Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не викам дека нема да купат замена, иако мое мислење е дека тешко ке се деси. Ти реплицирав за тоа дека им се брза, а трансферов мора или денес или утре да се деси, зашто на Оле му беше свеедно до пред 2 дена дали ке го продадат или не, а цело лето се влечат.

Лукаку не мора денес утре да се продаде , во Италија трансфер рокот трае до 18 август . Ние мора да обезбедиме замена за него до утре , или какво било засилување. Посебно глупо е што во Шпанија е до 2ри септември рокот , кој ќе чита уште месец дена шпекулации за Погба упм
 
Ако чекаат да најдат играч кој ќе игра со срце за Јунајтед, никад нема да го најдат. Пројдено е тоа време. Иначе, дека е неспособна управата, нема збор. 2 месеца порошија на АВБ и Мегваер, преговараа, се ценкаа и на крај пак платија колку што им бараа од старт. И на крај, изгубено драгоцено време, а дупки зјајат за пополнување.
Е како платија колку што бараа? Генијот од 100м им симна на 80, малце ли се 20?

Ете ако стварно има било каков интерес за Санчо за десно крило, јас лично ќе чекам и ќе ќутам и две сезони ако треба, оддамна го зборам како моја лична број 1 желба, плус младинец на Сити, Гигс на десната страна. :D
Како тоа ќе чекаш 2 сезони? Шта ако во тие 2 сезони играчот пропадне и стане флоп?
Што ако тродупло напредне и ни го лапне Сити/Ливерпул/Барса/Реал?
Мислиш ли оти кај нас ќе дојде? Не.
 
Е па ете сега нека тргнат по Дембеле или некој друг со кој ќе изненадат можеби :sneaky:
 
Inter’s bid was an initial £64.7m plus a further £5.3m in add-ons. United have managed to include a sell-on clause in the deal. The player has agreed a five-year deal with Inter worth around £300,000 a week.

Џејмс и АВБ ги исплативме.
Иако не верувам дека ќе носиме уште некој до утре, ама ајде нека не изненадат Оле и Ед со добар трансфер.
 
Дебилите нов метод за оправдувања имаат, проверка на срца прават на играчите за кои се заинтересирани.

Лев бек резерва нема, во средина сме со Фред кој секое лето прави по 2 свадби, со Погба кој сака да си оди и со Матиќ што на пола сезона се влече по терен.

А шпиц ... Е таму, си оди тој што минатата сезона каков, таков беше најдобар стрелец, а не доаѓа никој. И нашиот тренер бил задоволен со тимот :pos::pos:

Без компас.
 
Inaki Williams ? Кој е па сега овој , не следам шпанско редовно , да не го гледал некој? Не поврзуваат со него сега , дека ќе сме ја плателе откупната клалуза 88 милиони
 
Inaki Williams ? Кој е па сега овој , не следам шпанско редовно , да не го гледал некој? Не поврзуваат со него сега , дека ќе сме ја плателе откупната клалуза 88 милиони
Игра на сите офанзивни позиции најмногу како најистурен напаѓач. Лани даде 13 гола за Билбао и се работи за играч кој има неверојатна брзина, но технички не е нешто посебно. Според мене не вреди ни близу до 88 милиони евра ама и не верувам да има сериозен интерес од нас.
 
Катастрофа. До пред 3-4 дена какви најави имаше, мислиш перфектен преоден рок ќе имавме, за да испадне ова. Јас разбирам доколку Солскер и Лукаку ја спукале работава и овој сакал да си оди, ама веќе цел месец се шушка за тоа, не требаше до последен ден да се чека за негов трансфер. Сега тешко дека ќе се донесе замена за овие нецели 24 часа колку што останаа, а капак на се што не се донесе и играч од средината.

Конечно одбраната заличи на нешто, се покрија дупките, и сега сезонава ќе биди циркузи кога ќе се повреди некој од средина/напад.
 
Гледав некни не поврзале со Манев од Вардар, мора да е вистина.
 
Јунајтед со Барса поставуваат рекорди во приходи, но вашава управа не ја разбирам. Можат целосен ремонт на направат на тимот, а на крај ќе завршат со Мегваер и Ван Бисака, како само тие позиции да ви се слаби.
 
А може ќе се расипе факспт во Интер и ќе остане Лукалу кај нас. Од кај да знаеме. Се бива.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Не рече Ди Марцио дека сме блиску и со Фернандеш? :) ликов изгледа виде дека ако лупа шпекулации за Јунајтед му влијае на SEO па удри. Љоренте ми има логика, Вилијамс не баш
 
Конечно одбраната заличи на нешто, се покрија дупките, и сега сезонава ќе биди циркузи кога ќе се повреди некој од средина/напад.
Не биди сигурен.. за неколку кола Ice Man ќе те демантира. А можеби и Магуире.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom