Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Затоа што Суарез, Керол, Даунинг, Енрике, Адам и Хендерсон ги плативме 55-60 милиони фунти.

Немој да ми кажеш „па рачунај ги парите од Меирелеш и Торес“, зошто ако летово си отиде Суарез, Роџерс ќе испадне во плус и пак ќе биде подобар од Кени или не? :)

Кени потроши над 100 милиони фунти, факт. Од каде се парите, мене, тебе а ни било кој друг не треба ама воопшто да не интересира. Дали се од продадени играч, продадени реквизити, влезници, тури за венчавки на Енфилд, продадени акции и слично.

Ако избориме пласман во ЛЕ до крај, пак нема да признаеш него ќе кажеш „освоивме лани куп, годинава ништо“.

Јасно ни е на сите :)

Ама не е исто ...А еве и зошто, кажими дали на последниот ден од трансфер рокот ова лето Роџерс да лупнеше 20м на Снајдер дали некој ќе се бунеше??Не..такада исто беше и со Суарез и Керол.. Суарез со години беше најдобар играч во Холандија и најдобар стрелец а Керол беше во топ 3 стрелци таа година пред да дојде во ЛФЦ..Тоа ти е исто како моментално Шарави да го земеме за 35м и по доаѓањето да неможе да даде ни 10 гола..тоа е веќе коцка, 1-2 дена имаше човекот да замени играч како Торес кој беше бога во Ливерпул.

Кога се прават споредби нека се прават на годинава цела на Кени и на годинава цела што ја има Роџерс т.е ќе ја има..тоа е правата споредба и по пари и по резултати и по све.

Лани тоа што освоивме Куп е факт и нормално дека ќе биде подобра сезона од сезона без титула, освен ако годинава не влеземе некако во ЛШ.
Клубот се рангира по титули,фановите се радуваат на титули,играчите одат во тимови кој што се борат за титули.. такада глупо е да се каже дека 6 место е подобро од 7 место и титула во било каков Куп..
Дали имаме 70% посед на топка а сме 8-ми стварно не ми менува ништо.. јас само сакам а сакам и од клубот да ја видам таа заложба да што почесто го гледаме Џерард како ги искачува скалите на Вембли или на било кој друг стадион за да крене пехар.. а дали сме имале 40-30-10 или 90% посед на топка тоа ич неме тангира.
Крајната слика кога тимот се слика сакам од страните да гледам титули а не ранци и топки..
 
И да освоиме титула..... џабе е, нема докажување.

Веќе преминавте во водење инат за да не испадне дека сте погрешиле во мислењата за Роџерс.

Како шо кажа и Peja989 и да се избори пласман во ЛЕ , вие купот ќе го потенцирате за “факт“ дека Роџерс е “Тикварот“ во Ливерпул.

Победа против моментално најдобриот тим во ПЛ (со ова мислам на формата во која се наоѓаат тие) треба сама да ви каже дека вие грешите, никој друг.
Залудно е да се докажува под кои околности го води тимот Роџерс а под кои околности го водеше тимот Далглиш.

Да се надеваме дека успешнава серија ќе истрае до крајот на сезоната.... јас токму тоа го барам, токму тоа и го заслужуваме покрај сите овие перпиетии.
 
^^^
Каков инат бе брат, што направил човекот за да водиме инат?? Да освои 1-2 титули а ние уште да викаме дека е мисир е тогаш можеш да кажеш дека е инат али со 7-мо место и избацен од сите купови до Фебруар.. за каков инат збориме??

Сите сме ние помирени со тоа дека Роџерс ќе биде менаџер уште долго(бар уште една сезона,а ако не влезе следната во ЛШ ќе лета гарант) такада не треба веќе да збориме кој е менаџер и зашто ,пројде тоа ,решена е таа работа.. сеа треба само да му ги гледаме амбициите и потезите на пазарот ова лето, да видиме дали ќе може да го задржи Суарез и дали ќе може да привлече играчи бидејќи сезонава може да останеме и без Европа.. на таквите работи треба да се концентрираме и таквите работи да ги мериме, а дали тепал 3-0 со Виган ништо не значи док не му сипат шампањ на глава во некое финале.
За сега е само обичен тренер во подем кој од 1-2 сезони во Свонси дојде во ЛФЦ ..неможе ради 3-4 победи по 3-0 да го ставаме со ист кош со Далглиш..
 
Ме интересира во каков кош е Даглиш.... од последното менеџерување ?

Амбициите се знаат какви се..... трпение спасение.... чекор по чекор.

Такви се амбициите уште од старт....стартот на Роџерс.
Амбициите на Даглиш беа .... гордо, одиме на П лигашкиот трон.

Вие сеуште не сте помирени.... туку сте сега само без зборови, поради последните случувања.
Првиот пораз во продолжение (недај боже) вие се враќате назад и повторно со истото мислење.... Роџерс е тиквар кој го уништи Ливерпул.
Таму е проблемот што се напнавте на човекот како тој да е кривецот за ситуацијава.

И да сите се Обични тренери само Специјалниот е посебен, оној за кој што Eric J. Biafranić сеуште верува дека ќе дојде кај нас.
 
Коутињо во три лигашки натпревари запишал повеќе асистенции од Бејл,кој одиграл 24 натпревари :pos:

Тоа зошто Кутињо е добар играч.

Да имаше 0 асистенции и 0 погодоци, ќе беше лош затоа што Роџерс не знае да го игра. :)
 
Тоа зошто Кутињо е добар играч.

Да имаше 0 асистенции и 0 погодоци, ќе беше лош затоа што Роџерс не знае да го игра. :)
Сега Даунинг е добар ама за тоа е заслужен Кени, тој знаеше дека ќе го биде Даунинг после една година, само не сакаше да го форсира многу. :D
 
Ме интересира во каков кош е Даглиш.... од последното менеџерување ?

Амбициите се знаат какви се..... трпение спасение.... чекор по чекор.

Такви се амбициите уште од старт....стартот на Роџерс.
Амбициите на Даглиш беа .... гордо, одиме на П лигашкиот трон.

Вие сеуште не сте помирени.... туку сте сега само без зборови, поради последните случувања.
Првиот пораз во продолжение (недај боже) вие се враќате назад и повторно со истото мислење.... Роџерс е тиквар кој го уништи Ливерпул.
Таму е проблемот што се напнавте на човекот како тој да е кривецот за ситуацијава.

И да сите се Обични тренери само Специјалниот е посебен, оној за кој што Eric J. Biafranić сеуште верува дека ќе дојде кај нас.

1.Човекот дојде да води клуб после 20 години и за година дена играше во 2 финалиња и зема една титула.. Во овој кош неможе да се најдат многу луѓе а поготово не Роџерс.

2. Што се случило ? Да не сум преспал нешто? Последно што видов е дека сме 7-ми и дека испаднавме од Лига Европа.. незнам кои се тие случувања што се толку вау..Можда победа во дерби натпревар?? Е да тоа стварно е за прослава;)

3. Не е крив човекот за ништо,до играчите е:) .. а да ќе заборавев и до судиите е.
 
1. Човекот дојде да води клуб после 20 години и ги расфрла парите по британски „таленти“ кои играа мизерно пред да дојде Роџерс.
2. Точно, но направи споредба во играта на Ливерпул која е многу подобрена во однос од лани кога тактиката беше наметни ја во облаци и моли се некој да ја фати а.к.а Стоук.
3. Роџерс мораше да се намачи да ги научи како се игра фудбал „талентите“ што ги купи Кени и беше принуден во прв тим да внесе играчи од младинците - Стерлинг, Сусо, Виздом. После зимскиот трансфер период кога ги купивме Стариџ и Кутињо можеш да ја забележиш разликата.
П.С. Лани се радувавме кога на натпревар ќе дадеме повеќе од еден гол. ;)
 
1.Човекот дојде да води клуб после 20 години и за година дена играше во 2 финалиња и зема една титула.. Во овој кош неможе да се најдат многу луѓе а поготово не Роџерс.

2. Што се случило ? Да не сум преспал нешто? Последно што видов е дека сме 7-ми и дека испаднавме од Лига Европа.. незнам кои се тие случувања што се толку вау..Можда победа во дерби натпревар?? Е да тоа стварно е за прослава;)

3. Не е крив човекот за ништо,до играчите е:) .. а да ќе заборавев и до судиите е.

Токму тие 20 години требаше да бидат показател дека Кени требаше да биде само ВД, и ништо друго.
Токму тие 20 години се големата разлика на водење клуб тогаш и сега.
Ситуацијата по која го загубивме Суарез а во која Кени не успеа да се снајде, впрочем тој не се ни вмеша беше доволен показател дека Кени пропуштил многу во тие 20 години од денешниот модерен фудбал.
Она најболното за секој навивач (сигурен сум и тебе но нема да признаеш) е тоа што Кени имаше пари да создаде Тим од соништата, но сепак тој се одлучи за Британска револуција каде што собра плеада на фудбалери кој имаат менталитет дека нозете сами играат фудбал.

Ќе го повторам она за кое пишував уште пред да го ставеа Кени за менаџер...... Кени требаше да биде само ВД, ништо друго.

Што се однесува до последните случувања..... односно напливот на Фудбалските имиња кои значат за Ливерпул, вклучувајќи го и Фаулер кои упорно се обидуваат да ви докажат вам дека вашите камења кон Роџерс се само дел од вашата фрустрација собрана овие 20 години а се истура токму сега..... токму сега во момент во кој што Ливерпул направи потези и одлуки кои што требаше да ги направи баш пред 20 години.

А шо се однесува до тоа за кој бил заслужен кога се победува а кој е заслужен кога се губи, вам тоа ви е позната тактика наметната од еден паметен човек Eric J. Biafranić кој користи психолошки текстови за да го однесе муабетот у курац како би докажал дека тој е во право. Затоа никогаш јас самиот не ни пробав да влезам во потешка дебата со него затоа што однапред знам дека ќе ја загубам против човек кој што од жолти банани ќе те натера да гледаш коњски опаш......во плава боја.
Затоа нема потреба да се дебатира за тоа што е постаро, кокошката или јајцето.

Факт е дека трпение води кон спасение..... дури и самиот ти го чуствуваш тоа!;)
 
ајде и јас да се вклучам во дискусијава после подолго време... ко падобранец шо би рекол Peja989 :D
гледам тука поделени мислења дали ливерпижул е на правиот пат или не. факт е дека тимот веќе подолго време не е во врвот на англија, титули заборајвме како изгледаат :( а капак на се, дискутираме колку сме изиграле добро против вториот тим на свонси и давеникот виган, а свршивме сите после победата над тотнем, која искрено ни ја поклонија. сепак, на поклонетиот пес, забите не му се гледаат, па ќе си ја прифатиме.
проблемот значи е во то шо пак сме на иста позицја од лани, само без трофеј, па единствената сатисфакција ни е то шо напредуваме во играта. на то спаднавме? на радост дека играта ни била добра? па преку таквото со добрата игра. повеќе сакам да победуваме во мизерна игра, него да губиме во одлична игра.
добрите игра и промашените шанси не се бројат, се бројат победите, а нив и годинава ги имаме малку, па за разлика од лани, прашање е дали воопшто и ќе играме во европа.
по некоја логика, на крајот од сезоната очекувам шут карта за роџо и ангажман на ЕЛИТЕН ТРЕНЕР, а не некој шо допрва учи и треба да учи. мурињо, исто како и на Eric J. Biafranić ми е главна желба, а доколку си останеме со ова шмуклово, истиот муабет ко сега, ќе го правиме и в година во ова време...
позз
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom