Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Лош трејт ќе е ако се одлучат на такво нешто...јас би го дал Џејмисон и 2ца од драфтот така да ќе имаме добра 4ка со доаѓањето на Смит а исто така ќе има поголема ротација на центрите со Гасол и Хауард :D

да уште да беше ова 2k12... :rolleyes:
 
Лош трејт ќе е ако се одлучат на такво нешто...јас би го дал Џејмисон и 2ца од драфтот така да ќе имаме добра 4ка со доаѓањето на Смит а исто така ќе има поголема ротација на центрите со Гасол и Хауард :D

Ти си многу скромен бе ? :) И што би можеле Лејкерси од драфт да понудат на Атланта , пиковите за следната година од драфт Лејкерс ги даде Финикс за трејдот на Неш , а и ако останал некој пик за понаредната година тоа нема да биде висок пик на драфтот , што ќе и е на Атланта некој пик под број 50 или уште послаб пик на драфт . Атланта ќе си почека уште некое време со Џош Смит , а ако тој не потпише нов договор ( ни јас не очекувам дека Смит ќе потпише нов договор ) тогаш после ол стар натпреварот Атланта ќе го трејда Смит некаде , и секако ќе извади многу подобра понуда за него , од оваа твојава во најмала рака смешна и омаловажувачка понуда . Можно е Атланта со Бостон да направи некој трејд за Смит да ги добијат Бредли и Бас или Салинџер и некој пик . Или со Чикаго по мене може да има зделка со Атланта , и онака во Чикаго не се задоволни од Бузер и ете фин трејд за Атланта , а не оваа твоја фантазија .
Впрочем ми се гади од ваквите фанови , кои сакаат сите најдобри играчи да ги соберат во свој тим , тоа е и причина да навивам за секој тим што ќе игра годинава против Лејкерс и Хит во НБА . Сакаат се да соберат најдобро , а уште и да не понудат добра понуда за трејд .
Твојава имагинација е како на пример , да даваш постари девојки од 35 години , а сакаш да земеш 1 млада девојка од 18 години . Е тоа малку потешко ќе оди , во Атланта не пијат нафта . :)
 
Читам, ќе го давале По Гасол и некој пик на драфт за Џош Смит од Атланта, што ќе им е, не знам :)
Ако е вистина ова тогаш се потврдува дека Мајк сака да си остане на својот стил на игра, ран енд ган кошарката. Во овој случај ќе има одличен тркач на 4ка, на 5ка најподвижниот центар можеби во лигата, плејмејкер кој го играл овој напад со години и Коби и Мета кои не би требало да имаат проблеми да се прилагодат на овој стил на игра иако сметам дека Коби би се противел на ова.
Јас сум категорично против давање на Гасол и форсирање на ран енд ган кошарката, едноставно мора да се искористи пик енд ролот на Неш и Хауард, изолациите на Коби и отворените шутеви на Гасол од полудистанца. Ако Д'Антони е дојден за да го мења форматот и стилот на игра на Лејкерс тогаш е осуден на пропаст, еве уште од сега кажувам, исто како што Лејкерси беа осудени на пропаст кога им беше тренер Браун.
 
Ако е вистина ова тогаш се потврдува дека Мајк сака да си остане на својот стил на игра, ран енд ган кошарката
Не го слушаше интервјуто пред некој ден?
Впрочем за што го земаа во ЛА, освен биде таков тренер како што од секогаш бил...

...тоа малку потешко ќе оди , во Атланта не пијат нафта . :)
Атланта уште од пред неколку сезони беа заинтересирани за Гасол (но ЛА не беа заинтересирани за Смит). Но сега мислам дека оваа варијанта не е можна, Атланта се во ребилдинг мод и не им треба играч како Гасол.

Од друга страна, знаејќи го Купчак, размена во која ќе учествуваат уште 1-2 клубови е секогаш можна. Единствено не сум сигурен дали Смит е добар фит во ЛА... ма не сум сигурен ни како ќе иде играта под Д'Антони. Секако во блиска иднина не верувам дека ќе има размени.
--- надополнето: 19 ноември 2012 во 00:18 ---
..даваш постари девојки од 35 години , а сакаш да земеш 1 млада девојка од 18 години ...:)
Стара кока, добра супа... :)
 
Не сум го видел интервјуто од пред некој ден на Мајк... Иначе знам ја дека он ќе си го игра тој формат, но мислам и дека ќе микса, со пикови на Неш и Хауард и Коби и Хауард и изолации за Коби, нормално помалку изолации за разлика од лани каде што буквално секој напад беше изолација за Коби.
За вечер очекувам победа против Рокетс, онака ра рокне едно 20че, да се спуштат малце на земја Харден фановите кои сеуште мислат дека Харден ќе земе МВП оваа сезона.
 
Во поглед на Харден, а од аспект на твојата желба, скоро па добро е што Неш и Блејк се повредени... ако некоја работа Дариус Морис ја прави релативно добро оваа сезона, тоа е играта во одбрана. :)
(иако тој можеби ќе оди на Лин)
 
Јас мислам дека ќе одговара Смит во тимот. Ако се случи оваа размена, темпото ќе биде многу побрзо и ќе изгледаат посвежо. Да не збориме колку тоа му одговара на Мајк.
 
Е ова е игра:cuc::cuc:,и после не било до тренерот:rolleyes:,браун си гледа сеа дома,и си вика,кај ми беше паметот,кога успеав ваква екипа да ја уништим.Како и да е ова вистинската игра,уште коа ќе се врати неш,е тек тогаш ќе биде,што ќе биде.
Коби:cuc::cuc::cuc:трипол дабол,жими све не е нормален.
Хаулард, монструм:):cuc::cuc:
Артест,или научил да игра баскет,или стварно опасно се дрогира:D:cuc::cuc:
Клупата на лал:cuc::cuc::cuc:
Гледајте си снимка нема да зажалите.
 
Дап, уште утрово имаат ставено снимка на http://bt.davka.info

Прва утакмица сезонава да ја одгледам со кеиф (y) , без да се нервирам (многу). Цел тим, сите ама буквално сите изиграа добро. Почнувајќи со Светомир на почеток од утакмицата, па преку Дариус Морис со солидна одбрана и добар шут, Гасол солидно, Хауард одлично, Коби: ПЕРФЕКТНО. Трипл-даблот беше само шлаг на тортата, ма дури и Духон не смрдеше премногу.

Е сега одбраната... има подобрување, ама не е доволно. Оваа утакмица е доста подобра од сезонскиов просек, но да не заборавиме дека пред некој ден од еден Феникс примија над 60 поени од под кош.
Под кош многу лесно примаат поени ЛА, противниците им влагаат кој како стигне. Тоа кје мора да се смени... на патот кон титулата!!! :)
 
Во поглед на Харден, а од аспект на твојата желба, скоро па добро е што Неш и Блејк се повредени... ако некоја работа Дариус Морис ја прави релативно добро оваа сезона, тоа е играта во одбрана. :)
(иако тој можеби ќе оди на Лин)
As I said... Само што не рокна 20че, се опуштија нашиве на крај али нема везе, ептен рутинска победа, цело време водевме, ниеднаш не беше доведена во прашање победата. Коби ЦАР царосан, Хауард ѕвер, ма што ќе набројувам сите изиграа одлично.
Лин и Харден ми се толку преценети играчи што ми стануваат одвратни на моменти. Се виде вчера, Лин 2-9 од поле со 5 изгубени топки, well done Jeremy. (y)
 
Лин е преценет....Харден не толку, нема со кој да игра во Хјустон.
Туку жал ми е што не ја гледав, атракции за извоз.
 
Ти си многу скромен бе ? :) И што би можеле Лејкерси од драфт да понудат на Атланта , пиковите за следната година од драфт Лејкерс ги даде Финикс за трејдот на Неш , а и ако останал некој пик за понаредната година тоа нема да биде висок пик на драфтот , што ќе и е на Атланта некој пик под број 50 или уште послаб пик на драфт . Атланта ќе си почека уште некое време со Џош Смит , а ако тој не потпише нов договор ( ни јас не очекувам дека Смит ќе потпише нов договор ) тогаш после ол стар натпреварот Атланта ќе го трејда Смит некаде , и секако ќе извади многу подобра понуда за него , од оваа твојава во најмала рака смешна и омаловажувачка понуда . Можно е Атланта со Бостон да направи некој трејд за Смит да ги добијат Бредли и Бас или Салинџер и некој пик . Или со Чикаго по мене може да има зделка со Атланта , и онака во Чикаго не се задоволни од Бузер и ете фин трејд за Атланта , а не оваа твоја фантазија .
Впрочем ми се гади од ваквите фанови , кои сакаат сите најдобри играчи да ги соберат во свој тим , тоа е и причина да навивам за секој тим што ќе игра годинава против Лејкерс и Хит во НБА . Сакаат се да соберат најдобро , а уште и да не понудат добра понуда за трејд .
Твојава имагинација е како на пример , да даваш постари девојки од 35 години , а сакаш да земеш 1 млада девојка од 18 години . Е тоа малку потешко ќе оди , во Атланта не пијат нафта . :)
Добро, ако не си навивач на ЛАЛ што коментираш тука? те праша некој нешто?
 
Новата ера почнува. Мајк е тука!

A8MeS4hCIAAeyyj.jpg
 
Овие две минути се најдобрите минути во цела сезона...Одбраната перфектна...
Ми се допаѓа како започна утакмицата,ќе има интересни дешавки :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom