- Сликава ви побива секаков муабет за унапредување, муабетите дека никој не е поголем од клубот, желба за победа и слично. Сликава е доволна да ви каже дека заминувањето на Суарез би значело уште еден огромен чекор уназад. Продажбата на Суарез би покажала само едно нешто = лузерски менталитет на целата управа. Не ме интересира дали тоа би се однесувало на Роџерс, Хенри, Ајре, Паско или Таско. Жално ќе биде ако се продаде Суарез, бедни, кај што немаме титула освоено толку време, со продажбата ја само би видел дека уште толку уназадуваме и наместо да ја градиме екипата околу овој феноменален играч кој пола од вас уште не се ни свесни какви квалитети поседува, ние ќе го продадеме а со тие пари ќе зееме 4 играчи шо не се ни пола од него. Или ќе засилиме одбрана и средина, пак нападот нема да ни чини, догодина Агер ќе си иде па таа сезона нападот ќе го ојачаме а одбраната ќе ослабне и се така. Ќе го играме македонското оро: еден чекор напред - два чекори назад. Не знам за вас, али ја веќе не можам да гледам како одлични играчи што сме ги сакале и сме се радувале како споулавени на нивни голови си заминуваат од нашиов клуб, без разлика на причината. Првин беше Овен, од мал откако знам за мене го памтев како игра за Ливерпул и буквално као 5-годишен копиљ се радував гол коа ќе даеше "Јееееј Овееен!". Али ај го преболевме него, Лига на Шампиони ова-она, он не остаи толкава трага. Па и дојде Торес, се соживував со све шо му се дешаваше него дур беше у клубот, обожавав да ги гледам комбинациите меѓу него Џерард и Алонсо. После и последниот си замина и одма се виде падот во играта али тогаш барем имаше кој да го замени. Си отиде и Торес, тогаш гневот беше поголем него тагата, али скоро све се надополни со падот на формата и тролањето на негова сметка. Али кога ќе размислам какви моменти имаше Торес во црвениов дрес, а ние не го задржавме пак осеќам колку и да сме ќариле од тие 50 милиони, толку и зијан сме имале. Сега Суарез, у последниве две сезони секој негов потег ме воодушевува, не знам за вас, може постарите знаат за подобар играч, меѓутоа јас подобар играч не сум гледал. И некој ќе ми соли памет и ќе ми праи бајрам на умот дека добро би било да го продадеме, дека ќе сме земеле пари и ќе сме се ојачале. Ја на такви клубови им се смеев порано. Кога ќе слушнев како некој ја продавал најголемата ѕвезда во клубот и со добиените пари се ојачувал по малку на повеќе полиња, тој клуб за мене влагаше во листата на mediocre clubs. И сега гледам дека и ние стануваме таков клуб. Не... нема шанси... доколу не успееме да го задржиме Суарез, а притоа ништо посебно не направиме следната сезона... ја ќе изгубам секаква доверба во клубов. Нека ми го покажат спротивното. Барем еднаш у животот да видам како нашиот клуб се бори да ги задржи најдобрите играчи, еднаш! Ко Тотенхем шо се бори за Бејл, ко од manure шо го задржаа Руни полани, ко секој клуб шо копа очи на тој што му ги бара најдобрите играчи. Сакам да го видам тоа, тоа е победничкиот менталитет. Не можам веќе да слушам "Никој не е поголем од клубот", "Ќе земеме подобар", "Нов ќе го замени, ние другите ги заменивме, камоли овој". Тачно... заменивме... али еве кај не донесе тоа нивно заменување.
Тоа е све од мене, сигурен сум дека ќе добијам некој цитат, али тоа е мојот став. Се надевам дека грешам и дека вие ќе бидете у право, дека со продажбата ќе бидеме подобри. Али нема... нема шанси...