Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Па он е единствен кој може да ја согледа лоботомијата.
И зошто ѓубре не ми е јасно?
Ако нека ја согледува т.е договорете се и заедно согледувајте ја, ама не во фан клубов ;)
И ѓубре, зошто е ѓубре, симпли ;)
 
Како што очекував и Џонс и Еванс се фит за утре. :)
307297_604388469587898_974013594_n.jpg


65723_604389119587833_904384682_n.jpg
 
Па он е единствен кој може да ја согледа лоботомијата.
И зошто ѓубре не ми е јасно?
Зошто нема друг збор за ѓубре во македонскиот литературен јазик. Може отпад ако се рачуна? Инаку кај нас кога се прави муабет за ѓубрење на нивите, викаат ќе одам да фрлам гној. Значи може да се нарече дотичното ѓубре и со ГНОЈ(лајна од говеда) :icon_lol:

Он: Гледам сите се спремни за утре, тоа ме радува. Очекувам Руни да даде гол утре, така осеќам некако. Рио игра сигурно назад, е сега дали Еванс или Видич ќе му прават друштво не знам. Мислам дека и Нани има шанса да игра бидејќи во неделата на настапи, исто и Сколс и Керик прва постава ќе се. Не знам само дали Велбек ќе го стави или не;)
 
Зошто нема друг збор за ѓубре во македонскиот литературен јазик. Може отпад ако се рачуна? Инаку кај нас кога се прави муабет за ѓубрење на нивите, викаат ќе одам да фрлам гној. Значи може да се нарече дотичното ѓубре и со ГНОЈ(лајна од говеда) :icon_lol:
Ѓубре го викате бидејќи некои се пронаоѓат во неговите зборови но не сакат да го прифатат тоа. :cool:
 
Ѓубре го викате бидејќи некои се пронаоѓат во неговите зборови но не сакат да го прифатат тоа. :cool:
Цел ваш клуб пати и се пронаоѓа во моите зборови ама до толку не сум бил директен да ве разочарувам, па да ви велам да се убиете. Без вас светот ќе биде празен, ќе нема кого да дупиме :icon_lol:
 
Цел ваш клуб пати и се пронаоѓа во моите зборови ама до толку не сум бил директен да ве разочарувам, па да ви велам да се убиете. Без вас светот ќе биде празен, ќе нема кого да дупиме :icon_lol:
Абе ости, страв и трепет преовладува кај сите фанови на Ливерпул кога ти пишуваш.... Да не бидам целосно офтопик, се надевам дека Алонсо ќе ве реши на сред Олд Трафорд. :icon_lol:
 
Абе ости, страв и трепет преовладува кај сите фанови на Ливерпул кога ти пишуваш.... Да не бидам целосно офтопик, се надевам дека Алонсо ќе ве реши на сред Олд Трафорд. :icon_lol:
Ако веќе не решава некој подобро Алонсо отколку некои фаци ко Олсон, Риџвел...:icon_lol:

РвП го собрал Видиќ на тренинг :icon_lol: the world is coming to an end
 
Абе ости, страв и трепет преовладува кај сите фанови на Ливерпул кога ти пишуваш.... Да не бидам целосно офтопик, се надевам дека Алонсо ќе ве реши на сред Олд Трафорд. :icon_lol:
Тешко вас кога се крстите во трети тимови. Ај може за некоја година и ќе изиграте утакмица во ЛШ...
Сигурно и за шити навиваш...
 
Има ли ли уште некој што е како мене оптимистички расположен,и што мисли дека нема да знаат што ѓи снашло:)?Инаку за составот знам дека не може да се погоди,али све си мислим дека нема да излезе со Руни и Рвп. Си мислим дека ќе излезе со Кагава како полу шпиц,и Рвп.
 
Идејата со Џонс да биде директен маркер на Роналдо не знам колку ќе биде паметна. Точно, Џонс одигра одлично и го оневозможи Фелаини да одгра така како што Мојс замислил, ама факт е дека Фелаини и Роналдо се сосема различен тип на играчи. Џонс беше директен маркер бидејќи требаше физички силен играч да се носи со неговиот начин на игра поготово после првиот дуел на двата тима оваа сезона, кога Фелаини сам го разби целиот наш среден ред. Плус тоа Фелаини е многу поспор играч од Роналдо.

Кога Џонс би бил маркер на Роналдо, Кристијано многу полесно ќе доаѓа до позиција да прими топка, зошто е побрз од Џонс, со далеку посупериорна техника од Фелаини и Џонс ќе треба бајаги да го крене нивото на игра ако сака да е барем блиску да го сопре. Физичките дуели меѓу нив ќе ги нема зошто стилот на игра на Роналдо е далеку поразличен од тој на Фелаини ако веќе правиме споредба меѓу двата играчи, плус тоа што Роналдо менува страни и напаѓа најмногу по левата, но често и по средината и од десно.

Ако веќе Џонс игра на овој меч во првата постава главна задача ќе му биде да го стесни просторот околу Роналдо пред да добие топка и доколку добие топка да му помогне на Рафаел со тоа што ќе го удвои заедно со Рафаел. Нашата главна преокупација ќе биде да се погрижиме топката да не стигне до Роналдо многу често. Кедира и посебно Алонсо ќе биде важно да се сопрат т.е. нивното додавање каде несомнено прва опција ќе им биде Роналдо. Ако веќе се игра маркер на човек многу попаметна опција ќе биде тоа да биде баш на Алонсо.

И нас кога противничките тимови ќе не затворат во средината, Керик поготово, топката оди назад кон Фердинанд или Видиќ на пример, а тие како дефанзивци не можат да ја организираат играта како што тоа може Керик. Значи ако се затвори Алонсо, топката ќе мора да оди кон Кедира кој повеќе е работник одошто креативец или кон некој дефанзивец кој нема да може да го истиот ефект како Алонсо. Втората опција во таков случај е Роналдо да се враќа и да ги почнува акциите или нешто како Руни што беше кај нас кога играше поназад, ама така влијанието на Роналдо офанзивно би се намалило.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom