I to se dogadza ponekad
This is the story how i lost my Liverpool
Отсекогаш сум сметал дека е чест и привилегија да се навива за тим како Ливерпул. Иако, се сеќавам, дека пошо бев единствен во околината, мислев дека сум единствен и во МКД. Ко помал де. Во време кога не го гледав секое коло, кога земав СКОК или друг весник, да видам шо напрајл. И дали дал Фаулер гол
Истото чувство го имав. И го имам, сеедно.
Во овој момент, Ливерпул се соочува со својата судбина. Да го добие она што најмногу го заслужува. За што мечтае толку долго време. И ние, заедно со него. Титулата.
Да повторам. Не постои тим кој повеќе заслужува титула од Ливерпул. Во било кој спорт. Во било која димензија.
Многу фактори влијаеа Ливерпул да се сретне со својата судбина. Еве, само од него зависи дали ке се пролеат солзи радосници, и дали реката Мерси ке ги однесе во Ирско море, во среќно море, прв пат по 1989, прв пат после Истанбул 2005.
Нема да ги коментирам факторите кои влијаеа на таа згода моментално. Пошо ги има многу. нема да избришам и негативности ни позитивности на различни фигури. Ама, многу се. Знам дека ако се зафатиме, муабетот ќе натежне на една страна, а бидејќи здраворазумно муабетот мора да е поопсежен, не планирам да отпочнам.
Moјот муабет онаков каков што го знаете почнува од мојата лична навреда.
„помошникот на Мурињо“...
Признавам, можеби тоа влијаеше на моето расположение кое трае и ден денес.
Јас, the boy кој статистички тврдам дека го пратам Пул најдолго од сите, веќе бев изморен и отрпнат, разочаран од триста глупости кои сум ги видел и чул во врска со Пул. Па затоа, тоа ми дојде лично. А и влијаеше можеби на моите подоцнежни изјави. Но, сето тоа нејсе.
Еднаш изјавив дека ќе нема посреќен од мене ако на крај се испостави дека грешам.
И тука згрешив. Јас не сум среќен. Многу фактори исто така влијаат на тоа да не ми е гајле.
Признавам, додека траеше мојата лутина, мојот бојкот, мојата омраза, потајно, скриено, јас се радував на секоја добра вест што ја гледам, слушам, или ја разбирам а доаѓа од Енфилд. Се радував на секој гол, заедно со Велемајсторот. Признавам.
Да ви кажам еден пример. Ко помлад, се разбира, како секој студент кој во првите три семестри смета дека е најдобар и знае се, така и јас, се праев паметен дека според мене, и според некои показатели, во МКД ќе има замјотрес јак ко Скопскиот во следните 12 месеци. И така се чаталев со моите истражувања, со моите знаења пред многумина.
А потајно навивав да не сум во право. Го знаете она чувство каде што подобро е да не си во право?
Дечки, јас бев навивач на Сандерленд денеска, да бидиме искрени.
Но, го загубив мојот Ливерпул.
Не дека си разменивме лоши зборови изминативе пар сезони.
Не заради ништо. Туку заради тоа што јас не сум јас последниве 50 дена.
“нема да бидам тука кога Пул ќе ја прослави титулата за брзо време“
Засега толку.
Walk on, walk on...