Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Стварно не го разбирам моментот кога вложуваш во кола за трка, ја средуваш механички, визуелно, и на крај ја оставаш само на 3 гуми.
Најверојатно со годините паднато е и нивото на квалитет и што е квалитет.
Сто различни филозофии се сменија и истите го променија идентитетот на клубот. Од аспект на трошење на глупи трансфери, Заев ли е Вудвард ли е.
Што би рекол Славиша "само да знаеш колку ветрови ме шибале", па така и нашиот Јунајтед пресликан во третокласен пејач си гаи илузии дека е спремен за Сан Ремо, а реално е добар за тезга во Дион - што и не е така лошо, барем не е во Панда во Лисиче.
На крај ни останува да си кажеме ќути има и полошо.
 
дали он беше баран од страна на Јунајтед?
дали клубот го смета ко легенда и се обиде да го врати и издигне?
дали ке беше покорисен од Марсијал и Раш?


Sent from my iPhone using Tapatalk
1.Ne sega
2.Da eden period
3.SEKKAO DEKA KE BESE
 
Најверојатно со годините паднато е и нивото на квалитет и што е квалитет.
Сто различни филозофии се сменија и истите го променија идентитетот на клубот. Од аспект на трошење на глупи трансфери, Заев ли е Вудвард ли е.
Има една филозофија во клубот кога дојдоа ГЕЈзери "MONEY MONEY MONEY" што повеќе направат подобро за нив.
 
Има една филозофија во клубот кога дојдоа ГЕЈзери "MONEY MONEY MONEY" што повеќе направат подобро за нив.
Па со Роналдо назад, можеше многу пари да направат од дресови. Нешто слично како што се случи со Меси.
 
Не, воопшто не е крив клубот во случајот за Роналдо. Му дале платформа да стане играч, којзнае колку луѓе биле казнети/оштетени/избркани ради тоа (Мислам дека и РуудВН е една од колатералните штети) - практично од циган го направија играчиште и сега треба да покаже малку респект, поготово према Ферги.
Додуша и делов со репсект е дискутабилен, реално и Роналдо се оддолжи со многу титули, скап трансфер, маркетинг и нови млади фанови + ширење на брендот.

Лично не ме изненади трансферов кога се појавија шпекулацииве, знам дека Роналдо мајка му би ја шитнал за да успее во тоа што зацртал, така да "Nothing new for this man". Од него последен очекувам муабет за емоции и носталгии и слични тралалајки.

Само ете, си се посра на се што изградил а тоа само по себе е доволно глупо, од причина што единствена најлојална фан база му е баш во Анлгија и во клубов. Ни во Реал, ни во Јуве мислам дека не го поштуваа и поддржуваа толку. Ама па на крајот на денот, го заболе стојко за тоа.
 

Meѓудругото да, ама Сити му дава најстабилна платформа и најдобра средина за освои ЛШ/ПЛ со тој во центар на случките. Ќе имаше "headlines" и со враќање во клубов, ама нит му се сигурни титулите, нит ќе е 100% главен играч тука.
 
Ништо чудно! Па и вие да бевте на негово место и на вас ќе ви останеше едино опцијата да докажете дека сте најдобри. Пари има, успеси има, фала богу жив здрав, рано е за пензија уште порано за умирање, останува да проба да биде најдобар на сите времиња;)
Глупо е да иде во јуесеј на овие години, а и како што рековте, полето на докажување му е Европа, така да нека оди глава нека крши!
Штета што Јунајтед не направи некој посаглам трансфер за ДМ и да го земеа Кики. И ние ќе бевме по конкурентни и он ќе гледаше шанса кај нас. Во оваа ситуација, ние сме кабаетот, не он!
Автоматски споено мислење:

Meѓудругото да, ама Сити му дава најстабилна платформа и најдобра средина за освои ЛШ/ПЛ со тој во центар на случките. Ќе имаше "headlines" и со враќање во клубов, ама нит му се сигурни титулите, нит ќе е 100% главен играч тука.
Ма батали главен играч, тука и Солскјер би имал проблеми со неговото его. Кај е да е при првото густо ќе направи раздор во соблекувалната!
 
Ништо чудно! Па и вие да бевте на негово место и на вас ќе ви останеше едино опцијата да докажете дека сте најдобри. Пари има, успеси има, фала богу жив здрав, рано е за пензија уште порано за умирање, останува да проба да биде најдобар на сите времиња;)

Ма јок, единствен е што на 37 при толку пари би се напињал волку. Права реткост се вакви луѓе.
 
Ма јок, единствен е што на 37 при толку пари би се напињал волку. Права реткост се вакви луѓе.
Он да не е реткост не би бил Роналдо, би бил Мата!
Него таа тврдоглавост и упорност го одведе на местото каде е, не само талентот! Ништо чудно и до 40+ да игра ако гледа шанса да го помине Меси!
 
Он да не е реткост не би бил Роналдо, би бил Мата!
Него таа тврдоглавост и упорност го одведе на местото каде е, не само талентот! Ништо чудно и до 40+ да игра ако гледа шанса да го помине Меси!

Moже он да се обидува да биде како Федерер цел живот, ама гледаме сите како тоа му иде на Фед, кој влегува од брука во брука обидувајки се да земе слем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom