Пред него има минимум 2-3-ца..Боби ѕвер,Нешовиќ шо беше тренер на Торус една сезона..Емил стана тренер благодарение на Диме Баснарков во сезоната 2006/07 кога беше тренер на Фени. Клучната утакмица за 6-то место и пласман во суперлигата се играше во Кавадарци,тогаш Фени земаа еден куп странци(Морбан,Пауновиќ,Драшко Томиќ итн) и ми се чини резултат 73-76 на 3 секунди до крај дечково погоди тројка,утакмицата влезе во продолженија и таму победивме и фативме 6-то место,во спротивно сум убеден дека ќе изгубевме и Емил ќе си отидеше. Има Емил некои легендарни порази,пораз од Работнички во БИБЛ со 30 разлика првата сезона во Самоков кога се играше final 4,пораз од Работнички во купот 2011 кога кај нас играа Огнен,Војдан,Фрај,Тасов итн.,2 порази во финалето истата сезона...Едноставно типот има среќа,а и во Фени имаше голема слобода...Ако не му се погодат странците,едноставно нови се носеа секогаш. Незнам,можеби во овие 2-3 години има напреднато,но се мислам дека нема да го дочека крајот на сезоната во МЗТ(т.е. прашање е и дали Нова ГОдина ќе ја дочека,ама ајде)