Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Баш напротив,јас мислам ке ги поминеме...Моментално не би сакал да сум во соблекувалната :)) Следната недела ке видите како се умира на терен,не верувам дека стариот туку така ке им прогледа уште еден срам ;)
 
Резил ... сите голови беа по грешка на одбраната .. Џони добар немој молим те .. да беше Видич таа тока немаше ни да влезе у шеснаесетник !!! Еванс е добар за со сандерленд норич вба етц.

Смолинг таа топка ја пушти...Се лизна и топката стигна до Љоренте. Тоа е тоа...Заслужија да победат затоа што ние тоа го дозволивме, ги оставивме да играат како што сакаат на среде ОТ. Можеби овој пораз оди во вина на САФ. Како прво можеше да го одмори Смолинг. Дечкото имаше потрес на мозокот и требаше да го поштеди барем уште една недела од било какви настапи. Сега повредата може многу да биде сериозна и да го загубиме на подолго време во важен период од сезоната во ПЛ. Друга грешка беше тоа што Џонс играше во средината...Не треба да разбиваме напади кога играме дома, туку треба да држиме посед и да градиме повеќе топки за во напад. Керик ајде можеби требало да одмара, но можеше комотно Андерсон да влезе од почеток и сигурен сум дека немаше ова да се случи. Парк и Чича можеби ја одиграа најслабата партија откако се во Јунајтед, Руни не ми го задевајте зашто беше насекаде. Дури и последен играч играше. Пристапивме лошо во овој меч, ги потценавме, а тие ни одржаа лекција по модерен фудбал, секоја им чест.
 
Сума сумарум по мое, Чичарито дефинитивно да влага од клупа, никако прва, Џонс десен бек, средина без Керик никако и најважното ТЕ МОЛАМ ФЕРГИ ЗЕМИ НЕКОЈ ЛЕВ БЕК, не за друго, да се освести малку Евра.
 
Уште една утакмица каде СИТЕ се комплетно незаинтересирани. Што мислеа? Дека лесно ќе си поминат?
Е ова ме нервира.. со ова 5 пати дупло си ја отежнуваме работата. Па треба 2+ гола ли да ти дадат за да ти текне да трчаш? Не ми е јасно за каде се чуваат кога веќе НИКАДЕ не играат.
Страшно ме нервира менталитетот во последно време. Абе гази све живо и диво таму.
 
АПЧЕТО на Меси. Шпанциве имаат некој изум што пошироката јавност сеуште не го знае.

Не требаше пеналов, ни пуштија водичка за џабе. Тоа беше еден од моменти коа жалам што го немаме Меси у екипа, 99% го утињаше...
 
Е мој народе, дојде време да гледаме како ОТ се празни пред крај на утакмица :facepalm:
 
Иако вториот гол беше офсајд, да сум судија би им прогледал низ прсти, само заради храброста и тоа како изгледаат моќно на ОТ Атлетик, заслужија победа, браво... Ептен симпатичен тим се Атлетик, посебно во око ми влезе Муниаин, браво за детето, Рафаел му ги изброја крампоните на копачките на детето... Де Геа секоја чест, се повеќе сигурен, дури на крај и исфрустриран, се растура, а другите не им чуе... Не губам надеж, но ќе биде екстремно тешко, пеколно е во Билбао, посебно сега, на овој одличен резулат за нив...
 
Заборавив да пишам, тој Муниаин не направи Мајмуни!!! :facepalm:
 
Уште една утакмица каде СИТЕ се комплетно незаинтересирани. Што мислеа? Дека лесно ќе си поминат?
Е ова ме нервира.. со ова 5 пати дупло си ја отежнуваме работата. Па треба 2+ гола ли да ти дадат за да ти текне да трчаш? Не ми е јасно за каде се чуваат кога веќе НИКАДЕ не играат.
Страшно ме нервира менталитетот во последно време. Абе гази све живо и диво таму.
Ја да ти кажем реално мислим дека они ни дозволија да играмо од коа ни дадоја гол
 
Јас не знам како 4тиот тим во примера го нарекуваце пацерски,тим кој има доста респектабилен состав, и кој одигра 2-2 со една Барселона,ке игра куп финале,така да не го занесувајте многу.
 
Немаше потрес на мозокот Смолинг, не му верувајте на неписменион коментатор. Само исекотина имаше, да имаше потрес немаше да биде свесен како прво, ќе беше како Артета против Ливерпул или Дрогба на почеток од сезона кога лежеше како недај боже.

Да имаше потрес ќе беше аут едно добри 3 недели. Раната не е зарасната а и можам да замислам само колку е длабока :facepalm:
 
Јас не знам како 4тиот тим во примера го нарекуваце пацерски,тим кој има доста респектабилен состав, и кој одигра 2-2 со една Барселона,ке игра куп финале,така да не го занесувајте многу.

Дали тоа значи дека треба да се биде задоволен со резултатов и играва која ја прикажа Јунајтед?
Дали играчите знаеја со кој тим се среќаваат и притоа да покажат малку повеќе залагање и дисциплина?
 
Ја да ти кажем реално мислим дека они ни дозволија да играмо од коа ни дадоја гол
Абе искрено исто како да гледав реприза против Norwich, само што овие ЗНААТ како да дадат гол.. и како да ги искористат шансите. Незнам уште колку срамни порази треба за да се освестат. Па мислам дека во последните пар години оваа сезона имаме најмногу порази на домашен терен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom