Еве видовме уште еден пат како Ван Гал и покрај големиот број на повреди, успеа да го скрпи составот и да дојдеме до нови 3 бода.
По повредата на Херера во 23 минута, паметно ја смени формацијата во 3-5-1-1, со одглед на тоа што немавме соодветна замена за Херера на таа позиција(можеше Переира да игра принудно таму ама ќе немаше баланс во тимот), го стави Рохо и солидно одигра на ЛЦБ и покрај тоа што направи според мене пенал кој можеше да се избегне.
Вотфорд имаа само две посериозни шанси за гол, што заначи повторно одигравме супер на дефанзивен план. Со оваа значајна победа сега сме на 2 место и 1 бод зад Лестер, и со натпреварот против нив следиот викенд се надевам дека ќе го предземеме првото место.
Ама прво во среда против ПСВ со победа да се пласираме во осмина финалето, и со евентуална победа на ЦСКА против Волфсбург во Русија и ќе го загарентираме првото место во групата на едно коло до крајот.
Можно е Руни да се врати за овај натпревар, што би било поважно него Марсијал, ако се знае фактот дека Руни може да покрие повеќе позиции на теренот, а и плус Марсијал не би сакал да се ризикува за да биде спремен против Лестер ако се опорави до тогаш а и Депај може да заврши работа против неговиот поранешен клуб.
Дури и Санчес Флорес потенцираше вчера дека против сега овој Манчестер е многу тешко да се направило шанса и да се дадело гол, и сето тоа заради Луис Ван Гал.
Значи Ван Гал си го градеше составот по своја желба и сите гледаме како полека се враќаме на старите патеки. Мразам да коментирам за желби, односно за трансфери, а особено во Јануарскиот преоден рок, ама ако се дојде до некое брзо крило за соодветни пари и со подобар квалитет од оваа што го имаме треба да се купи, бидејки точно таков тип на играч ни фали во оваа игра.