Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Најчудно ми е како може да сме втор тим со најмалку примени гола во лигава.. :misticen:
Па реално одбраната не ни е толку лоша како што си замислуваме. Може со кадар на играчи да, ама сите тие што добија шанса позади не беа лоши.
Проблемот е фазата на напад и немањето идеја. Порано и Видич, Рио, Евра и Рафаел знаеле да прават киксови во одбрана како сега што се прави, ама тие грешки секогаш паѓале во втор план поради тоа што знаевме да дадеме по 3гола на утакмица. Нормално кога победуваш и освојуваш бодови сите грешки се забораваат.
 
Не брат, одбраната е полоша од што кажуваат бројките затоа што играме фудбал на посед и што заглави факсот у Мадрид па среќа го имаме Де Геа, кој нема утакмица да не скине по 3-4 зицери, последен пример, утакмицата со ливерпул.
Блинд редовно си има 1 грешка по меч по која противникот прави гол шанса, Смолинг беше фантастичен до мечот со Волфсбург, потоа продолжи да игра, ама на пониско ниво. Дармиан е екстремно лош од мечот со Арсенал, Џексон игра фантастично, Рохо си ја цепа напред, МекНер е на 2 минути од продажба летоска. Џонс и да не го збори веќе човек.
 
Ако остане копилево менаџер (до 1 јули), Вуди и остали копилиња треба да си спремат добро објаснување зошто не му ги тртнаа клоците уште во Декември...

Ќе излезат со некое мех објаснување како тоа имал клаузула математички дури е во ЛШ или шо и да е да не го кикнат за помалце пари да дадат... :)

Исто како шо излегува за некој играч ко че ги корпоса, па да речат дека всушност не е вреден за нашиот тим и сл.
 
А има ли Сколс некој коментар дадено за Марсијал? Пошо гледам и Де Геа го опфатил, си викам чим иде до ситници да не има пишано нешто и за прославата на голот?
 
А има ли Сколс некој коментар дадено за Марсијал? Пошо гледам и Де Геа го опфатил, си викам чим иде до ситници да не има пишано нешто и за прославата на голот?

Mу помина редот на Марсијал, кога рече дека не покажувал емоции. Сега Смолинг е на ред.
 
А има ли Сколс некој коментар дадено за Марсијал? Пошо гледам и Де Геа го опфатил, си викам чим иде до ситници да не има пишано нешто и за прославата на голот?

Рече сеа брзо дека е за трет напаѓач, млад бил за да се ослониме на него...
 
Рече сеа брзо дека е за трет напаѓач, млад бил за да се ослониме на него...
Аха, Франција се ослонува на него, кај нас бил за трет. Ок. И јас сум да се донесе уште една деветка пошо Марсијал ем е премлад ем е повеќе крилен напаѓач ама аргументиве му вриштат.
 
Во врска со муабетот за Ибра пред некоја страна.

За мене Ибра е секогаш добредојден, ни треба некој таков арогантен со победнички менталитет (Кантона). Не дека очекувам кузнај колку од него ама едно 2 сезони таман се, со оглед на годините што ги има. Мада еве пред некој ден кажа дека годините му биле само цифра, значи има желба за фудбал што е најбитно иако телото нема да може го служи како порано.
Марсијал на лево крило си е топ и може комотно да си игра таму нема да има проблем.
Повеќе за Депај би било проблем кој ќе треба да се адаптира десно, а Руни на 10-ка со шпиц како Ибра пред него има да се изнадава голови.

Негооо...си направив филмче, а можноста за Ибра да дојде кај нас е 10%, дали и толку. Не гледам зошто би дошол во тим што не може да му понуди борба за било каква титула. Освен ако не прават некој тандем со Мурџо на ОТ :D
 
Лудион пак вика дека бил задоволен од играта на Фелаини, тоа значи дека ќе го гледаме во старниот состав против Ливерпул. Ај можда ќе сфати некогаш дека тимот скроз различно му функционира кога играат заедно Шнајдерлин, Ерера и Швајнштајгер.
 
Ни останува да го чекаме Мурињо од на лето, лудиов веќе не знае ни што гледа ни што збори.
 
И покрај сите негативности кои може да ги донесе Мурињо во составов, највеќе се радувам што ќе се врати играта преку контри, како со САФ. Па пола од тимовиве во ПЛ ги решававме на тој начин а и така и се решаваат, видете Лестер и Тотенхем што прават...
 
Ибра е топ и би го носел во секој момент. Ем младите ќе имаат од кого да учат, а и сигурно карактерот негов во соблекувалната ќе значи зголемување на мотивацијата. Но со оваа игра прашање е колку топки би добивал во фор за да се доведе до позиција да постигне гол.

А за Моу сеуште верувам дека е веќе договорен и од респект кон ЛВГ и позицијата во која се наоѓаме сега не се соопштува таа вест.
 
Реално е да се очекува дека со нов тренер нема да ја гледаме летаргичнава игра.[DOUBLEPOST=1457973442][/DOUBLEPOST]
 
Credit-Full-Time-Devils.png

Највеорјатно дресовите за следна сезона. Гостинскиов е предобар.
 
Не дека е лош, али повеќе е како тренинг маичка него ли како дрес.

P.S.
1453452_755276224572582_1207420240087075000_n.jpg
Мислам дека редно време е еднаш во кариерата да заврши и 7мо место..
Или 2 пати, зависи колку сезони ќе е кај нас :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom