Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Лани ова време и еве сега пак ќе треба истиот пост да го напишам.

Одбраната не ми е толку битна колку што ми се битни средината и нападот. Јак ташак ако примиш 2 гола кога можеш да дадеш 3 од шала.
Еве уште една сезона ќе почне, а тимот се уште нема десно крило. Средината лани беше тенка... сега не ми се ни зборува за неа. Една повреда на Погба и Матиќ и ќе треба младинци да играат.
Нападот па....кој напад ти е тоа со Рашфорд, Марсијал и Санчез? Тројцата вкупно не пребација 30 голови минатата сезона, бруки :tapp:
Лукаку каков и да е најдобар стрелец беше лани со Погба, а они го пуштаат да си оди без да донесат негова замена.

Ај да не јадам многу гомна може ќе земат некого до крајот на трансфер периодот иако чист сумљам дека се способни такво нешто да направат.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Муабетов твој кажува колку е трагикомична ситуацијата во Јунајтед моментлано. Ако се спремни Рашфорд, Марсијал и Погба да го носат тимот на плеќи може да атакуваме на Топ 4. Пази, ни треба најдобрите играчи да ни се константи за да имаме шанси да фатиме место во ЛШ. Ако ни се амбициите да атакуваме на топ 4, поарно 10ти да завршиме што е до мене. :)
Па еве ако во Сити не се носители Агуеро, Стерлинг, Силвас и КДБ нема да е шампион. Само разликата кај нив е тоа што ги имаат како бекап Жесус, Сане, Марез...Исто и Ливерпул ако потфрли триото во форот нема да бидат во игра ни за топ 3. Тотенхем лани без засилување беше тоа што беше затоа што беа константни во форот Лукас, Кејн, Сон и Ериксен. Кога Кејн беше повреден одлично надополнија Сон и Лукас, исто кога беше Сон на азиските надополни Кејн...

Кај нас костурот се гради врз Погба, Марсиал и Рашфорд. Тоа е триото кое според Оле треба да го носи на плеќи и оваа сезона за нив е пресудна да преминат на друго ниво или да останат тоа што се и да имаат стагнација. Еве ја шансата за Марсиал и Рашфорд да бидат носители и стартери и од нив се очекува 15+ сезонава најмалку. Како што пишав пред нецел месец оној исчекор на САФ кога го продаде РВН и не доведе никој како негова замена и го остави тимот на Руни и Роналдо да го носат на плеќи и да се издигнат едно ниво поивсоко потпомогнати од Гигси и Сколс не доведе да ставиме крај на доминацијата на Челзи. Таа сезона само се пополна дупката која ја имавме, а тоа беше средниот ред со носењето на Керик.

Затоа викам нашите максимални очекувања се топ 4, таа е објективната реалност, а не борба за титула. А тоа е остварливо само ако ова трио изигра на високо ниво. Тимот објективно не е компетитивен да се носи со Сити и Ливерпу за борба за титула. Од друга страна, ако успееме оваа сезона да издвоиме топ 4 и ако се постават како носители овие тројца мислам дека ќе имаме солидна основа да се надградиме со квалитет и по другите дупки и потоа да атакуваме за титула. Реално борба за титула е процес, а ако овој процес под Оле стартува успешно сезонава може да не биде во годините пред нас.

И третманот кон Лукаку е сосема исправен...не е поголем од клубот и да се однесува како да му сме должни. Ако немал дозвола да тренира со друг клуб, казната е на место и така се поставува дисциплина.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.462
Кај нас костурот се гради врз Погба, Марсиал и Рашфорд. Тоа е триото кое според Оле треба да го носи на плеќи и оваа сезона за нив е пресудна да преминат на друго ниво или да останат тоа што се и да имаат стагнација. .
Ниту еден од овие нема 1 цела сезона изиграна на повисоко ниво. Можеби Марсијал под Ван Гал, ама и тоа е знак прашање.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263

Да не беше Лукаку толку загреан, мамата би им ја расплакал зашто се ценкаа за Перишич.Се под 85м е малце.Инаку чисто информативно, лукаку не кошташе 90м фунти зашто го испуни бонусот за голови и зимоска клубот доплати 15м на евертон.За да бидеме на 0 би требало да добијат 97м евра, ама ...

Го бранев и почитував црњото покрај сите прилики и неприлики, ама претера со односот ептен циган испадна.
Автоматски споено мислење:


Аман нека заврши веќе
 

Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
Лукаку сигурно ќе иде не гледам начин на кој би се вратил во тимот . Замислете , Лукаку ќе го продадат , Zaha е пред трансфер во Евертон за големи пари од кои ние ќе земеме 20-25 % , Дармиан најверојатно ќе го продадат и Рохо па на крај може да заврши трансфер рокот со потрошени само 20-30 милиони :facepalm: Лани потроштија 0 , сега 20-30 милиони и ние ќе се чудиме после како Man Utd 6ти-7ми завршува .
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.413
Поени од реакции
42.672
Па еве ако во Сити не се носители Агуеро, Стерлинг, Силвас и КДБ нема да е шампион. Само разликата кај нив е тоа што ги имаат како бекап Жесус, Сане, Марез...
Разликата е во тоа што овие 4ца кои ги наброја не треба да им се погоди сезоната за Сити да биде шампион. Доволно е да изиграат нешто над просечно. За нив промашена сезона е сезона со по 10 гола и 10 асистенции, за нашите таква сезона е пристојна во најмала рака.

И не дека Стерлинг или КДБ блескаа од сам момент кога дојдоа, ама ги имаа Агуеро и Силва, Јаја Туре претходно.. и имаше со кого да соработуваат и кој да покрие кога тие не играат во најдобро светло.

Тоа го зборам од сабајле. Јас немам ништо против Гринвуд да го унапредат во прв тим и да добива минутажа од клупа. Ама на Јунајтед му треба зрели играчи кои ќе превземат одговорност. Реални да сме, Марсијал вака знае да се изгуби, да го пуштиш да ти биде број еден играч ќе истрча во соблекувална на сред утакмица. У меѓувреме тој, Рашфорд и Гривуд ќе може да се доразвијат во позадина.

Пред се за тоа би сакал да го земат Ериксен во моментов, без разлика дали ќе сака да си оди за сезона или две. Тие околу него може да профитираат, а со тоа и Јунајтед како екипа. Плус ти се отвара простор да работиш на евентуални трансфери на Рајс, Санчо и некои други таленти на кои тек треба да им доаѓа времето.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не е финтата за Ериксен за година две, туку ова лето ги чекал Реал да го земат на дампинг цена.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.413
Поени од реакции
42.672
Не е финтата за Ериксен за година две, туку ова лето ги чекал Реал да го земат на дампинг цена.
Како и да е, Ериксен е пример пошто е последен играч со кои сме поврзани. Херера е замнат од мај, месец ипол знаеја дека Лукаку ќе си оди, ете го пратиле и со младинците да тренира и ако не успеале ни да идентификуваат потенцијални замени ниту за едниот, ниту за другиот во целиот тој период тогаш се стварно неспособни.

Ете ако стварно има било каков интерес за Санчо за десно крило, јас лично ќе чекам и ќе ќутам и две сезони ако треба, оддамна го зборам како моја лична број 1 желба, плус младинец на Сити, Гигс на десната страна. :D

Ама за овие двајца, посебно за Лукаку со оглед на тоа што остануваме без 9ка во тимот стварно мора замена. Манџукиќ ми беше топ опција, за 15 милиони бомбона, ама повеќе беше сплет на околности, отколку вистински таргет за кој и да е задолжен за трансферите.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.597
Ако чекаат да најдат играч кој ќе игра со срце за Јунајтед, никад нема да го најдат. Пројдено е тоа време. Иначе, дека е неспособна управата, нема збор. 2 месеца порошија на АВБ и Мегваер, преговараа, се ценкаа и на крај пак платија колку што им бараа од старт. И на крај, изгубено драгоцено време, а дупки зјајат за пополнување.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.462
Ја мислам дека брзаат да го продадат Лукаку и да купат негова замена...
Tрансферов на Лукаку има све, само не ургентност. Уште 24 саата има до крајот на преодниот рок, а права шпанска сапуница направија.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Tрансферов на Лукаку има све, само не ургентност. Уште 24 саата има до крајот на преодниот рок, а права шпанска сапуница направија.
Па зошто би брзале да го продадат денеска баш?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.462
Па зошто би брзале да го продадат денеска баш?
Не викам дека нема да купат замена, иако мое мислење е дека тешко ке се деси. Ти реплицирав за тоа дека им се брза, а трансферов мора или денес или утре да се деси, зашто на Оле му беше свеедно до пред 2 дена дали ке го продадат или не, а цело лето се влечат.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Ниту еден од овие нема 1 цела сезона изиграна на повисоко ниво. Можеби Марсијал под Ван Гал, ама и тоа е знак прашање.
Брат, make it or break it ситуација за нив во клубов. Рашфорд и Марсиал бараа поголема одговорност под Жозе, сега е нивната шанса да направат чекор напред и да се вметнат во поквисоко скалило на играчи.

Разликата е во тоа што овие 4ца кои ги наброја не треба да им се погоди сезоната за Сити да биде шампион. Доволно е да изиграат нешто над просечно. За нив промашена сезона е сезона со по 10 гола и 10 асистенции, за нашите таква сезона е пристојна во најмала рака.

И не дека Стерлинг или КДБ блескаа од сам момент кога дојдоа, ама ги имаа Агуеро и Силва, Јаја Туре претходно.. и имаше со кого да соработуваат и кој да покрие кога тие не играат во најдобро светло.

Тоа го зборам од сабајле. Јас немам ништо против Гринвуд да го унапредат во прв тим и да добива минутажа од клупа. Ама на Јунајтед му треба зрели играчи кои ќе превземат одговорност. Реални да сме, Марсијал вака знае да се изгуби, да го пуштиш да ти биде број еден играч ќе истрча во соблекувална на сред утакмица. У меѓувреме тој, Рашфорд и Гривуд ќе може да се доразвијат во позадина.

Пред се за тоа би сакал да го земат Ериксен во моментов, без разлика дали ќе сака да си оди за сезона или две. Тие околу него може да профитираат, а со тоа и Јунајтед како екипа. Плус ти се отвара простор да работиш на евентуални трансфери на Рајс, Санчо и некои други таленти на кои тек треба да им доаѓа времето.
Па разликата зошто е Сити претендент за титула ти ја кажав. Ги имаат тие како фронтмени, но имаат солидн бекап. Ливерпул го нема тоа на пример и да откажи триоти во форот Ливерпул нема да биде претендент за титула, но ради компактноста ќе биде во игра за топ3/4. Ние со тие што ги имаме на располагање не можеме да се наметниме за титула, но со солидна форма на тие што треба да бидат носители можеме комотно да сме во игра за топ 4. Тоа што ти го кажуваш дека ни фали е една од причините зошто сме далеку од претеденти за титула затоа што во моментов тоа искуство кај нас е од една страна во Смолинг, Џонс, Санчез, Дармиан и Рохо...а не ни е од помош тоа искуство. Само ДДГ ќе го признам со искуство и во втор план Мата, Санчез и Матиќ.

Колку и да се попалвиме од трансфери од типот на Ериксен, Дибала и слични...може да се случат Ди Мариа и Санчез сценарио. Да им дадеме добри суми и да играат без желба.

Затоа реков дека филозофијата на Оле да трага по играчи гладни за успех, а и ми се свиѓа таа филозофија...Јас мислам дека Заха гризи да игра во голем тим и да направи топ исчекор и да ја демантира лошата епизода под Мојс и ЛВГ. Медисон би сакал да се протне на голема сцена...И затоа ми се свиѓаат трансфериве на АВБ, Џејмс и Мегваер.Горат од желба да стапнат на тренинг само...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom