Сега за сега, Лонзо топ се покажува, иако шутот не влегува и не е толку ефикасен како што се очекуваше. Во колеџ ретко вака шутирал по 20 пати, најверојатно тренерите го форсираат да зима повеќе шутеви заради квалитетот на соиграчите и за самодоверба.
Од другиве дечки, Кузма максимално ме изненадува, си ги погодува отворените тројки, игра солидна одбрана, прв трча во контра. Ако вака продолжи уште еден Лери Ненс е во најава. Карузо исто сосема солиден.
Негативно сум изненаден од Зубац, многу се очекуваше од него годинава, поготово во летната лига, каде треба да доминира со оглед на играчите против кој игра, ама он сериозно назадување од лани, го лепат по 3/4 пати, 10 скока не памтам да имал, а поените што ги дава се од под кош по продор на Карузо или Бол.