Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ќе може ли некој FNF да ја најде на торент или негде по сајтовиве?
 
Moре кога ке ми текне дека сакаа 100 милиони фунти да спукаат на Милер :facepalm:

Туку кој ке чека сега до наредната сабота.
 
Moре кога ке ми текне дека сакаа 100 милиони фунти да спукаат на Милер :facepalm:

Туку кој ке чека сега до наредната сабота.

Овде повеќето едвај чекаа да дојде семоќниот баварец колку што ме држат сеќавањето. :)
 
Нешто слабо ја постират анимираната слика по фб со Погба и Раиола во позадина како го пумпа за да го продаде поскапо.:D Искрено и нас не го сакав кога го поврзуваа со Барса и мислев дека е преценет , али си вреди за секое евро дадено за него. Со самото присуство на теренот му го врати тој стар шмек шо Јунајтед го имаше со Ферги ... Дури и другите играчи покрај него трчаа како улави за да не потфрлат , особено Фелаини. Грмушката лани органски неможев да го сварам кога го гледав Јунајтед , оваа утакмица страшно пријатно ме изненади.
Марсијал има само 20 год , а оддамна немам видено таква мотивација за игра кај некој толку млад играч. Со Погба ќе се незаменлив дел од тимот.
Сепак е уште почеток има уште многу работа, али Мурињо и тоа како ќе го врати Јунајтед кај што беше. Авторитет и фудбалска харизма е човекот , иако на моменти е страшно арогантен. Самата негова појава помеѓу играчите го разбудува тоа натпреварувачкото во нив.
 
Конечно ми се допага тоа како изгледа тимот. Можеби Марсијал и Руни не се влезени во ритам, но очекувам и тие да почнат да играат на многу повисоко ниво. Се надевам дека нема да има многу повреди сезонава.

Вака кога ги гледам тимовите во ПЛ, имаме некако најдолг играчки кадар, можеби и најквалитетен на хартија, но сакам тоа да го покажат и на терен.


Моу има одврзани раце, можеби и сега е моментот да си го донесе Карваљо во тимот, колку за школо на младите играчи од одбраната.


Според составот со кој располага клубот, Моу може да игра со неколку различни стратегии, особено сега со Погба.



Али колку моќни беа комбинациите: САФ и генерација 92, САФ и Кантона, САФ-Роналдо-Руни, САФ-Перси. Толку моќно ми изгледа комбинацијата Моу-Златан-Погба. Ама останува на времето да видиме дали конечно ќе го вратат трофејот од ПЛ, и трофејот од ЛШ бидејќи последниве 3-4 сезони сме можеби најголем трошач на пазарот, и сепак тоа треба да се оправда.
 
добра утакмица за сите најдобар впечаток ми оставија мата блинд и фела блинд мастер мајнд
 
Збор лош да не чујам за Погба, сосема друга димензија во игра внесува неговото присуство башка многу топки пресече а и тешко да му се одзеде.Одлично деби нека продолжи така.Кај е сега членот да паламуди дека Погба не е фит и дека летните активности меѓу кои и баскетот со Лукаку не му помогнал во неговото одржување на фитнесот. @Ставрогин ти мислам дека беше :)

Не бев јас сигурно. Ако најдеш мое такво мислење ќе го частам ручек цел фан клуб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom