Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Канал другар, жалам што ќе те разочарам

Фергусон не размислува за пензионирање

И ајде можеш да ми кажеш само како според тебе фали повеќе Тевез него Роналдо, со оглед дека даде феноменални 5 гола во пл цела сезона?И зашо толку го хејташ одеднаш Роналдо?Без навреди и сл. нормално да збориме.

Лол, какво пензионирање бе, додека e подвижен и гледа ќе биде менаџер на Јунајтед :). Ѕвер бе:

"Јас сум во мојот перфектен тим, најдобриот тим и така се мотивирам да бидам во овој тим се додека нозете не ми попуштат.Имам сеуште енергија за да менаџирам тим како Јунајтед и да го носам кон нови титули."

На сликата е прав фраер :pos2:

А шо сега ја тупите кој повеќе фалел. Ебате муабето. На мене ми фале Саха па никому ништо. :toe:
 
Fiorentina Agree Terms With Partizan Star Adem Ljajic - OFFICIAL

http://goal.com/en/news/11/transfer...na-agree-terms-with-partizan-star-adem-ljajic

Samo da znaete, go propustivte najgolemiot balkanski talent, pozz

Тоа ни е добро познато.Не за џабе беше на чекор од Јунајтед.За жал немаше среќа со работната дозвола :toe: Не му било пишано да игра за нас...Можеби во иднина некогаш :vozbud:
 
http://uk.eurosport.yahoo.com/football/jim-white/article/15691/

читнете го ова, за вашиот клуб е. за работата на глејзерови, како го уништуваат клубот

Интересна статија од Џим Вајт, роден фан на Манчестер, имам и една книга за клубот од него. Статијата е чиста вистина за тоа што имаат направено Глејзери од кога стапнаа во Манчестер.

А Харгривс го гледам на сликите од Катар како тренира со остатокот од екипата, значи почнал да тренира фул, а добро е тоа, едвај чекам да го видам на теренот.
 
Ајде уште некој нека пише дека сме го пропуштиле Љајиќ ебаго, ко од вчера да сме -.-
 
Работата е што ние кога требаше да го купиме Љајиќ, овие од Фиорентина незнаеа дека постои таков фудбалер, а сега ни солат памет како демек сме испуштиле голем талент... :nesvest:

Значи да не ме разберете погрешно, Љајиќ е екстра талентиран фудбалер, и мене ми се допаѓа многу неговата игра и сакав да дојде во Манчестер Јунајтед, ама немора да го дрвите сега тука како сме испуштиле голем талент... чекајте прво нека се адаптира кај вас, нека покаже што знае и умее, па потоа дискутирајте... а има време и ние ќе го купиме, односно има време да игра и кај нас :)
 
Точно е дека заминувањето на Тевез е поголема загуба за Јунајтед отколку Роналдо. За некои е обратно само заради фактот дека едниот повеќе играше, а другиот повеќе беше резерва. Но тоа не е вина на Тевез. Сега кога не е резерва, може да се каже дека растура кај "комшиите", ама секогаш се ценат луѓето откога ќе ги загубиш. Впрочем и горната изјава на Шерингам е од Шерингем, не од некој од улица.
Смешно. Дури и патетично смешно.
Кажи ми ако бил толку квалитетен оти не играше пред Рони? Оти еден смрдлив татар му го зема местото? Фергусон глуп е да игра послаб место појак играч?
 
Фергусон ни малце не е глуп...ама он го донесе бербатов за да го врати системот ко со Ван Нистерлој пошо реално гледано Бербатов е таков тип на играч,можда е малку поподвижен и креативен..ама очигледно е дека Бербатов не ги оправдува парите вложени во него..цела сезона лани го форсираше него иако кога играше Тевез играта имаше друга димензија..
Фергусон не е глуп ама е тврдоглав..
 
Канал другар, жалам што ќе те разочарам

Фергусон не размислува за пензионирање

И ајде можеш да ми кажеш само како според тебе фали повеќе Тевез него Роналдо, со оглед дека даде феноменални 5 гола во пл цела сезона?И зашо толку го хејташ одеднаш Роналдо?Без навреди и сл. нормално да збориме.

Очигледно ти никако не сакаш нормално да "збориш". Прво јас не сум претскажувач и не реков дека предвидувам дека во Јануари Фергусон ќе се пензионира. Јас не сум разочаран, што Ферги не се пензионира, само сакам (и јас и сите) да не посакам да се пензионира. Ништо поинаку не напишав од многу тука кои нон стоп пишуваат дека Ферги ја утнал тактиката, ставил погрешен играч или нешто слично. Тоа е истата песна, само во две верзии испеана. Тебе можеби повеќе внимание ти привлекува "мојот ремикс" :). Убаво кажав дека можеби треба човекот да се пензионира со оглед на 68-ката и со оглед на тоа што не функционира исто како во сите негови 23 години стаж (нормално според законите на природата). Незнам колку од тие 23 години ти се познати за да можеш тоа да го сватиш. И мислам дека убаво ме сфаќаш што сакам да кажам, но ете сакаш да одиш контра. Нема проблем оди си контра, мене тоа не ми смета. Мене ми смета кога некој си ја манифестира (не)културата и (не)интелигенција, и само тогаш реагирам. Извини што не сум од оние кои прифатиле дека се што ќе кажеш ти, е точно.
А за тоа дека Тевез повеќе фали и ти се имаш многу пати индирекно произнесено кога пишуваш дека треба да купиме напаѓач (да не ги барам постовите, Василица е :) ). Тевез е човекот кој многу повеќе го сакаше Јунајтед и беше спремен да погине на теренот. Да се разбериме, Тевез не си отиде сам "затоа што сакал да освојува нови трофеи" (зборови на твојот Роналдо), туку индирекно беше избркан од Фергусон со неговото непочитување, неценење како играч, со тоа што нон стоп беше на клупа. Не ги одобрувам неговите навреди потоа кон Ферги, но тоа беше производ на целата работа, за која сигурно сега се кае Тевез. И прави ми споредби за голови сега кога е на теренот. Само немој математички затоа што не е исто да добиваш поддршка од средината и нападот на Реал и Манчестер Сити. Какви се тие споредби за лани? Знаеш колку помалце играше од Роналдо. Зарем е возможно од клупата да постигнува голови? За вас сите што се на клупата се слаби играчи. Истото е сега и со Нани, Парк, Тошич, Андерсон и др. Но сепак како што јас ви го почитувам вашето размислување и ви реплицирам без навреди и исмејување, пожелно е и вие така да се однесувате понатаму овде. Сепак имаме нешто заедничко, Јунајтед. Поздрав!

Смешно. Дури и патетично смешно.
Кажи ми ако бил толку квалитетен оти не играше пред Рони? Оти еден смрдлив татар му го зема местото? Фергусон глуп е да игра послаб место појак играч?
Тебе не вреди да ти реплицирам
 
Тебе не вреди да ти реплицирам
cluelessness.jpg
 
Очигледно ти никако не сакаш нормално да "збориш". Прво јас не сум претскажувач и не реков дека предвидувам дека во Јануари Фергусон ќе се пензионира. Јас не сум разочаран, што Ферги не се пензионира, само сакам (и јас и сите) да не посакам да се пензионира. Ништо поинаку не напишав од многу тука кои нон стоп пишуваат дека Ферги ја утнал тактиката, ставил погрешен играч или нешто слично. Тоа е истата песна, само во две верзии испеана. Тебе можеби повеќе внимание ти привлекува "мојот ремикс" :). Убаво кажав дека можеби треба човекот да се пензионира со оглед на 68-ката и со оглед на тоа што не функционира исто како во сите негови 23 години стаж (нормално според законите на природата). Незнам колку од тие 23 години ти се познати за да можеш тоа да го сватиш. И мислам дека убаво ме сфаќаш што сакам да кажам, но ете сакаш да одиш контра. Нема проблем оди си контра, мене тоа не ми смета. Мене ми смета кога некој си ја манифестира (не)културата и (не)интелигенција, и само тогаш реагирам. Извини што не сум од оние кои прифатиле дека се што ќе кажеш ти, е точно.
А за тоа дека Тевез повеќе фали и ти се имаш многу пати индирекно произнесено кога пишуваш дека треба да купиме напаѓач (да не ги барам постовите, Василица е :) ). Тевез е човекот кој многу повеќе го сакаше Јунајтед и беше спремен да погине на теренот. Да се разбериме, Тевез не си отиде сам "затоа што сакал да освојува нови трофеи" (зборови на твојот Роналдо), туку индирекно беше избркан од Фергусон со неговото непочитување, неценење како играч, со тоа што нон стоп беше на клупа. Не ги одобрувам неговите навреди потоа кон Ферги, но тоа беше производ на целата работа, за која сигурно сега се кае Тевез. И прави ми споредби за голови сега кога е на теренот. Само немој математички затоа што не е исто да добиваш поддршка од средината и нападот на Реал и Манчестер Сити. Какви се тие споредби за лани? Знаеш колку помалце играше од Роналдо. Зарем е возможно од клупата да постигнува голови? За вас сите што се на клупата се слаби играчи. Истото е сега и со Нани, Парк, Тошич, Андерсон и др. Но сепак како што јас ви го почитувам вашето размислување и ви реплицирам без навреди и исмејување, пожелно е и вие така да се однесувате понатаму овде. Сепак имаме нешто заедничко, Јунајтед. Поздрав!
Од целиов твој пост не се согласувам само во делот за Фергусон.. Јас мислам дека Манчестер денес не е Манчестер ради Хјуз,Кантона,Бекам,Роналдо или Руни него е ради тој човек..едноставно тој го направи тимот она што е денес.. И мислам дека нема газда на планетава кој доколку е сопственик на Ман.Ју. кој би можел да му даде отказ.. сметам дека Ферги е и повеќе од свесен до кога би можел да го менаџира клубот и дека не би го држел тоа место доколку не е подготвен за тоа..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom