Значи од тоа што го гледам, повеќето од вас тука сакате Брендан да донесе екстра засилувања и тоа сите да ги донесе за 2 дена.

Со доаѓањето на Роџерс во Ливерпул, тој започнува, да не речам, од нула. Тој знае што сака да прави и го прави тоа. Дали е тоа добро, лошо или катастрофално, ќе кажат резултатите. А, какви резултати сакате вие во предсезонски период во Јули? Стварно не ве разбирам дел од вас. Оставете го Брендан да си ја врши работата, трансфер-периодот е до 31 август. Ќе се види на 1 септември како ќе изгледа составот на Ливерпул, а дали трансферите ќе бидат добри, лоши, погодени или промашени, може да се цени дури на крајот од сезоната.
Прво, немој вака. Не ти.
Второ... почнува од нула you say. Ако почнува од нула, нели е време да работи на „подобрување на таа нула“. Кој е тој со здрав памет што би работел на тим кој го „зафатил од нула“ и чека до последни моменти на трансфер маркетот да ја „поправи таа нула“ односно, да го зајакне тимот.
Го сфаќаш муабетот? Значи, го оправдуваш Роџерс со тоа што „начекал тим = нула“ со тоа што треба трпение? баш, ако тимот е нула, нема место за трпение, треба одма да се реагира и да се конструира тим кој треба да личи на Ливерпул.
Не знам за тебе, ама јас не се сеќавам кога последен пат Ливерпул ми личел повеќе на циркуз отколку на најславниот тим на островот Британија. Ако знаеш повеќе, повели, објасни ми.
Сега се прибирам од излагање и гледам, што сите сте го нападнале
RickyLFC9 небаре тој е Брендон Роџерс, човекот само си кажа свое мислење кое и не е баш далеку од вистината.....мислите мене ми се чека за нови играчи или нови трофеи....???? знаете оти звезди ние не можием да привлечиме, и не смееме да брзаме....некој ќе речи кој е тој Борини или Џо Ален? Луѓе не брзајте со критиките, сигурен сум оти 85% од вас кога го купија Алонсо не ни знаевте дека таков играч постои или пак знаевте ама незнаевте за каков играч се работи а сега на повеќето скаузери му е легенда. Така да мораме да се стрпиме сите, на крајот на краиштата ова е ЛИВЕРПУЛ, ОВА Е КЛУБОТ ЗА КОЈ НАВИВАМЕ.......
Ако промаши да го гледаш Реал Сосиедад во Лига на Шампиони (или како тим кој ги разлупа сите примера тимови) додека Алонсо беше во тимот, сега ти е касно. Едино на снимки (key words> Kovacevic, Kahveci, Alonso)
Споредба на Ален со Алонсо, во оваа димензија на универзумот, или било во која друга, се рамни со лудило.
Не брзаме со критики, баш на време сме. Освен циркузот и дебилизмот, ништо не се случува со Ливерпул.
И не смееме да се стрпиме. Уствари, да, Ливерпул веројатно е единствениот тим чии навивачи се стрпливи и го гледаат како пропаѓа, цело време, секое време. Зошто?
За да не го изневереле тоа YNWA.
Кога го гледаш како пропаѓа, баш тоа и го правиш.
Можеби и нема некој на кој му е повеќе жал од мене што го гледа ливерпул ваков каков што е, метастазиран и анемичен, ама јас не можам да се контрам со вистината.