Не знам зошто толку критики кон Озил, ја не видов лоша игра од него.
Дечкото откако „воскресна“ нема слаба партија, игра одлично. Мислам дека сега има малку поинаква улога од таа што ја имаше минативе сезони, повеќе му е дозволена слобода на дриблинг и тоа го прави фантастично. Бускетс го изремети покрај аут линијата денеска.
Немам замерка кон ниту еден играч денеска, ова беше перфектен меч. Им се восхитував на Милан како одиграа перфектно во сите зони на тимот, и еве, како да ги освестија и нашиве.
Едино Есиен откако влезе, dafuq, не можеше да иде.
Доказ дека Мурињо ја имаше против-тактиката на Барслелона цело време, но други фактори решија таа да не биде спроведена како што треба. Прво судиските гревови у двобојот од ЛШ прехлани, психичкиот комплекс кај нашите играчи и ужасната и недисциплинирана игра, пред се во одбраната.
Денеска немаше ништо од тоа, напротив имаше совршена игра. Тоа е тоа што се бара од одбраната, иако пак сум песимист за нив и мислам дека тешко ќе издржат на ова ниво, барем до реваншот со Јунајтед.
Конечно компактна игра, конечно правилно покирање и надополнување, конечно Рамос не доби жолт.
Конечно и генералот одигра натпревар каков што знае. Тоа е тој тандем со Кедира кој лани ја држеше средината, денеска и дефанзивно беа одлични. Кедира стандард, али топката што ја пушти кон Ди Марија за вториот гол.
За Ангелито пишав на минатите страни, Озил исто, Роналдо - шта речи. Who needs Golden Ball when you have Golden Player. Платинест!
И ми се допадна експериментов кој го пробаа денеска екипиве, да ги изостават напаѓачите надвор од тимот (Меси и Игуаин) и да играат со 10 играчи цел натпревар.
