ЗВОНИМИР БОБАН ОСТРО ГО ИСКРИТИКУВА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК
Милан е катастрофа
Поранешниот фудбалер на Милан, Звонимир Бобан остро го критикуваше начинот на кој работат "росонерите" последните неколку години и е категоричен дека европскиот првак мораше да направи многу повеќе во летниот преоден рок од ангажманот на Александре Пато. Милан с$ уште нема победа на домашен терен на пет натпревари во оваа сезона и во моментов се наоѓа на очајната 13. позиција на табелата.
"Навистина се сомневам дека Пато ќе биде доволен за да го воскресне Милан. Ако 'росонерите' сакаат со успех да се натпреваруваат на сите фронтови, потребни им се поголеми засилувања. Со она што го покажува во последно време можам слободно да кажам дека Милан е катастрофа", изјави Бобан.
Поранешниот хрватски репрезентативец смета дека се сменети приоритетите на Милан од оној период кога тој бил член на овој клуб и беа освоени четири шампионски титули во периодот од 1992 до 2001 година.
"Милан ја смени својата филозофија и сега Лигата на шампионите е во преден план во однос на с$ останато. Со оглед на таквите амбиции, екипата и не е многу мотивирана кога игра во Серија А. Тимот е сосема променет и не може од ветерани да се очекува да прават чуда. Анчелоти нема вистински напаѓачи во комбинација како што во минатото беа Јон Дал Томасон и Даниеле Масаро. Интер го има Хулио Круз, Јувентус - Винченцо Јакинта, Рома - Мирко Вучиниќ, а Милан нема никого", заврши Хрватот.
е овие што ги навел (со црвено) можат да им се фатат на напаѓачите од Милан...