- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 1.560
- Поени од реакции
- 1.019
Види не си ти единствен што има ваков став . Мене вашиот став ми личи на заљубување у млади години , демек ја гледаш ти се сака и викаш поубаво јок ! После 2-3 години гледаш дека е крива у очите , појма нема од готвење и се прашуваш , што гледав јас преклани?Тоа и ми беше муабетот, освен за ротација за ништо повеќе не е.На крај кога ќе видиш цел тим ни се сведе на играчи за ротација(+таленти, а некои и вечни) што покриваат повеќе позиции да ти играат прва постава во недостаток на квалитетни играчи.Затоа треба да се се пазари малце на квалитет и да исчисти одреден дел од просеците меѓукои и Валенсија.Варела го спомнав дека е fresh blood, млад перспективен кој напредна доста од декември до сега, офанзивно ориентиран,доста ја раздвижи десната страна и изгледа дека ќе го биде(доста потсетува на Рафаел, несудениот наследник на Гери Невил).
Од друга страна го имаш Дармијан, кој е далеку од лош играч туку е во лоша форма и според мене многу се гуши во филошофи.Кога дојде играше ѕверски поготово во дефанзива, а офанзивата според мене му е непозната бидејки ништо чудно дегенот холандски да му забранил да иде у напад, настрана што му се лоши центаршутевите(се поправа тој дел ако се потруди).
Да сумирам овие двајца ако се ротираат и паметно користат ќе си бидеме обезбедени долго време + некој може да изненади од нив двајца, а тоа значи дека нема место за ЛАВ.Секоја чест за прикажаното до сега и фала му за се, ама време е да се продолжи.
Форумов врие од 100% тотни подржувачи на Андер и Шнајдерлин . Уште у супа не ги ставиле а никој не гледа дека лугето се далееееку од тоа што требаше да бидат . Во таа смисла , не можам да сфатам и не гледам што видовте во Варела ( дај боже јас да не гледам убаво ) , ај за Дармијан да речеме дека е само лоша форма !