Роналдо е најдобар
Најдобриот фудбалер на светот за 2007 година, Кака изјави дека неговиот колега од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо во моментов е најдобриот играч и дека токму тој е најсериозниот кандидат за освојување на годинешнава Златна топка.
"Манчестер Јунајтед во моментов е најдобрата екипа, игра фантастичен фудбал и според мене тоа е екипата која е најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Воопшто не сум изненаден од успехот на клубовите од Англија, тие најдобро се снајдоа во натпреварите од Лигата", изјави ѕвездата на Милан, Кака.
Тој превидува дека во финалето ќе се сретнат два тима од Англија и дека противникот на "црвените ѓаволи" ќе биде Челзи.
"Нема сомнение дека во Москва ќе играат два англиски тима, еден е сигурен тоа најверојатно ќе биде Челзи, а вториот е Манчестер Јунајтед. Тоа ќе биде големо финале, но предност му давам на тимот од Олд Трафорд", продолжи Кака.
На крајот фудбалерот на Милан не го криеше своето воодушевување од моменталната форма на првиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.
"Тој е играч од светска класа и најверојатно ќе ја освои златната топка. Но конечниот триумф зависи и од неколку фактори, а тоа се резултатите во Лигата и настапот на Евро 2008", рече Кака.
На крајот тој истакна дека има голема желба во својата екипа да види двајца врвни голгетери Лионел Меси и Фернандо Торес.
"Жал ми е што во моментов Лео е повреден, но тој е феноменален играч. Многу ми се допаѓа и Торес и би сакал да кажам дека тоа се двајцата фудбалери со кои би сакал да играм во иста екипа", заврши Кака.
скромно затоа е голем играч
да дадеше интервју роналдо ке кажеше: ,,јас сум најдобар во цел свет јас треба сите награди да ги добијам ако не ке плачам'':baeh: