Роналдињо "конечно" во Милан
Репрезентативецот на Бразил и ѕвезда на каталонскиот гигант Барселона, Роналдињо, во наредните четири сезони ќе го носи дресот на италијанскиот гигант Милан, соопштуваат најпознатите спортски весници во Шпанија и Италија.
Дека не станува збор за нова шпекулација, потврдуваат изјавите на потпретседателот на Милан, Адријано Галијани и на братот на Роналдињо, Роберто де Асис, дадени веднаш по заедничката вечера во Милано.
- Едно е сигурно. Или ќе остане во Барселона или ќе потпише за Милан. Добив позитивна вест. Денеска разговарав и со спортскиот директор на Барселона, Чики Бегиристаин. Добивме дозвола да разговараме со неговиот агент, но не и да ја искористиме клаузулата во статутот на ФИФА. Немаше потреба од таков разговор, бидејќи тука преговараат големи клубови кои не користат такви можности.
Братот на бразилската супер-ѕвезда, потврди дека неговиот клиент е заинтересиран само за калчолигашот Милан.
- Го сакаме само Милан. Да не е така, немаше да бидам тука во Милано. Во случај да не се договориме, мојот брат ќе остане во Барселона, изјави Асис.
Веднаш по вечерата, Асис и специјалниот агент на Милан, Ернесто Бронѕети, заминале за Барселона каде што било договорено Бразилецот да се пресели во Милано за сума од 30 милиони евра.
Зелено светло за реализација на трансферот даде и најдобриот фудбалер на денешницата Рикардо Кака.
- Сме играле заедно во репрезентативниот дрес на Бразил. Многу ми се допаѓа неговиот стил на игра. Ќе му посакам добредојде доколку реши да се пресели на Сан Сиро.
Десната рака на сопственикот на Милан, Силвио Берлускони, Адријано Галијани, освен за трансферот на Роналдињо, потврди и дека Милан во наредната сезона ќе може да смета и на миленикот на сите фанови Андреј Шевченко. Ваквиот коментар е последица на телефонскиот разговор помеѓу фудбалерот на Челзи и тренерот на Милан, Карло Анчелоти.
- Многу сум мотивиран. Сакам да се вратам. Ќе ти бидам веднаш на располагање, е пораката што Шева ја упатил кон Анчелоти.
И ова е нешто како официјално, штом тврди братот на Роналдињо
