Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Не одприлика, туку баш очај. На 3 утакмици вкупно 5 шанси за гол :facepalm:

Ајде, немој така за Ливерпул, не биди таков. Треба време, од нула се почна (пред тоа Ливерпул беше аматерски тим нели, во Воксал играше), па феноменалните тактики и филозофии на лицето Б.Р. треба допрва да бидат инсталирани, па да гази тимот се пред себе, .... накај 11 јуни другата година.
 
Без победа се враќаме од припреми,тоа не се десило ,бар јас не памтам од кога нели??
Да се надеваме дека Роџо примети дека ни фали КРИЛО и дефинитивно ни треба некој како Алан, преспори се во средина..
 
да ви го цитиран коментаторот кој кажа нешто баш паметно

- Ливерпоол е заентерсиран за Ален а како и не би бил кога е 10 ПАТИ ПОДОБАР ВО ДЕФАНЗИВА ОД СПИРИНГ и УШТЕ ТОЛКУ ПОПДВИЖЕН ОД ШЕЛВИ , А ЗА ПАСОТ НЕ ЗБОРУВАМ

со доагање на овој си одат и спиринг и шелви а богами и адам е ...
 
да ви го цитиран коментаторот кој кажа нешто баш паметно

- Ливерпоол е заентерсиран за Ален а како и не би бил кога е 10 ПАТИ ПОДОБАР ВО ДЕФАНЗИВА ОД СПИРИНГ и УШТЕ ТОЛКУ ПОПДВИЖЕН ОД ШЕЛВИ , А ЗА ПАСОТ НЕ ЗБОРУВАМ

со доагање на овој си одат и спиринг и шелви а богами и адам е ...
Како може да си оде Шелви кога ни е најдобар играч на подготовките? Прво Спиро треба да си оде, па може Аквилани со него.
 
Ги гледавте утакмиците токмаци едни? Ако ги гледавте не сакам коментар да прочитам овде како имало време за трансфер и се било ок, телетабиси едни ретардирани. Две подавања не можиме да сврзиме. Цел месец тренираат не можат да подадат и до шеснаесетник да стигнат. И сега вие ќе ми попувате како играчи на 31ви Август ќе се купувале и после ќе се воигрувале? Глупи сте, прости сте, ви фали некое штрафче или шо е проблемот??? Роџерс можи да биди добар колку сака. Ама ако не го среди тимот ( досега требаше да е среден) нема да стигни далеку. Цел месец тренираат и се воируваат играчи што или ќе дремат на клупа или ќе летаат. Ама битно време се имало и од нула се почнувало :facepalm: Роџерс има идеи......арно ама токмаците што треба да ги спроведат идеите се - токмаци!!! Ако ти одма не реагираш и не ги отстраниш тие токмаци и чекаш да се увериш 5 пати дека се токмаци - со тоа изгубено време и ти стануваш - токмак! Ете таква е работата телетабиси едни
 
Ги гледавте утакмиците токмаци едни? Ако ги гледавте не сакам коментар да прочитам овде како имало време за трансфер и се било ок, телетабиси едни ретардирани. Две подавања не можиме да сврзиме. Цел месец тренираат не можат да подадат и до шеснаесетник да стигнат. И сега вие ќе ми попувате како играчи на 31ви Август ќе се купувале и после ќе се воигрувале? Глупи сте, прости сте, ви фали некое штрафче или шо е проблемот??? Роџерс можи да биди добар колку сака. Ама ако не го среди тимот ( досега требаше да е среден) нема да стигни далеку. Цел месец тренираат и се воируваат играчи што или ќе дремат на клупа или ќе летаат. Ама битно време се имало и од нула се почнувало :facepalm: Роџерс има идеи......арно ама токмаците што треба да ги спроведат идеите се - токмаци!!! Ако ти одма не реагираш и не ги отстраниш тие токмаци и чекаш да се увериш 5 пати дека се токмаци - со тоа изгубено време и ти стануваш - токмак! Ете таква е работата телетабиси едни

:pos::ROFLMAO: :icon_lol:
 
Изгледа сум еден од ретките што на подготовките повеќе го интересираше индивидуалниот перформанс на играчите кои ги имаме у редовите. Другите изгледа очекуваа ко Барса да играме од прва и се разочарани што не е така. Нема да се мачам да објаснувам за џабе на тие што плачат и викаат дека немало ни т од тики така. Па наместо тоа ја ќе си кажам што заклучив од оваа турнеја:

Голмани: Двајцата главни, Реина и Дони, секако ги немаше. Се надевам дека Дони ќе го гледаме против Гомел и дека нема да си замине. Џоунс и Гулачи сепак добро пополнија. Сакав и Дени Ворд да го видам баш шо голман е, али ај другпат. Не верувам дека ако си иде Дони дека ќе тргаме по втор голман.

Одбрана: Агер и Шкртел сеуште се на врвното ниво. Кара покажа дека против послаби тимови сеуште има што да му понуди на Ливерпул. Вилсон не треба лев-бек да игра, гледам и Роџерс го заклучи тоа коа се изгуби против Рома. Сама, Виздом и Меклафлин имаат потенцијал, но треба да одат на позајмица за искуство. Доколку на стартот на сезоната Џонсон и Кели се 100% фит, Флано може да се прати на позајмица, но обавезно да може во секој момент да го вратиме бидејќи знаеме дека секад има момент во сезоната кога и Кели и Џонсон се во аут и мора некој да пополни. На Енрике му треба малце повеќе компетиција за неговото место во тимот бидејќи станува небрежен. Робинзон е топ, на последнава утакмица видов неколку добри потези при кои ја одзема топката и гледам дека еден ден ќе стане еден од подобрите леви бекови кои некад играле за Ливерпул. Само и него добро би му дошло позајмица, секако ако донесеме некој бекап лев бек. Во тој случај ќе важи истото ко за Флано. Значи според мене тука фали само еден лев бек. Центар-бек никако не ни треба, бидејќи имаме многу опции, па да не го заборавиме и Коатес кој е на ОИ.

Средина: За Адам знаеме сите дека му фали брзина и дека треба побрзо да се снаоѓа. Ми се чини дека ако остане ќе биде малце тромав под играва на Роџерс. Би можел да остане како бекап, но сепак доколку донесеме некој нов играч од средината (Ален), мислам дека Адам е првиот што би летал. Спиро си беше на истото негово ниво, само направи неколку грешки како по обичај. Како да играше под притисок некако. Со оглед на тоа дека нема некоја голема плата и дека не би искеширале многу на него ако го продаваме, мислам дека Роџерс ќе го остави во тимот за секој случај да не притреба, иако очекувам оваа сезона да нема ни приближно толкава минутажа. Лукас сеуште не е залечен, треба уште фитнес да набие по долгово отсуство, али секако очекувам да ни биде редовен стартер оваа сезона. Адорјан изгледа како борбен играч, но не гледам некоја голема иднина у него, не ме импресионираше ич. Аква добро играше на првата, али против Рома речиси не го видов. Му ја прочитав изјавата дека му се свиѓа стилот на Роџерс, па очекувам да остане. Но сепак пред него има подобри опции. Сусо изгледаше топ на првата, после на втората кога играше на крило се изгуби. Можеби и за него една позајмица со можност за враќање добро би дошла, а можеби и не. Тука е негде на граница за да се пробие у прв тим. Од Хендо секако не видовме многу, али со оглед на тоа што го кажа неколку пати Роџерс за него, очекувам да игра често сезонава. Шелви е играчот на турнејата според мене. Се покажа како цврст играч, многу подобрен, многу храбар, желен за борба за првотимско место, токму тоа што ни требаше во средината. Многу би сакал да видам како ќе се снајде со поголема минутажа во ПЛ, па се надевам дека нема да го пратиме на позајмица бидејќи мислам дека е спремен за повеќе натпревари во првиот тим. И секако нашиот капитен Стиви Џи, од него не видовме многу, но ако ја повтори истата игра како што ја гледавме на Европсково, тогаш гледаме дека тој сеуште е еден од најдобрите средни играчи. Но бидејќи знаеме дека не може често да игра, се надевам дека негова замена и ротација ќе биде горенаведениот Џонџо Шелви.

Офанзива: Кол кога ќе му тргне е солиден, кога не е за нигде. Не очекувам да има голема минутажа, но ќе биде солиден играч кој ќе може да покрие нечие отсуство со оглед на тоа дека може да игра и крило и полушпиц. Но ако го донесеме Демпси мислам дека тоа ќе се смени. Ибе потхитно позајмица, мора да се челичи у друг тим малце. Стерлинг е супер, секако дека е нашата најголема надеж во младиот состав. Но прашање е колку е спремен да игра поредовно за прв тим. Со оглед на тоа дека немаме многу крила очекувам да остане и да игра против послабите екипи во ПЛ. Такада мислам дека не би требало да иде на позајмица, но ќе видиме. Еклстон.... ех Еклстон ти одминува некако тебе времето. За него стварно не знам, не очекувам да го праќаме на позајмица пак. Или останува да се бори, или ќе си иде. Не покажа многу на турнејава баш. Пачеко... Пачеко колку се подобрил само еј. Не верував дека волку добро ќе се покаже и очекував искрено да го продадеме. Но покрај Шелви он многу добро се истакна на двата натпревари. Комотно може да се бори за прв тим. Дури видовме дека ќе го биде и по страна ако игра. За Морган позајмица мора. Има потенцијал, но мора да научи како да се позиционира и да стекне искуство од играње во прв состав за друг тим. Во Чемпионшип има клубови кои би умреле да најдат таков играч со око за гол. Даунинг како што очекував, еве и од интервјуто на Роџерс сеа што го прочитав, ќе игра изгледа десно крило. Многу повеќе му одговара, и тоа го објаснив убаво во некое претходно мислење, па да не се повторувам пак. Ќе биде ротација, но според мене Даунинг е играч кој најдобро се покажува на натпревари каде што повеќето очи и од останатите фанови се фрлени на нашиот тим. Тоа го докажа против Кардиф во КК финалето, против Евертон и Стоук во ФА куп полуфиналето односно четврт-финалето и на отварањето на сезоната лани против Сандерленд. Борини не го видовме речиси ич, има време да го гледаме него, неговата иднина е јасна. И Енди Керол, човјек чија будучност остаје велика мистерија, според коментаторот на СпортКлуб. Од последната изјава на Роџерс за него:

Asked if there had been any bids, he said: "Not that I am aware of. Obviously I'll know more when we get back. There has been a lot written about Andy, but you saw today he's happy to be here and he's worked very well since he's been here.
"The reality is he's still a Liverpool player, he can fit into how I want to play, and he's happy here.
"I'm certainly not wishing to push him out of the door."

Со што мислам и се надевам дека ќе остане кај нас.

И тоа е тоа. Ни треба уште некое крило, малце освежување во средината и еден бекап лев бек. Тоа би биле 3-4те засилувања (сосе Борини секако), што Роџерс ги најави во едно од првите негови интервјуа откако дојде. Сигурен сум дека се ќе си дојде на свое место до стартот на сезоната :)

П.с: За гласините за напуштањето на Белами не верувам, ќе ни биде корисен и оваа сезона, ете го даде гол на ОИ одма. И да не забораваме дека игравме без најклучниот играч во составот на целава турнеја, човекот околу кој ќе се гради целата наша игра - I just can't get enough... and I just can't get enough :)
 
we are going deeper underground, пара рам пам, пара рам пам!

..игра без идеjа!
 
Од турнејава јас едно заклучив- има крв од раце да му истечи на Бренди дури да ги научи овие играчи на кратки пасови....:D
Се гледа оти уште оваа игра на повеќето играчи им е шпанско село, па повеќе делувавме на Стоук со долги топки отколку на играта која сака да ја игра Роџ (со исклучок на неколку минути на натпреварот) дефинитивно ни треба всредина брз играч кој ќе ја отвара играта оти Адам, Аква, Шелви се премногу троми и зато нападите ни се лошо организирани, нема движење на играчите кои се без топка да се отворат да примат топка, сите статични, се надевам оти ваква игра повеќе нема да видам....
 
Мислам дека прв избор на Роџерс за тројцата играчи во средина би бил Стиви Џи, Хендо, Лукас. Доколку дојдат Ален и Демпси, другата постава би можеле да бидат Демпси, Шелви и Ален. Мислам дека овие би биле 2те главни комбинации кои најверојатно ќе фигурираат следната сезона. Кога ќе видиш, вака ако се постават таман би но дошол Ален, со оглед на тоа дека за овие бекап би биле Сусо, Адам и Спиро. Такада ајде Ален :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom