Значи ова ќе да е составот за 2015-16 сезона.
Мињоле / Богдан
Клајн / Виздом / Фланаган - Шкртел / Туре - Сако / Ловрен - Морено / Гомез
Џан / Лукас
Милнер / Лалана - Хендо / Ален
Фирмино / Маркович - Бентеке / Стариџ / Ориџи / Ингс - Кутињо / Ајб
Јас мислам дека ни се доволно добро покриени сите позиции.
Се надевам дека Мињоле ќе ја продолжи (и подобри) формата од втората полусезона од лани, па да не си ја маваме главата зашто сме го купиле Богдан како замена, а не некој поасален.
За Гомез сум оптимист, па затоа ќе го дадам the benefit of the doubt на одбраната и се надевам дека ќе покрие кога ќе биде потребно и ќе покаже дека не ни треба друг лев бек. Башка ете ги Флано и Виздом, не за џабе им ги продолжуваа договорите, Роџерс има верба во нив и сезонава и тие ќе мораат да придонесат. Сако да не се повредува и тоа да му носи пад во форма, Ловрен да биде постабилен и топ ќе биде. Шкртел си е константен, не може да биде подобар или полош такада од него знаеме што да очекуваме, па да се надеваме дека тројцава ќе ги биде и Туре ќе остане само како бекап, а не да се потпираме на него на битни утакмици.
Средината е добра и нивниот перформанс ќе биде клучен за потенцијалните успеси сезонава. Џан-Хендо-Милнер мора да биде добитна комбинација ако сакаме да направиме нешто. Верувам во брадата на Ален, импактот на Лалана и се надевам дека во нозете на Лукас остана уште доволно толку колку што ќе се бара од него (најмалку од сите овие 6).
Се надевам дека Фирмино веднаш ќе се вклопи и снајде во тимот, и со Кутињо ќе го прават токму тоа што го очекуваме од нив. На Ајб типувам да биде surprise package-от, али и други го типуваат тоа па не ќе да е некое изненадување

И Маркович мора поише муда да покаже од лани, многу мифлесто играше, сезонава треба да игра и за оваа година и за ланската.
Можеби изгледа како да ни се многу овие четворица напаѓачи, ама знаејќи дека ќе има моменти каде што ќе ни треба повеќе од еден напаѓач, плус проблемите на Стариџ, мислам дека и во овој поглед сме токму колку што треба покриени и сите ќе добијат асална минутажа, па ваљда и ќе се покажат. Се надевам дека конечно еден скап трансфер ко овој на Бентеке од прва ќе биде полн погодок и нема никој да ни се смее што сме дале толку пари за играч. Мора голови бајо мој.
Се на се, јас сум задоволен од трансферите ова лето. Дефинитивно сме појачани повеќе од лани и мора да се има високи очекувања. За мене све што нема да значи трофеј ќе биде разочарување. Добија све што сакаа, никој не ни ги украде трансфер целите ко што ни правеа секое лето досега, го направија тимот што го планира, имаат време да се спремат како што треба, и освен Стариџ никој нема тешки проблеми со повреди, фитнес и слични срања, што значи дека тимот мора да биде спремен да гази од прво коло натака. И дакле то.
YNWA!