Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Едно е јасно ... мора да се направат промени ... лично мислење е дека најболната точка на Лејкерси е токму позицијата поинт гард каде ги имаат старите Фишер и Блејк , доколку сега би го зеле Двајт и да најдат некој пристоен плеј од овие слободните играчи кој би можел достојно да игра на таа позиција барем 1 или 2 години би било супер ... а по истекот на тие 2 сезони можат да се свртат кон некој солиден плеј како на пример Пол или Џон Вол ... едно е јасно е дека на Лејкерс му фали млада крв не знам зошто не му даваат повеќе минутажа на Ибанкс или Браун се надевам дека со доаѓањето на Мајк на тренерската позиција ке се смени ова ...
 
јас сега читав дека можно е да го дадеме Пау Гасол за Кевин Лов + 2 пик на драфтот од Минесота :) со тоа би добиле двајца млади играчи :)

Гасол не смееме да го шитнеме.Сеуште овој играч може уште многу да даде за нас.
 
Се збори дека можеби ќе го земеме ЈЈ Бареа.Бареа е слободен агент така да ако сакаат,мислам дека добар потез ќе напраат со негово ангажирање
 
Гасол не смееме да го шитнеме.Сеуште овој играч може уште многу да даде за нас.

Јас баш спротивно мислам дека веќе Гасол неможе да ги повтори сезоните пред тоа ......
 
Добар избор синоќа, Андрју Годлок првакот во 3ки оваа година ни фалеше ваков играч во тимот :)
 
Шо велите кој е најдобриот Езерџија на сите времиња ? Меџик, Карим, Коби, Вилт, Логото, Шек, Бејлор или Микан ?
 
Шо велите кој е најдобриот Езерџија на сите времиња ? Меџик, Карим, Коби, Вилт, Логото, Шек, Бејлор или Микан ?
По мое..првите тројца би биле вака некако
1. Карим
2. Меџик
3. Шек
Иако и Коби би конкурирал за 3.
 
Меџик и Коби.
А мислам дека неможе да ми дозволи срцето да го ставам Шек пред овие двајца.Овој беше играч,али ми е предавниче зотшо кога паднавме се мајна.
 
Според мене најдобра кариера направи Меџик, најголемиот играч кој некогаш заиграл за Лејкерс е Карим ( но кога стигна во Лејкерс веќе беше во 30тите) , а најдоминантниот беше Шек ( од 99 до 2003 незнам дали имало играч во историјата шо беше толку добар и незапирлив, можи едниствено Џордан )
 
Ирвин Џонсон е најдобриот кошаркар на сите времиња, во универзумот. Аналогно на тоа, и најдобар „езерџија“ е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom