Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
на неста денес му се роди синот томазо

се надевам ке биде добар и убав како татко му и некогаш ке заигра во дресот на милан
Ова од уроци го облекле вака однаопаку.
 
Милан планира да испрати понуда за Адебајор
-Берлускони премногу планира а ништо не прави:tapp:

Леле човече само не овој!! Многу голем камен е, видете го 10 кола нема дадено гол. Тие 19 што ги има до сеа ги има дадено на 7-8 утакмици, имаше еден период даваше по 2-3 гола секоја утакмица и толку. Верувајте дека не го бива!!
 
Ова од уроци го облекле вака однаопаку.
Нема логика бе да е наопаку

видиш ?
f_fbebem20b97m_01944fe.png


ротација :wink:

@Filip94 - Берлускони може да планира што сака ама нека го оствари тоа што го планира
 
Нема логика бе да е наопаку

видиш ?
f_fbebem20b97m_01944fe.png


ротација :wink:
лел со тоа дресот дека му е наопаку..еве како е
па и очите на мојата му беа чудни...т.е наопаку
фала миланез
мислам дека детево стана најпознато на фан милан..а којзнае чиво е и од кај е:pos2:
 
Како што тргнала трансфер политиката, можеби детево ке дочека заедно да заигра со татко му во Милан (под претпоставка дека Неста му е татко :pos:)
Инаку за соленката, не верувам дека Арсенал би го пуштил, а и Берлускони да го плати колку што вреди моментално. Овај Фабиано за 16 милиони пореален е, а одприлика толку можат да го дадат Џила :)
 
Kвалитетен лев бек ( најслаба карика на Милан сезонава , го немаат ), висок асален централен дефанзивец , две три воспитни за Одо , помладување на средината kоја јас за тим ко Милан ја гледам во Артета ( 25 години , колку е само ебано идеален типов за Милан ) и во нападот како единствена квалитетна инвестиција за Милан гледам во Бензема , реализираат ли трансфери на горенаведениве позиции ќе имаат тим што ке разара и во Италија и во Европа .

Да , Анчелоти е добар тренер ( еден од моите омилени ) , али требаше да мучне со главата пред почетокот на сезоната и да го предвиди сегашниов епилог со сегашниов кадар на играчи со оглед на распоредот за оваа сезона ( со Светското Клупско Првенство у пакет ), не го обвинувам за досегашните резултати , што сакате со овој тим , испадна дека Арсенал и не беа во некоја форма а ги елиминираа (неможат да извојуваат победа во домашното првенство веке неколку кола ) , али мислам дека е одговорен за стагнирањето во трасфер периодите т.е.го обвинувам за неговата незаинтересираност и игнорирање на истите , носењето на Пато е недоволно за реконструкција на овој тим , плус типот немаше право на настап до Јануари годинава така да пола сезона играа со составот од минатата година .
 
kur da pusite vtoroligasi.MILAN e nedostizen za sekoj klub vo svetot.botovi edni,sramota milan da se sporedi so bilo koj.a ne pa so juve,ajdeeeeeee
svestetese,videteja realnosta.Aktuelen svetski prvak.MILAN SIAMO NOI
 
kur da pusite vtoroligasi.MILAN e nedostizen za sekoj klub vo svetot.botovi edni,sramota milan da se sporedi so bilo koj.a ne pa so juve,ajdeeeeeee
svestetese,videteja realnosta.Aktuelen svetski prvak.MILAN SIAMO NOI


полека полека ... знаеме Милан колку се јаки и што направиле во минатото ... факт е дека треба да престанеме да се фалиме на стара слава и да гледаме да направиме што подобар тим со помлади играчи кој ќе го воздигнат Милан да биде на врвот со сигурна игра и во Италија и во ЛШ :smir:
 
Абе читам постови и не знам што да речам... 14-16 годишни деца стигнале да даваат совети на еден тим како што е Милан. Овој требало да го продадат, оној требало да го пензионираат, оној бил колку дедоми, оној бил заедно во војска со татко ми:nesum: .Доколку не сте знаеле-Анчелоти, Берлускони и Галијани се занимаваат малтене цел живот со фудбал (да, да тоа е одприлика кога вие не сте биле ни планирани) и сеа ај кажите ми (пошто гледам дека сте паметни) колку титули има освоени Милан под нивно раководство?
Деца глеј те си пубертетот не се замарјте со такви работи.
п.с. Нека му е жив и здрав малиот од Неста.
 
Абе читам постови и не знам што да речам... 14-16 годишни деца стигнале да даваат совети на еден тим како што е Милан. Овој требало да го продадат, оној требало да го пензионираат, оној бил колку дедоми, оној бил заедно во војска со татко ми:nesum: .Доколку не сте знаеле-Анчелоти, Берлускони и Галијани се занимаваат малтене цел живот со фудбал (да, да тоа е одприлика кога вие не сте биле ни планирани) и сеа ај кажите ми (пошто гледам дека сте паметни) колку титули има освоени Милан под нивно раководство?
Деца глеј те си пубертетот не се замарјте со такви работи.
п.с. Нека му е жив и здрав малиот од Неста.
сакаш да кажеш дека ние со 14-16 години не сме достојни да пишуваме на фан милан и дека доволно не сме запознаени со историјата на милан?????
иако имаш 24 години на форумов има мнннооогууу поголеми фанови на милан од тебе кои се многу помали од тебе
и ако ти сметаат нашите размислувања не ни ги читај и воопшто не коментирај
 
Милан како еден од појаките клубови во светот не смее да си дозволи ова што му се случува.

Како прво мора да си најде соодветен голман дека од Дида кој цела сезона е повреден не можеме да очекуваме ништо ниту оваа ниту другата сезона. Калач не е за прв голман ѓабе му е висината кога има слаби рефлекси. Фиори не сум го гледал како брани ниту пак ќе го видам некогаш, тој не ни треба да е во Милан, за трет голман се зема обично некое помладо од младинците а не 40 годишен така да на лето очекувам Фиори и Дида да го напуштат Милан а како прв голман да дојде Фреј кој сезонава е во супер форма.

Во одбраната би требало да има голема чистка дека сите се 30+ еден помлад нема :) значи Малдини,Фавали,Сержињо,Кафу,Шимич би требало 100% да го напуштат Милан летово а на нивно место да дојдат помлади фудбалери, и да се вратат некои од позајмица.
Мора да се донесе асален десен бек дека со Одо и неговите центаршутеви ништо не правиме, тој би бил добар како замена. Ако одврзе ќесето Берлускони би можел да се донесе Даниел Алвес кој е еден од најдобрите десни бекови во светот (брз,центаршут,шут ... ).
Централни би можеле да останат Неста и Каладзе уште сезонава иако Неста направи 32 год. сепак е уште е добар и во него има уште една добра сезона, а Каладзе игра кога како прави киксови но сепак е борбен дефанзивец, на левата бековска позиција цела време се зборува дека Замброта ќе дојде, иако не ми е по мерак тој човек повеќе би сакал Варгас кој сезонава игра супер во екипата на Катанија и би било добро да дојде во Милан.

Средината ни е супер но доколку се повреди некој или одсуствува некој поради жолти картони обично тоа се Гатузо и Амброзини тогаш е хаос :) нема некој асален кој може да биде борбен како овие двајца. Некој од Емерсон,Броки очекувам летово да го напушти Милан (Броки има поголеми шанси) и на тоа место да се донесе некој помлад. Сидорф е уште во добра форма и мислам дека и идната сезона ќе остане во таа добра форма, но сепак со тие години не верувам дека ќе издржи цела сезона, мора Анчелоти да му дава повеќе шанса на младиот Гуркуф кој порано го нарекуваа новиот Зидан но отакако дојде во Милан ништо посебно не покажа и можно е негово заминување .
За Кака` нема замена еден и единствен и да се надеваме дака идната сезона ќе игра како минатата и дека ќе се опорави од сите повреди кој го мачеа скоро цела сезона.

Нападот ... најболното место на Милан сезонава :)
Сезонава ужасен напад имаме но тоа е така од кога замина Шевченко во Челзи, од тогаш нема некој добар голгетер во Милан, е сеа кога дојде Пато од идната сезона очекувам многу од малиов.
Џилардино многу шанса добива од Анчелоти но не га искористува и затоа од идната сезона ќе иде од Милан ... иако во него го гледам новиот Инзаги :). Кога сме кај Инзаги мислам дека овај човек и идната сезона ќе игра во Милан и ќе не извади уште на 4-5 натпревари од каша како што го правеше тоа до сега :) но сезонава од кога се повреди некаде Декември ништо не направи ... да се надеваме од идната ќе биде фит и ќе донесе некои важни бодови на Милан.
Роналдо ? еее колку ветуваше неговото враќање на терените но сепак пак се повреди и по оваа повреда не верувам дека некогаш ќе се врати на фудбалот и очекувам да си замине од Милан да не лапа ѓабе паре :). Многу помогна минатата сезона на Милан ама оваа имаше само еден супер настап по враќањето од повредата а тоа е против Наполи кога постигна 2 гола и асистираше за гол.
Сега кога Милан си остана без напаѓачи се појави малиот Палоски или Палоши незнам како се вика дека некои го викаат така некои така :) во него се гледа дека ќе биде добар играч и да се надеваме дека ќе добие повеќе шанса од Анчелоти

На листата на Милан во нападот се наоѓаат:
Кануте,Дрогба,Гомез,Фабиано,Адебајор,Бензема,Шевченко,Бербатов, а само 1 ќе дојде, а може и ниеден ... Сепак мислам дека на оваа листа треба да се најде и Мартинс, супер играч и би требало да го напушти Њукасл кој се бори за опстанок

Толку од мене :wink:
Од идната сезона очекувам големи промени во Милан и секако добри резултати

:milan8:
 
Ај да не мериме куровисега овде и да кажуваме залуги, Росонеро ако ти сметааат постовите од помлдите овде слободно брат со скролот надоле мотај и не ствaрај непотрбна тензија :P
 
сакаш да кажеш дека ние со 14-16 години не сме достојни да пишуваме на фан милан и дека доволно не сме запознаени со историјата на милан?????
иако имаш 24 години на форумов има мнннооогууу поголеми фанови на милан од тебе кои се многу помали од тебе
и ако ти сметаат нашите размислувања не ни ги читај и воопшто не коментирај
Никој не рече дека не сте достојни да пишувате било каде па и овде. Реков дека ми е смешно тоа што се даваат совети на луѓе кои цел живот се занимаваат со фудбал (значи не гледаат фудбал, туку се занимаваат со фудбал).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom