Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Очигледно е дека ќе се удира на Лонзо, друга логика на трејдов не гледам. Не го имам гледано како игра, не можам ништо да коментирам околу тоа, ама ме нервира што е ексцентрична особа и што често влага во конфликт со медиумите, и он и татко му.
Лонзо е прилично повлечен барем од тоа што сум го гледал. Мислам дека топ ќе се вклопи во Лејкерс.
 
Очигледно е дека ќе се удира на Лонзо, друга логика на трејдов не гледам. Не го имам гледано како игра, не можам ништо да коментирам околу тоа, ама ме нервира што е ексцентрична особа и што често влага во конфликт со медиумите, и он и татко му.
Ne e problemot Lonzo nego tatko mu..
 
We are all Big Ballers on this blessed day :D
Добро е го земаа Лонзо, татко му на нас ни изгледа дебил зашто не сме научени да гледаме вакви reality stars во НБА, ама типот буквално го направи Lonzo to LA побитно од тоа што Фулц оди во фили, цел медиумски простор е зафатен од Лонзо. Дека ќе биде на мета на другите играчи заради ова, ќе биде, ама и Лук Волтон бил на мета кога влегол како руки исто заради татко му, па уште во текот на годината прекинале да го малтретираат :D Има многу интересни приказни за тоа како се наддавале чив руки ќе биде Волтон :D

Од друга страна Д-ло отиде, малце неочекувано, ама ете Купчак и Џим го уништија тоа што го градеа толку време со тие два договори (Мозгов и Денг). Сигурно фронт офисот има причина зашто е Деанџело волку рано трејдан, на крај може ќе испадне најдобро за сите, реално ептен Бајрон го унакази уште од почеток. Брук Лопез последниве години не се повредува, плус договорот му истекува така да ако не се компетитивни сигурно ќе упецаат некој пик на трејд дедлајн.
 
Што бе Кевин Мартин го драфтувавме? :icon_lol: Што му е со шутов на братов бе :facepalm: Една од најретардираните техники што ја имам видено.
 
Што бе Кевин Мартин го драфтувавме? :icon_lol: Што му е со шутов на братов бе :facepalm: Една од најретардираните техники што ја имам видено.
Не ми текнуваше на кој од нба ми личи неговиот шут хахаха ... Иначе од видеата што ги изгледав е доста добар не само за плеј туку го бива и за забивање ..
 
Расел и Мозгов за Брук Лопез и 27 пик на драфтот... Одличен според мене за Лејкерси се ослободуваме од телето Мозгов... Уште од Денг да се ослободат ќе биде топ .
Toa e тоа, сеуште се плаќаат ретардираните потези од кога Џим Бас сеуште си играше генерален менаџер на клубот.
Штета за 2-риот пик од одличен драфт.


Од друга страна Д-ло отиде, малце неочекувано, ама ете Купчак и Џим го уништија тоа што го градеа толку време со тие два договори (Мозгов и Денг). Сигурно фронт офисот има причина зашто е Деанџело волку рано трејдан...
Ќе требаше да делат минути со Лонзо, а Деанџело сега веќе е извесно дека плафонот му е некој просечен играч.
Лично мислам дека требаше да се танка следниве години додека не им истечат договорите на Мозгов и Денг. Вака со Брук Лопез менуваат го потенцијалот на Деанџело за дебелиот ретардиран договор на Мозгов, а не е дека сегашното младо јадро на тимот е спремно за некој успех. Барем и Денг да го упакираа некако во дилот.

Инаку страњево е целото од Џим, исто како и серијата глупи одлуки за тренери, и редица други грешки како отпуштањето на целиот тим од скаути (и вработување на бармен од локалниот бар како главен скаут).
Купчак е ѕвер од генерален менаџер и да не заборавиме какви работи има направено за Лејкерси, човекот си попи отказ како жртвено јагне иако само извршуваше наредби.
 
Сега за сега, Лонзо топ се покажува, иако шутот не влегува и не е толку ефикасен како што се очекуваше. Во колеџ ретко вака шутирал по 20 пати, најверојатно тренерите го форсираат да зима повеќе шутеви заради квалитетот на соиграчите и за самодоверба.
Од другиве дечки, Кузма максимално ме изненадува, си ги погодува отворените тројки, игра солидна одбрана, прв трча во контра. Ако вака продолжи уште еден Лери Ненс е во најава. Карузо исто сосема солиден.
Негативно сум изненаден од Зубац, многу се очекуваше од него годинава, поготово во летната лига, каде треба да доминира со оглед на играчите против кој игра, ама он сериозно назадување од лани, го лепат по 3/4 пати, 10 скока не памтам да имал, а поените што ги дава се од под кош по продор на Карузо или Бол.
 
Најпријатно сум изненаден од Карузо, заслужено си потпиша дечкото на 2 години. Против Сакраменто феноменално изигра, новиот Ману Џинобили
 
Дап Карузо изигра супер против Сакраменто, кога го седнаа Лонзо. Добра работа се тие новите two-way договори, клубот има 45 дена да одлучи дали ќе му даде фул договор (45 дена во нба ростерот, не се рачуна д/г лигата).
 
Кузма изгледа ќе биде интересен играч, посебно за 27ми пик од кој не се очекува многу:


 
Кузма ќе испадне најголем грабеж на драфтов, топ игра дечкото, исто и овој од Свениган од Портланд, одлично изигра, а двајцата биле 27 и 28 пик. Од другиве мислам дека Томас заслужува two-way договор, снајпер е, за лимитирана минутажа мислам одлично би дошол. Фали еден солиден ветеран плеј, да игра стабилно Лонзо кога ќе е на клупа и да му биде некој вид на ментор во тимот.
Мислам сезонава е доста битна за Зубац, го планираа како втор центар, ќе има солидна минутажа, би било убаво ако ја искористи.
 
За ментор сакаа Рондо да го донесат, јас лично мислам дека човекот не е баш најдобар избор за тоа. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom