над Барселона. Со било каков состав и во било кое време, две победи во низа над Барселона, многу значат. Откритије на овој "тромеч" против Барселона - Варан!!! Детево е ѕвер! Дури од времето на трансферот на Зидан, не сум бил посреќен за дојден играч во Мадрид! Какви само правовремени стартови прави, детерминација, брзина, атлетицизам ...се има. Е сега малце само да се усоврши при посед на топка, посебно при паничните избивања, пошто како што гледам, дугачките па и кратките пасови, кога не е под притисок му се доста солидни.

Е сега ај малце да се вратиме во нашата реалност. Мислам дека премногу, сите ние тука влеговме во филм и се залетавме по двеве победи над Барса. Тука е тој психолошки елемент - ејјј една Барса два пати ја газиме , па сега што останува за другиве?! Сол ќе правиме, така? Е не е баш така, за жал. Играта што ја поставува Мурињо против Барса, капа доле, супер! Ама сигурно знаете дека со една иста тактика па и формација не би можеле и не би било паметно да се игра против еден Манчестер.

Друга работа, Барселона е крајно бедна екипа задње време, па не дека ние толку јако што изигравме, него колку тие само се неинвентивни и досадни со едниот те ист стил на игра, па уште ако нешто не тргне со тој стил ....готови се. Барселона се вадат на тоа дека тие таа нивна филозофија на неменување на пристапот кон играта и секогаш идење по победа, нема никогаш да го променат, ама до кај стигнаа? Не ми е муабетот тука за Барселона, туку сакам само да ви доловам со една каква Барселона ги извојувавме овие две победи. Барселона што успеа да изгуби од Милан, во состав, можеби најслаб во последниве 2-30 години од кога ги пратам нив.

Пак да се вратам на нас сега. Луѓе, осим оној Роналдо (кој јас лично никогаш не сум го поштувал 100% како ТИП на играч) и Варан, на кој друг можеме да се потпреме?! На Игуаин? На Бензема?! На Мората?! Не заебавајте бидете реални. За Игуаин и Бензема нема ни да трошам зборови за оваа сезона. Мората?! Што го направивте бе вие него? Му се погоди вчера, Алвес беше тргнат на контра, кога Рамос му ја скрати пред Меси, па го исфрли за центаршут при 1-0. Зицерот второ? Контрола на топа низ натпреварот? Незнам кој беше поочаен...он или Кака ...или па Бензема што неможеше пас на метро и пол да направи.Едино Мората го бива за голманските избиени, да се надскокува со противничките центархафови. И доста со "абе уште е млад" ... Ова е Реал, знаете дека филозофијата на клубот не дозволува калење на играчи во првиот тим... секогаш се бараат резултати. Озил и ДиМариа ... играат една, две ги нема. Алонсо? Ни тој не е истиот. Од разбивачи како Пепе и Кедира па нема ни што да очекувам. Некој рече Рамос. Еден гол што даде ваљда нема да ви поремети памтење за колку непаметен играч станува збор. Па оној голот на Барса е целесно негова вина. Пенал на крај немаше ама кај бе пушташ нога таму во 93та минута ејјј!!! Да ве подсетам на безброј глупи жути и црвени картони сезонава па и воопшто во неговата целокупна кариера? Тој беше за бек и толку. Ама ај тоа е веќе друга дискусија...

Да завршам на крај. Да ме подсети некој, последен пак кога игравме со некоја појака екипа(не од Шпанија), и кога ние имавме целосна контрола на играта, при очекувана доминација и посед на топка. Со Борусија Дортмунд? Со Манчестер Сити? ... Со Манчестер Јунајтед?
Немој да заборавите, сега ќе се очекува од нас, да ја играме играта на Барселона во Манчестер и ние ќе бидеме тие кои што ќе се очекува да вршат пртисок. А таква поставеност на игра сезонава баш и не ни иде. Осим можеби protiv Getafe или Osasuna ?
Јас се се надевам дека Манчестер ќе пробаат да играат фајтерски , на победа , за публика, па само на тој начин ја гледам нашата шанса реално.

Вака малце нешто за поинтересна дискусија. :свиркам:
 
наидов на информација дека купот ќе се играл на Бернабе..колку е точно нз.као демек official
 
Јас наидов на информација дека сега кога ќе се оди за Манчестер, тринингот ќе се одржи на Етихад, не на Олд Трафорд.
 
article-2279210-179292CC000005DC-948_634x529.jpg


http://www.telegraph.co.uk/sport/fo...redible-header-against-Manchester-United.html
 
наидов на информација дека купот ќе се играл на Бернабе..колку е точно нз.као демек official

Јас наидов на информација дека сега кога ќе се оди за Манчестер, тринингот ќе се одржи на Етихад, не на Олд Трафорд.

И едната и другата информација ви е точна:D
 
Тргнување за Манчестер. Икер е овде :) Замислете на клупа го става и на полувреме влегува место Лопез ? Има да свршам во гаќи.
602182_592171257478650_511694782_n.jpg

541058_592171240811985_1190771700_n.jpg
 
Само мене не ми недостига Икер во тимот?
 
Само мене не ми недостига Икер во тимот?
да :D
онакви 2 гола не примаше икер во никој случај ама со овие од Манчестер повеќе ни одговара Диего пошто се многу јаки од прекини а Диего е прилично добар во тој сегмент
 
да :D
онакви 2 гола не примаше икер во никој случај ама со овие од Манчестер повеќе ни одговара Диего пошто се многу јаки од прекини а Диего е прилично добар во тој сегмент
Таа утакмица беше наместена ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom