Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ја оваа не ја гледав само последните 8минути ,ако нешто ми се допаѓа е тоа дека не се откажаа, нема хејтање Оле уште не загубил, нашата серија може да продолжи, ама преголема разлика има од прв тим до замените не знам на што се должи тоа..
 
Нека ни е господ на помош во февруари со ротацијата што ја имаме во средина.
Реално ни бодот не го заслуживме, ништо не изиграа. И немаше логика Лукаку да го вади кога продолжија да напаѓат со нафрлени топки иако израмнивме на крај.
Па претпоставувам дека идеата и беше да сменат начин на притисок, оти очигледно беше дека во воздух не ги добиваме!
Да погодеше Раш на почеток друга песна ќе беше а вака на вакви утки и минус два, честитки за дечките!
 
Не знам што е тешко да се признае дека Оле згреши што го извади Лукаку кога единствен минус на Барнли им беа дуелите во воздух ама хеј ајде ќе го плукаме Лукаку како не го бива зошто една шанса ја упропасти, не дека на други напаѓачи не им се случува тоа. :)
Колкави ти само џокери му даваш , ко брат да ти е , ко да те венчал, ко да ти е жирант, ко да ти уплаќа 2000евра секој месец, не разбирам...
 
Со 2 индивидуални грешки го сјебаа мечот. Искрено и измената Лукаку-Санчез не ми се свиѓаше затоа што веќе фрливме карта ол ин со воздушни дуели ќе беше потребен Лукаку колку и да имаше просечен меч. Переира имаше солидно издание до грешката иако во многу лоша зона со играч зад грб му дадоа пас ако сме објективни, но на крајот таа грешка испадна и кобна за текот на мечот. Како и да е мислам дека за клубови од средина на табела е топ играч, но далеку од Јунајтед квалитет. Мечот требаше да го затвориме со почетната шанса на Рашфорд, па потоа и Мата доби солиден пас од Переира кој не го искористи. Исто и Мата имаше просечен меч иако се трудеше премногу што треба да се забележи. Мене ме радува само енергичноста на Погба кој игра со 102% и од меч во меч е се поприсутен, повлијателен во нашата игра. Нека овој кикс биде поука за тоа што следува.
 
Не знам што е тешко да се признае дека Оле згреши што го извади Лукаку кога единствен минус на Барнли им беа дуелите во воздух ама хеј ајде ќе го плукаме Лукаку како не го бива зошто една шанса ја упропасти, не дека на други напаѓачи не им се случува тоа. :)
Можда сум јалнаш ама баш со нафрлувањата не правевме ништо! А Сачнес може и не беше ѕвезда на вечерта ама изедначувањето падна од него, така да у никој случај замената Лукаку-Санчес не може да се окарактеризира како лоша одлука.
 
Можда сум јалнаш ама баш со нафрлувањата не правевме ништо!
Другото што го пробавме беше одбијанац од Тарковски и Ми :)
 
Заборавив кога последен пат сум бил цела утакмица напнат. Да беше мурињо или лвг околу 70 мин ќе исклучев, овојпат некако осеќав дека ќе се вратат на крајот. Пред да свирне судијата, ја еба тој самиот со тоа што излезе пред топката па го удри и им поклони цца. 10 секунди на Барнли, инаку ќе беше 100%-на шанса.

Сума сумарум - слаба партија.

ПС: Морам да спомнам дека темава почна да заживува во последно време, благодарение на Оле.
 
Мене хајлајтс ми е моментот кога Мата се напна и ја тресна топката од терен, Мата што нема ни тон повишено, е тоа е знак дека сите во тимот горат од желба за резултати. Само да продолжиме вака и со мали твикови на лето се ќе си дојде на свое место.
 
Переира имаше солидно издание до грешката иако во многу лоша зона со играч зад грб му дадоа пас ако сме објективни
Ма какво издание дај не заебавај, дечкото беше хаос, нема квалитет ни за во Барнли да игра не па за Јунајтед..
 
На Мата никако продолжување договор, нека изигра уште 1-2 утакмици на крај кога се ќе е решено и доста е. Дрво да стават на таа десна страна покорисно ќе е од него.
Переира исто си ги потроши сите кредити, во Јуни продажба.
Лукаку според мене не треба веќе да биде прва опција, најверојатно Марсијал да беше спремен немаше ни да стартува денеска, премногу лимитиран е нападот со него.
 
Мене хајлајтс ми е моментот кога Мата се напна и ја тресна топката од терен, Мата што нема ни тон повишено, е тоа е знак дека сите во тимот горат од желба за резултати. Само да продолжиме вака и со мали твикови на лето се ќе си дојде на свое место.
Зборот ми го зеде, кога Мата е така нап**ден, можеме само да претпоставиме како е со другите.
Од друга страна може е и ок што сега кикснавме, многу арно па и не е на арно;)[DOUBLEPOST=1548800298][/DOUBLEPOST]
На Мата никако продолжување договор, нека изигра уште 1-2 утакмици на крај кога се ќе е решено и доста е. Дрво да стават на таа десна страна покорисно ќе е од него.
Переира исто си ги потроши сите кредити, во Јуни продажба.
Лукаку според мене не треба веќе да биде прва опција, најверојатно Марсијал да беше спремен немаше ни да стартува денеска, премногу лимитиран е нападот со него.
Ехе хе, ги растрела по ред, Рашфорд не го продаваш? Од неговиот кикс тргна штимунгот!
 
Запнавте за Переира, а никој да искоментира дека Џонс му даде топка ИАКО идиотот имаше увид дека позади него му дишат во врат двајца.По мене 80% кривица ја има Џонс.Едноставно не можеш и не смееш толку глуп да си и да му даеш топка и притоа свесен си дека е у грда позиција играчот свртен со грб.Плус Барнли цело време го притискаа Переира чим добие топка.

ПС: Алексис е тешка превара.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom