Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Добра вест е што Колумбија пријателскава ќе ја игра во Лондон. Иначе кога е на ОТ меѓу Португалија и Аргентина?
 
Кој излета понапред а по десна страна остави дупка по што Смолинг го направи вториот жолт?
Абе дај не заебавај една топка не му помина нему и му ја тргна три пати на Агуеро од на нога,стигна кога излета цела одбрана при крај да затвори а беше на спротивната страна.Изгубивме минимално не треба толку критики и плукање,имавме шанси не ги искористивме и тоа е тоа.Де Геа е ѕвер,секоја чест за него.
 
Го бранам :pos:

Ајде кажи во што е послаб од останатите наши вечити таленти? Не знам кај гледате бранење, тој е едини што иде на дуел од сите наши стопери. Кажав и јас и видук што е негова слабост, ниту викам дека е класа ниту решение. Реално согледувајте ја ситуацијата. Почнете да глеате фудбал на тв наместо на флешскор.

:facepalm:
 
Добро де, Илумиус само кажа кои играчи смета дека треба да го напуштат клубот што е можно побрзо, а за Андерсон, Јанг, Смолинг дефинитивно е во право. Да го мислеше истото и за Ди Мариа и него ќе го спомнеше.
 
Не ме секира толку поразов колку што се нервирам со одредени таленти кај нас. Валенсија, Смолинг, Ешли Јанг, Андерсон - овие четворицава без куфери треба да летаат во јануари.

Fixed :D
 
Никој не ги бара да играат, само реков дека моментално имаме поприоритетни проблеми за решавање од тоа да се избрка Андерсон или Јанг. И да нормален сум, само не ме разбираш изгледа од прва па треба вака да се повторувам.

Епа која е поентата да се чуваат ако не играат?Не сме црвен крст па ние да им ги раниме фамилиите...
 
Епа која е поентата да се чуваат ако не играат?Не сме црвен крст па ние да им ги раниме фамилиите...
И мене нема ми плаќаат 50к фунти, немора 100к.
Ми треба само време (доволно се 2години) да станам јак играч :D Жими пајпава..
 
@Red Man

А бе и ти едно време не убедуваше дека Линдегаард треба да брани место Де Геа, ти текнува? :ROFLMAO:

Ако не можеш да ја увидиш разликата од лани и сезонава, не знам што да ти кажам, стварно е преочигледно за да се објаснува. Лани потфрлаа по 7-мина играчи на еден меч, сега се сведе на индивидуални грешки.
Полека и тоа ке се искорени.

За Фалкао се слагам, го испушија за 2-те најбитни утакмици со повредиве, плус додатно не досаботираа индивидуалните грешки.
Ми текнува, и уште стојам зад тоа дека голман додека не е сигурен и прави киксови му треба ротација. Моментално е во одлична форма, ме имаш прочитано во скоро да пишам Линдегард да брани??? Овде неможи човек ни критика да пиши веќе, после го тупите 1 година со тоа.

За разликава не зборувам, има разлика дефинитивно, јас прашав за бројките некој коментар дали има. Се фрлија милиони со вреќи, а на табела сме полоши тој ми беше муабетот. И покрај тоа што бараше време ван Гал за да профункционира филозофијата негова, очигледно не е до време, туку до дрвата кои ги има во тимот.
 
па ете ако си ја прател сезонава кажи што направил тој лошо а не го направиле другите. Ама го платија како бизнис на Мендес и нормално е сите да го ругаат, без разлика што последниве три утакмици нема изгубен дуел.
 
10 утакмици - 13 поени, само 3 победи, дупло помалце поени од Челзи... Иако сме само на четвртина од сезоната јасно е дека титулата ни е недостижна. Јебига, ќе се бориме за ЛШ со Арсенал, Ливерпул (и Саутемптон) и тоа е тоа. Едните се 4 поени од нас, што не е ништо посебно, ем имаме дирекнтен дуел за 2 кола, кој секако ќе биде ептен битен, можеби и најбитен за текот на сезоната на Јунајтед. Ливерпул е со поенче +, а играат послабо од нас што е најтрагично од се. :) Саутемптон ги спомнав оти се дури 9 поени над нас, па ќе треба бајаги да се испотиме за да ги стигнеме и нив. :) Освен гостувањето на Арсенал имаме и 3 домашни утакмици во наредните 4 кола. К. Палас, Хал и Стоук. Ако не ги добиеме овие 3 утакмици не ни заслужуваме да играме во ЛШ. :) И пак мора да ги спомнам глупо загубените поени против Лестер (пред се!), Барнли и ВБА.

За денешниот меч, не игравме ништо посебно. Некако имав чувство оти одиме по поен. Не напаѓавме, чекавме на котра, ама добро ни одеше се до глупоста на Смолинг. Не сакам да го коментирам воопшто, тежок глупак. Ди Марија денеска беше најотсечен од сите. Втора утакмица по ред е целосно изгубен, а и центрира очајно. Руни имаше неколку лоши моменти, ама заедно со Фелаини беа најборбени од сите, Јанузај слабо, Шо имаше неколку излетувања во прво, во второ се подобри. :) Сепак одбраната останува најголем проблем и ќе биде цела сезона. Вчера се смеевте на Хумелс, а тој е Видиќ за цела наша одбрана.

Здравје нека има, наредната повеќе. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom