Ја си го слушам тоа општоприфатеното "српско" односно балканска музика, без разлика дали е забавна, фејк раперска, народна, кафанска, староградска или шабанска. Во песните на
Бобан Рајович,
Тони Цетински и
Жељко Самарџиќ пронаоѓам мелодии и песнички кои се баш за во она "everyday mood", орасполужувајќи ме или разочарувајќи ме со вистинскиот приказ на работите, истовремено потсетувајќи ме на случки од реалноста, добри или лоши. Сличен ефект имаат и песните на
Аца Лукас,
Саша Матич и
Дејан Матич, само што на овие целта повеќе им е да те напатат повеќе, али не е на одмет пошто и кај нив се наоѓаат реалистични елементи од секојдневието на луѓето. Башка иако текстовите им се песимистички, самиот начин на опејување на работите те прави да си среќен за тоа што имаш за што да жалиш. На
Харис Џинович и
Синан Сакич песните ме тераат кога сум у кафана се што ми е стаклено у рака да го акнам од земја под итно (откако ќе го испијам нормално). Тука се и
Елитни Одреди и
Цвија кои ги прават песните на кои најдобро се журка, заедно со
Анабела (Funky G) и
Рада Манојлович.
Рибља Чорба те тера да затвориш очи, да ги кренеш рацете и да пееш со песните, а
Фламингоси предизвикуваат дур седиш и слушаш да ја правиш таа глупа насмеана гримаса на фацата и да си ги потпевнуваш песните. Вреди да се спомнат и
С.А.Р.С,
Београдски Синдикат,
Дадо и
Шако Полумента,
Ацо Пејович,
Миле Китич,
Шабан Шаулич,
Саша Ковачевич,
Владо Георгиев,
Жељко Јоксимович и тн и тн.
Слушам и други ствари, Еминем, Ина, Слаткар, Питбул, Рики Мартин, Кање Вест, па и Македонски од коа бев мал, Нокаут, Магија, Тоше, Куку-Леле и тн.
Јако а?