Милан како еден од појаките клубови во светот не смее да си дозволи ова што му се случува.
Како прво мора да си најде соодветен голман дека од Дида кој цела сезона е повреден не можеме да очекуваме ништо ниту оваа ниту другата сезона. Калач не е за прв голман ѓабе му е висината кога има слаби рефлекси. Фиори не сум го гледал како брани ниту пак ќе го видам некогаш, тој не ни треба да е во Милан, за трет голман се зема обично некое помладо од младинците а не 40 годишен така да на лето очекувам Фиори и Дида да го напуштат Милан а како прв голман да дојде Фреј кој сезонава е во супер форма.
Во одбраната би требало да има голема чистка дека сите се 30+ еден помлад нема

значи Малдини,Фавали,Сержињо,Кафу,Шимич би требало 100% да го напуштат Милан летово а на нивно место да дојдат помлади фудбалери, и да се вратат некои од позајмица.
Мора да се донесе асален десен бек дека со Одо и неговите центаршутеви ништо не правиме, тој би бил добар како замена. Ако одврзе ќесето Берлускони би можел да се донесе Даниел Алвес кој е еден од најдобрите десни бекови во светот (брз,центаршут,шут ... ).
Централни би можеле да останат Неста и Каладзе уште сезонава иако Неста направи 32 год. сепак е уште е добар и во него има уште една добра сезона, а Каладзе игра кога како прави киксови но сепак е борбен дефанзивец, на левата бековска позиција цела време се зборува дека Замброта ќе дојде, иако не ми е по мерак тој човек повеќе би сакал Варгас кој сезонава игра супер во екипата на Катанија и би било добро да дојде во Милан.
Средината ни е супер но доколку се повреди некој или одсуствува некој поради жолти картони обично тоа се Гатузо и Амброзини тогаш е хаос

нема некој асален кој може да биде борбен како овие двајца. Некој од Емерсон,Броки очекувам летово да го напушти Милан (Броки има поголеми шанси) и на тоа место да се донесе некој помлад. Сидорф е уште во добра форма и мислам дека и идната сезона ќе остане во таа добра форма, но сепак со тие години не верувам дека ќе издржи цела сезона, мора Анчелоти да му дава повеќе шанса на младиот Гуркуф кој порано го нарекуваа новиот Зидан но отакако дојде во Милан ништо посебно не покажа и можно е негово заминување .
За Кака` нема замена
еден и единствен и да се надеваме дака идната сезона ќе игра како минатата и дека ќе се опорави од сите повреди кој го мачеа скоро цела сезона.
Нападот ... најболното место на Милан сезонава

Сезонава ужасен напад имаме но тоа е така од кога замина Шевченко во Челзи, од тогаш нема некој добар голгетер во Милан, е сеа кога дојде Пато од идната сезона очекувам многу од малиов.
Џилардино многу шанса добива од Анчелоти но не га искористува и затоа од идната сезона ќе иде од Милан ... иако во него го гледам новиот Инзаги

. Кога сме кај Инзаги мислам дека овај човек и идната сезона ќе игра во Милан и ќе не извади уште на 4-5 натпревари од каша како што го правеше тоа до сега

но сезонава од кога се повреди некаде Декември ништо не направи ... да се надеваме од идната ќе биде фит и ќе донесе некои важни бодови на Милан.
Роналдо ? еее колку ветуваше неговото враќање на терените но сепак пак се повреди и по оваа повреда не верувам дека некогаш ќе се врати на фудбалот и очекувам да си замине од Милан да не лапа ѓабе паре

. Многу помогна минатата сезона на Милан ама оваа имаше само еден супер настап по враќањето од повредата а тоа е против Наполи кога постигна 2 гола и асистираше за гол.
Сега кога Милан си остана без напаѓачи се појави малиот Палоски или Палоши незнам како се вика дека некои го викаат така некои така

во него се гледа дека ќе биде добар играч и да се надеваме дека ќе добие повеќе шанса од Анчелоти
На листата на Милан во нападот се наоѓаат:
Кануте,Дрогба,Гомез,Фабиано,Адебајор,Бензема,Шевченко,Бербатов, а само 1 ќе дојде, а може и ниеден ... Сепак мислам дека на оваа листа треба да се најде и Мартинс, супер играч и би требало да го напушти Њукасл кој се бори за опстанок
Толку од мене :wink:
Од идната сезона очекувам големи промени во Милан и секако добри резултати
:milan8: