Најверојатно со годините паднато е и нивото на квалитет и што е квалитет.Стварно не го разбирам моментот кога вложуваш во кола за трка, ја средуваш механички, визуелно, и на крај ја оставаш само на 3 гуми.
Сто различни филозофии се сменија и истите го променија идентитетот на клубот. Од аспект на трошење на глупи трансфери, Заев ли е Вудвард ли е.
Што би рекол Славиша "само да знаеш колку ветрови ме шибале", па така и нашиот Јунајтед пресликан во третокласен пејач си гаи илузии дека е спремен за Сан Ремо, а реално е добар за тезга во Дион - што и не е така лошо, барем не е во Панда во Лисиче.
На крај ни останува да си кажеме ќути има и полошо.