Последица на лошото водење на клубот во однос на тоа дека нема спортски директор, маркетинг директор, претседател итн. се овие резултати. Пак ќе кажам како клучен потег за оваа сезона е бркањето на Ѓорѓи Чековски кој што требаше да биде лидер.
Цветковиќ е можеби најочајниот плејмејкер што играл во МЗТ - очајна сезона за него, Лучиќ капитен (?), Синовец бледа сенка до сега на тоа од лани, со шут за три поени во Јадранска лига 5/45 или 11%. Тотални промашени странски засилувања од типот на Милтон Џенингс, Џордан ДеМјуинк, Ненад Зивчевиќ, Марко Пајиќ, Ведран Моровиќ, Иван Маринковиќ, Овен Класен...
Нејсе...Пипан доаѓа да ја спаси сезоната со тоа што ќе се земат двајца играчи на позиција плејмејкер и четири. Ниту тоа не гарантира титула затоа што со овие играчи добро е и плеј-оф да играме. Имам голема надеж во Пипан само ради тоа што му е понудено да состави база за наредна година и дадени му се одврзани раце, а после вчера мислам и дека во живо се увидел со што (не)екипа располагаме во овој момент. Има уште неколку недели до клучниот дел од сезоната, разигрувањето во Супер-лигата, со добри две вистински засилувања мислам дека се е можно, па дури и да се спаси сезоната со освојување на шампионска титула поготово во сезона кога скоро секој секого може да победи.