Имав 2-3 коментари за Аспас сеа незнам на кој мислиш
Ова околу Роџерс и Суарез е многу опширна тема и да не се разбереме погрешно не викам дека Роџерс е крив ако си оди Суарез туку дека Роџерс не е авторитет за да го задржи него.
Пример (го напишав ова и на Редс) зашто не му го продадоа Торес на Бенитез за 70м во 2008-09 ?? Затоа што човекот има авторитет и зборот му се слушал. Подобро е да не купи ништо а да го има во тим Торес/Суарез него да купи 10 играчи како Аспас а да ја изгуби главната звезда у тим.
Дали е свесен Роџерс дека ако го продаде Суарез он ќе остане без работа до Јануар ?? Мисли дека ќе избори подобри резултати без Суарез во тим? Тогаш е најголемата будала во свет.
Значи цела година правиш тим, го купуваш Кутињо,Стариџ,Борини итн сега го зимаш Туре значи тимот полека заличува на тим и зимаш го продаваш најдобриот играч околу кој си го градел тимот.. епа брат каков имбецил треба да е човек за да направи ваква работа т.е да дозволи да се направи??
Ќе го респектирам ако го направи следново ,дента кога Суарез ќе си замине и Роџерс нека си поднесе оставка.Со овој гест ќе покаже дека не се сложува со политиката на ЛФЦ и дека бил против продавање на најдобриот играч у тимот.Е тогаш ќе речам браво бар некој се спротистави.
А ако го продаде како ништо да не било и ако донесе 2-3-ца како Аспас и после излезе со интервју дека Ливерпул е на прав пат и дека ќе се бори за топ 4 сезонава ќе значи дека е само пиун и лажго најобичен што ќути и трае за да не го вратат пак у Свонси или Виган..