- Член од
- 16 август 2009
- Мислења
- 2.218
- Поени од реакции
- 1.724
Секој обичен човек може да свати дека и Руни е човек кој понекогаш може и слабо да одигра, не е идеален, но во тој случај треба друг да реагира со тоа што ќе го повлече од теренот.
Многу јасно, ама се додека го имаме овој состав на располагање, никогаш нема Руни да биде повлечен од теренот, освен не дај Боже поради повреда. Знае и тоа добро да направи од ништо нешто, имало 100000 утакмици кога не играл добро, ама на крај успеал да постигне гол и да победи Јунајтед. Од кој "подобар" ќе чекаме гол? Од младината?
Незнам кој погоре спомна оти руни го чуват по 2ца и за тва неможе од него сичко да се очекува. Значи роналдо не игра кај нас 1 сезона па за да не го знаат другите доволно добро и да го остават по 3-40 гола да дава, и него го чуваа, ама у него беше силата на МЈ (поздрав до канал). Сакам да кажам оти руни га нема таа фудбалска моќ шо га има роналдо и тука губеме ние.
Видејте го само арсенал, сите играче шо играат у првио тим коо се ги купиле дали се вределе 30м заедно, а саа можат сите 1 по 1 слободно за по 30м да ги продават. Ние сме слични как арсенал.
Па точно е тоа. Колку го чуваат кога игра осамен во нападот??? Дури мислам и дека 3ца. Роналдо не играше истурен напаѓач, логично не може него да го чуваат 2ца, пошто игра во поголем радиус на теренот и не е последен играч. Викаш го оставаат да дава по 3-40 гола. Дали не мислиш дека со самото присуство на Руни и Тевез (невероватно брзи и опасни напаѓачи) тој не добива многу повеќе простор? Па противниците не смееја да мрднат пошто кога се пазеа од исток, голот ќе го примат од запад, т.е не знаеја како да се одбранат против таков силен тим. А дали сега Руни ја има таа поддршка од сегашниот состав што тогаш ја имаше Роналдо? Јас мислам големо НЕ. Лесно е кога во тимот на сите страни имаш перфектни индивидуалци, дури и еден Пандев го изјави тоа, не е исто да чека топка од некој во Лацио, или од тиквата Илче Наумовски 5 минути за еден пас, туку овде му е Снајдер, Камбијасо итн.
Руни ја нема фудбалската моќ кога губиме? Па и тој е човек и може да не изигра некогаш на потребното ниво. Да беше Роналдо сега во овој момент во тимот, а да ги нема Руни и Тевез ќе дадеше 40 гола? Мало морген. И неговите ќе беа од пенал, чат пат слободен удар. Колку утакмици имало Роналдо да не го бива? Еве зашто со Милан дозволи еден Гатузо да му се исмејава? Па не мрдна Роналдо тогаш. И нормално не победивме. Зошто појма немаше во финалето со Барселона? Осети како е да играш истурен напаѓач а? Тешко е некако таму.
Сакам да кажам дека тимот не ни е ист тогаш и сега, и не може да споредувате така. Од кај да знам, ако го немало Руни, можда Роналдо немало да постигне ниту 15 голови, колку што сега има Руни, а тоа е одлично. Зашто Руни игра многу подобро кога Бербатов е во тимот, отколку Овен или општо? Па Бербатов навлекува 3ца дефанзивци на него и асистира како никој во Манчестер, ако се смеете вие бавен ваков, таков, Ферги не е глуп и не за џабе изјавува дека како тандеми ќе ги игра Руни-Берба или Овен-Берба. Од друга страна друго е со Руни и Овен, еве сме играле и така, Овен дреме нон стоп у 16кот противнички и чека да заврне дожд. Мора да има разновидност во нападот, па затоа се комбинираат различни типови на играчи. Мислам дека и овој пример ја објаснува разликата за силината на тимот во зависност од моменталните играчи на теренот.
А Арсенал не можат да ги продадат секој играч посебно по 30 милиони, пошто како прво не вредат толку. Денилсон, Едуардо, Бендтнер, Ебуе, Гибс, Вела...никој од овие не вреди толку, освен Волкот да кажеме дете со огромен потенцијал. Тоа се исклучоци во секој тим, па така и Роналдо кај нас. Како второ чекаат 100 години за токму тие фудбалери да му донесат некој трофеј на клубот, а не е финтата да ги направат и да ги шутнат. На Венгер тоа не му е целта. Тој сакаше да изгради тим кој понатаму ќе освои нешто. И ние воопшто не сме слични со Арсенал, ние освоивме еден куп трофеи изминатите сезони, додека они заборавија како уствари изгледаше трофејот.
Не споредувам Јувентус со Манчестер Јунајтед далеку од тоа, види ми ја прво поентата па после коментирај. Ја споредувам формата на Манчестер Јунајтед и Милан, играта на Милан и Манчестер Јунајтед.
Ја споредив играта на Милан против Јувентус, Џенова...со играта на Манчестер против Бирмингем, Лидс (мада куп ова...со сосем невобичаен состав). Значи не мешај баби и жаби. Биди малку реален дека играта на Јунајтед во МОМЕНТОВ не е баш тоа што го посакуваме.:smir:
Се е јасно, ама не може да споредуваме Милан-Јувентус како било, па Манчестер со не знам кој. До 16 февруари може да се издесат едно 1000 работи шо може да ја сменат ситуацијата. Може да се смени формата на некој од тимовите. Па нели на почетокот на сезоната беше обратно? Милан никаде ги немаше. Шо ако се повреди некој од најбитните играчи? Што ако некој добие црвен картон или невнимателен пенал? И двата се клуба се гиганти, па може се да се случи и затоа не давам предност никому, пошто се ќе се измери на теренот во тој момент. А претпоставките месец дена порано мене не ми значат ништо. Поздрав!