Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Еее јбг мораше некад да се деси. Не ми е јасно како цело второ полувреме напаѓаат по десна страна, каде што 5 години никој не потрчал таму, тревата најзелена е не газена. Мата десно крило не може да мрдне.
 
Прво полувреме воопшто незаинтересирано, после голот почнаа нешто да играт ама недоволно. Белки нерешено ке извадат.
 
Каква Мурињо или Мојс утакмица игра Јунајтед денес. Ако ја гледаат утакмицава сигурно се горди. Единствена тактика денес им е нафрлување. Переира мизерен, Мата скоро па исто. Цело време нафрла, поготово тие грдите балон топни негови. Лукаку очекувано.
 
Ееее Лукаку нека гледа и нека учи од Санчез како се поставува и скока на нафрлена. Едно џуџе ги натскока и ја залепи со глава како со нога да ја шутнал !!!
 
Не прекинаа да напаѓаат и успеаа да се вратат момците, не заслужуваат хејт.
Нормално ваква игра со Лукаку во напад е возможна само у филм на Стивен Спилберг. Хејт заслужува само Лукаку зашто игравме 60 минути со играч помалце !!!!
 
Нормално ваква игра со Лукаку во напад е возможна само у филм на Стивен Спилберг. Хејт заслужува само Лукаку зашто игравме 60 минути со играч помалце !!!!
Лукаку ги чуваше Вествуд и Барнс :) намалете со агендата
 
Лукаку ги чуваше Вествуд и Барнс :) намалете со агендата
Лукаку се чуваше сам себе со ручуштето во воздух едно 60 минути без прекин. Кога градиш напад со ултра спорт играч, освен мртвила друго ништо нема да видиш.
Мое мислење и став е дека тип на играч како него во модерен фудбал не е возможен, тоа ти е исто како во денешно време во НБА да има класични центри кога плејмејери кои се ултра брзи се со висина 2.05 !!! Не треба да постојат сидраши во Јунајтед, барем не неинтелигентни и спори.
 
Добро ќе ни дојди шамаров за наредниве утакмици.. ах тоа зицерот на почетокот се ќе решеше.. не ми јасно само како можи слободен од лева страна да шутира Мата покрај Погба, Санчез, Рашфорд и Јанг!?!?
 
Не прекинаа да напаѓаат и успеаа да се вратат момците, не заслужуваат хејт.
Нормално дека не заслужуваат хејт, сепак на крај притиснаа и дојдоа до бод. Језда се Барнли ама со Мурињо веројатно ќе чувавме 0-2 во случај да не примиме повеќе.
Убаво ќе беше за Оле да биде прв тренер со 7 победи по ред ама јбг така испадна.
И средина и одбрана мора да се засилат. Со тројца играчи у средина не се игра цела сезона.
 
Мојот играч и гол даде, ќе се избесам:pos:. Јес да за вториот гол повеќе од пола вина е негова.
Како и да е спасивме газ! Дефинитивно Андреасот сега ни Валенсија на позајмица нема да го земе.[DOUBLEPOST=1548799311][/DOUBLEPOST]
Добро ќе ни дојди шамаров за наредниве утакмици.. ах тоа зицерот на почетокот се ќе решеше.. не ми јасно само како можи слободен од лева страна да шутира Мата покрај Погба, Санчез, Рашфорд и Јанг!?!?
Затоа што е најдобар изведувач на слободни, е страната и не му беше баш!
 
Нека ни е господ на помош во февруари со ротацијата што ја имаме во средина.
Реално ни бодот не го заслуживме, ништо не изиграа. И немаше логика Лукаку да го вади кога продолжија да напаѓат со нафрлени топки иако израмнивме на крај.
 
Не знам зошто го извади Лукаку кога овие се сите напикани во 16-ник, а Јунајтед само нафрла...

По прв пат, може да се каже дека Оле ја утна тактиката. Не знам што им беше финатата со нафрлени кога на Барнли тоа им е посилната страна. Јалово, иако дадовме 2 гола.

Убаво е што не престанаа да напаѓаат, ама посерување против лесен противник ни станува трејдмарк. Има шанси кои напаѓач смее да ги промаши, ама Рашфорде сине, она просто не смееше да го промашиш. Страв ме фаќа за играчите на средина, прееска почна Погба да накривува, уште тој фали да се повреди.

Евертон на овие 5 им даде, и ова е тежок кикс, колку и да се извадивме на крај.
 
Лукаку се чуваше сам себе со ручуштето во воздух едно 60 минути без прекин. Кога градиш напад со ултра спорт играч, освен мртвила друго ништо нема да видиш.
Мое мислење и став е дека тип на играч како него во модерен фудбал не е возможен, тоа ти е исто како во денешно време во НБА да има класични центри кога плејмејери кои се ултра брзи се со висина 2.05 !!! Не треба да постојат сидраши во Јунајтед, барем не неинтелигентни и спори.
Не знам што е тешко да се признае дека Оле згреши што го извади Лукаку кога единствен минус на Барнли им беа дуелите во воздух ама хеј ајде ќе го плукаме Лукаку како не го бива зошто една шанса ја упропасти, не дека на други напаѓачи не им се случува тоа. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom