Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
^^
лол што е крив Пепе? за првиот гол, се одби од Агер иначе ја имаше у раце..вториот никој ама баш никој голман на светов не би ја фатил таа топка. така да не трипај те молам..
Како што е крив за првиот гол па поголема грешка од таа не можеше да направи не се одби од никого, а за вториот гол пред тоа фати потешка топка од таа а после прими гол од полесен шут. Даунинг кога ова не успеа да го погоди нема веќе надеж за него.
 
уште два црвени да им дадеа нашите ѕвездички пак немаше да имат шут кон голот а камоли гол да дадат :place:
 
што да се каже друго... сити не тепаа рутинирано. до таму стигнавме!!

фала ти реина, само ти, твоите супер одбрани не коштаат дирекно сезонава 6 бода!
фала ти адамс и на тебе, твоите пенали и автоголови не коштаат исто така 6 бода!
фала ти кајт, по мизерија фудбалер од тебе не се видело!! ти мене лично ме кошташ здравје!!
фала ти керол, што по кој знае кој пат докажа дека не знаеш да играш фудбал. не те мразам, ти посакувам се најдобро ако го напуштиш ливерпул (што побрзо - тоа јас посреќен) ама ти не знаеш да играш фудбал! ..питер крауч за тебе беше и е меси и зидан заедно. во секој смисол

кени даглиш, во мои очи ги потроши сите кредити, крај. официајлно сум за кралот да си оди.
додека си тренер на ливерпул ќе бидам против тебе. не е една утакмица, една година е, докажа дека не си дораснат за ливерпул. оди си сам. биди доблесен

вратете го бенитез или донесете го мартин онил!!!! ... за 5 кола погледнете каде е сандерленд (кои патем денес тепаа 1-4)

како и што реков пред неколку кола, сезонава ќе ја догледам до крај без ама било какви надежи за нешто повеќе од ова.колку повеќе се надевам полошо се осеќам

не знам, колку и да сакам да издвојам нешто позитивно, такво нешто не постои во овој момнет.
 
^^
лол што е крив Пепе? за првиот гол, се одби од Агер иначе ја имаше у раце..вториот никој ама баш никој голман на светов не би ја фатил таа топка. така да не трипај те молам..
Не......јас сум крив!!
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 23:16 ---
Е шо сакате Керол сам да напрај бе не ми е јасно. Кажете ми една топка дали му дадоа копуциве наши? Сам против 5 души беше цело време.
 
Ајдееее шо се секирате толку незнам, наредната сезона е наша, 20 години наредната сезона е наша, па можи и некогаш стварно ќе биди. Дури се крстиме во играчи кои до вчера биле главни во Нјукасл, Сандерленд, Астон Вила, Блекпул итн. се дотогаш ќе бидиме далеку од 5 место кое води во Лига Европа, а за 4то место или шампиони, смешно ќе биди да се надеваме и во наредните 20 години.
 
што да се каже друго... сити не тепаа рутинирано. до таму стигнавме!!

фала ти реина, само ти, твоите супер одбрани не коштаат дирекно сезонава 6 бода!
фала ти адамс и на тебе, твоите пенали и автоголови не коштаат исто така 6 бода!
фала ти кајт, по мизерија фудбалер од тебе не се видело!! ти мене лично ме кошташ здравје!!
фала ти керол, што по кој знае кој пат докажа дека не знаеш да играш фудбал. не те мразам, ти посакувам се најдобро ако го напуштиш ливерпул (што побрзо - тоа јас посреќен) ама ти не знаеш да играш фудбал! ..питер крауч за тебе беше и е меси и зидан заедно. во секој смисол

кени даглиш, во мои очи ги потроши сите кредити, крај. официајлно сум за кралот да си оди.
додека си тренер на ливерпул ќе бидам против тебе. не е една утакмица, една година е, докажа дека не си дораснат за ливерпул. оди си сам. биди доблесен

вратете го бенитез или донесете го мартин онил!!!! ... за 5 кола погледнете каде е сандерленд (кои патем денес тепаа 1-4)

како и што реков пред неколку кола, сезонава ќе ја догледам до крај без ама било какви надежи за нешто повеќе од ова.колку повеќе се надевам полошо се осеќам

не знам, колку и да сакам да издвојам нешто позитивно, такво нешто не постои во овој момнет.
Се слагам за се освен за 2 работи
Првата е за Керол. Значи не разбирам како може така да се руга овој играч. Истото се деси и со Роби Кин. Оваа му е се на се 3 или 4та утакмица како што е стартер сезонава. Другиве ако добро си ги прател ти и тие што го плукаат влегуваше во 85+ минута, посебно тие на домашен што беа 1-1 (каде што се коментираше тука дека Кени секогаш касни со измените) Друга работа е што се очекува од него? Да ја прими топката на пола терен и да повлече контра? Па тука треба да има играчи да го ранат со топки а он само да завршува у тие 16 метри. Ама тука се мизерните Кајт и Даунинг што сезонава се толку слаби што ни у Виган не би играле прва постава. Да беше Џерард здрав и ако имавме некое поасално крило, кое може да пробие и да нафрли како што треба, Керол ќе имаше многу повеќе голови.
Втората работа е за Бенитез. Повеќе би сакал Онил да дојдеше отколку Бенитез. Во никој случај не би сакал да се врати он. Имаше шанса, имаше финансии имаше се и не ни донесе тоа што сакаме. Пре би некој помлад а амбициозен тренер отколку да се враќаме на минатото.
И за крај, причината број еден( според мене) што сме на оваа позиција и што вака играме. Тоа е што се направија тотално погрешни трансфери ова лето. Зашто по ѓаволите се форсираше Британски талент.
10 Милиони Чарли Адам???!!!
20 Милиони Стујард Даунинг???!!!
20 Милиони Џордан Хендерсон???!!!
35 Милиони Енди Керол???!!!
Овие пари можеа да се искористат 100000 пати подобро. Сите бараат играчи од странство пример Шпанија, Аргентина, Бразил земји кои секогаш имале огромен избор на квалитетни фудбалери, само ние ќе правиме шоп шопинг во Англија.
 
Ааххх. Потребни се промени(колку лесно се кажува, а тешко се реализира).
Реина таман започна да брани на ниво и немаше направено долго време кикс, еве го вечерва опет. Нападот катастрофа, па и почетниот состав на Кени :facepalm: . Пенал немаше за Сити, ама и без тоа, тешко дека Ливерпул нешто ќе направеше. Ај да видиме што ќе излезе од оваа ситуација, ма да не сум оптимист и ќе речам дека сезоната е завршена, ни догодина нема играње во Европа, со освоени 34 бода на 20 утакмици, сезоната досега ја прогласувам за подпросечна, изиграна под можностите или реално речено КАТАСТРОФА.
Една утакмица ќе се изигра на ниво, наредните 5 траги-комично. :tapp:

Ајде, нека се подобрат до крајот на сезоната, оти со откажување секоја сезона во Јануари ништо нема да се направи. Нека почнат реално да работат и играчите, а и Кени да ја чукне малку главата со составите и измените.
 
Фали дисциплина,фали ред,реализација....еххххх уште многу работи фалат :( ајде Кени ќе ги стегне нареднава утакмица.
 
КЕНИ ги стега многу одамна затоа вака играат стегнато пред само три четири саати колку по друга била атмосферата на фб групите и по форумите :notworthy:

уште од почеток на сезоната амбиција им е 4 место и ги боли увце по терен се како раштимана гитара треба малце прстот на челото и на тренинг малце поечко потење гз оти тој дрес што го носат треба да им значи гордост :facepalm: а досега ни г од гордост негледам кај половина тим

кајт да се даде во црвнкрст белки ќе биде таму од корист исто како кончески и елжар па и гркот и јовче што ги дадоа летово
макси уште сезонава после и тој нека пакуе куфери
аурелио веќе е спакуван уште вратата некој да му ја покаже каде е
дедо карагер едно место во ложата нека си фане и нека кулира фала му за се
 
Незнам што толку многу се нервирате. Прв пат се чувствувам релаксирано по пораз на Ливерпул. Го очекував истиот и се надевам дека моето предвидвање што го пишав пред 1 саат ќе се оствари. И стварно сте луди ако очекувавте дека 3 пати може да ги победеме Сити во еден месец.
 
Се слагам за се освен за 2 работи
Другиве ако добро си ги прател ти и тие што го плукаат влегуваше во 85+ минута, посебно тие на домашен што беа 1-1 (каде што се коментираше тука дека Кени секогаш касни со измените) Друга работа е што се очекува од него?
ако добро сум го прател? многу добро сум го прател верувај.
годинава ливерпул и керол ме коштаат 780 евра само за да ги гледам на тв бидејќи ги сакам. толку ме кошта годишно скај спорт, а ливерпул е единствената причина. мува да прелета за ливерпул - не испуштам.

керол, немам ништо против него, детето не знае да игра фудбал. џабе се анализи од типот што прави што се очекува од него и слично. каде треба да биде, кој треба да му подаде. за фудбалер кој сака да игра во први 11 на ливерпул (да заборавиме дека кошта 35 милиони) он е далку испод просек. на крај краева не е он крив - кени го донесе.
јас ама баш ништо не гледам во него, никаков квалитет. ниту некаква си идна икона на ливепул ниту потнцијал за такво нешто. тежок промашај, криво ми е, ама тоа е керол! луѓе колку утакмици ни се потребни за да воочиме дека некој играч залутал во фудбалот? не ме зезајте, 2 секудни не може да задржи топка во нозе. 2 секунди! никаков осет за позиционирање, голем снажен млад а го губи 9 од 10 дуели. прием никаков, да не зборам за пас со прв допир. шут? демек квалитет му е јакиот шут, шут што не сме го виделе да се деси.
кога џерард беше млад и имаше јак шут, паѓаа голови од 40 метри секоја втора утакмица.
нема брзина, има слаб врат за стрелање со глава, не е само да сконеш да те погоди топката!! доказ за тоа е ширер. треба да се има техника и со глава!...

АЈДЕ до утре вака можам да редам. не можам да го мразам керол бидејќи мислам дека толку му се можностите. просто и едноставно
 
Уште коа видов дека напаѓачки тандем се Керол и Кајт, знаев дека не ја бива. Кајт сезонава едноставно не го бива. Како да не е на теренот. Од Керол не ни може да се очекува нешто повеќе со таков партнер напред. Не треба да се плука по Керол затоа што не може да се очекува од него да прави повеќе од два потеза. Не е напаѓач од типот на Суарез па да може да ја пимпла топката подолго време. Ако не му даваат добри топки во шеснаесетник, сам сигурно нема да си изгради ситуација за гол.

Се надевам наредната капитенот ќе стартува на местото на Адам, кој се повеќе и повеќе ме разочарува. Уште една голема грешка е да не се игра Белами кога дечкото кога и да му се укаже доверба, ја оправдува. Огромна грешка од Кени што не ги играше нив двајца во првиот состав.

Имаше еден период кога сите сакавме да го видиме Џонсон како крило, ама далеку е он од таа позиција, некако премногу ми паничи кога ќе стигне блиску противничкиот шеснаесетник, постојано или му бега топката или опалува некој (центар)шут у пичке-си-материне.

Денеска најмногу фалеше креативност, како да не знаат што со топката кога ќе тргнат во напад, се гушат и се враќаат назад. Исто така, премногу лоши подавања, а тоа ме нервира најмногу. Мислам дека во тој дел најмногу ќе се поправи тимот со играњето на Стиви, затоа што внесува некоја поголема сигурност, башка за разлика од Адам, може да ја заврши сам акцијата.

Не знам стварно кој да изберам за флоп на натпреварот, затоа што има повеќе кандидати.

Единствено добро нешто поврзано со тимов е тоа што Хендерсон од утакмица во утакмица игра подобро.

Без два исклучително битни играчи како Суарез и Лукас и со скратена минутажа на капитенот, тешко, многу тешко дека ќе се смени нешто во играта на тимот на подобро...

Уште една работа посебно ми е несфатлива, како успеа лани Кени од крш состав да извади толку добри утакмици, а годинава со “големите засилувања“ да гледаме волку лоша игра? ...сакам да чујам друг одговор освен неуиграност на тимот, затоа што не ќе да е до тоа...промашени трансфери мејби? ..зарем лани составот беше подобар од овој? ..или лани немаше што да се изгуби, т.е. од местото кај што не остави Woy, не можеше подоле, па играа без притисок?
 
ако добро сум го прател? многу добро сум го прател верувај.
годинава ливерпул и керол ме коштаат 780 евра само за да ги гледам на тв бидејќи ги сакам. толку ме кошта годишно скај спорт, а ливерпул е единствената причина. мува да прелета за ливерпул - не испуштам.

керол, немам ништо против него, детето не знае да игра фудбал. џабе се анализи од типот што прави што се очекува од него и слично. каде треба да биде, кој треба да му подаде. за фудбалер кој сака да игра во први 11 на ливерпул (да заборавиме дека кошта 35 милиони) он е далку испод просек. на крај краева не е он крив - кени го донесе.
јас ама баш ништо не гледам во него, никаков квалитет. ниту некаква си идна икона на ливепул ниту потнцијал за такво нешто. тежок промашај, криво ми е, ама тоа е керол! луѓе колку утакмици ни се потребни за да воочиме дека некој играч залутал во фудбалот? не ме зезајте, 2 секудни не може да задржи топка во нозе. 2 секунди! никаков осет за позиционирање, голем снажен млад а го губи 9 од 10 дуели. прием никаков, да не зборам за пас со прв допир. шут? демек квалитет му е јакиот шут, шут што не сме го виделе да се деси.
кога џерард беше млад и имаше јак шут, паѓаа голови од 40 метри секоја втора утакмица.
нема брзина, има слаб врат за стрелање со глава, не е само да сконеш да те погоди топката!! доказ за тоа е ширер. треба да се има техника и со глава!...

АЈДЕ до утре вака можам да редам. не можам да го мразам керол бидејќи мислам дека толку му се можностите. просто и едноставно
Ти кажа и stormspeaker под тебе. Не е таков тип на напаѓач Керол. Значи се слагам дека ни ја не гледам некоја иднина у него и коа го земавме бев скептик и постирав тука статии и слики од него како се пијанчи и се, ама дека сега треба да се брка или да се плука нема смисла. Стварно не добива ни една квалитетна топка внатре. Ја него го гледам како Марио Гомез. Да му дадеш топка во 16 метри ќе даде гол. Надвор од тоа е тотално изгубен. Суарез може ни е најдобар играч оваа сезона ама има промашено 1000 повеќе шанси од Керол. Ама разликата е што Суарез може и сам да си создаде шанса, Керол не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom