Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Сите фудбалери да ни ги купат пак ќе го јадат од нас.YNWA
 
Да не беше Ливерпул да даде уште еден гол, немаше пред 20 минути да фатам на спортска.
 
Браво дечки,арно ги преебавте на Стемфорд :)
Иначе ми ги замрсивте сметките,ве чекав X. :)
 
значи тимот наш е далеку по друг Кени ги има пеено здраво
тоа се бара две шанси два гола а не 50 шанси ниеден гол
 
свонси, сандерленд, норич..

не можам со цело срце да им се израдувам на овие победи.
се радувам, гледам друг тим цела сезона, ама местото на табелата е исто.
 
Ова со шансиве да. Денес добри беа. Ама играта не ме бендиса. Како и да е имам забелешки за Кени. Па добро бе човече гледаш не оди направи измена со повреме. На секоја утакмица а воделe а губеле околу 70та влегува Хендерсон. Потоа ќе стави некое крило во 85 и во 90 Керол. Не чини така. Макси требаше порано да излези а Даунинг на негово место. Исто и Кајт не беше сјаен можеби требаше Kерол порано да влези. Суарез под итно да се опамети. Вака веќе не оди. Лесно можи да биди најдобриот напаѓач на светот ама упорно си тера по свое.
Сега со Сити - 14 меча по ред 2+ гола даваат. Нашата одбрана ќе има многу работа
 
сити паѓаат 100%

сега доаѓа до израз големината на еден клуб.
сити прв пат се во улога на фаворит и ќе видиме како ќе се носат со тоа кога ќе играат под таков притисок. тогаш се гледа кој клуб е голем и кадарен да се носи со притисокот.
ливерпул ќе им одржи фудбалска лекција. верувајте
 
Тоо. Од 3 удари во рамките на голот, 2 се голови. Тоа се бара. :D Реализација. Џонсон цела утакмица беше одличен, плус го реши натпреварот, мен оф д меч според мене. Адам исто така одличен, Реина ѕвер. Уствари сите беа одлични. Суарез стандардно си ги кичми, само треба да проработи на реализација малку. И Керол нека игра почесто, нема смисла во 95та да го пушта секој натпревар.
 
Добра игра во првото и послаба во второто полувреме. Нивната одбрана не почасти со два гола, ама и нашата им пушти нив еден. Не знам како успеаа така лошо да “покријат“ кога го примивме голот. Искрено очекував да ни ја свртат во второ, посебно откога го дадоа голот, но ова е еден од ретките моменти кога ми е мило што не сум бил во право. :)

Никој до сега не спомна, можеби затоа што никој не мисли така, но и те како ни е потребен капитенот назад. Многу хаотично изгледа целиот среден ред а со тоа и организацијата на нападот е полоша. Одбраната не крпи и тоа многу, иначе ќе имавме многу полоши резултати. Суарез делуваше прилично збунето на неколку наврати, но ок, ќе му простам, само затоа што ме импресионира неговата борбеност и желба за победа, секогаш. Обожавам играчи што буквално го оставаат срцето на терен, без разлика каков е резултатот.

За крај, не којзнае каква игра, но 3те бода ги носиме дома, на крајот од денот тоа е најбитното. Ова мислам дека на сите ни е многу добро разјаснето после сите тие нерешени утакмици со послаби екипи.

YNWA!
 
Од 8 најпромашени трансфери на листава 3 се од Ливерпул. За Ел Хаџи Диуф 10 милиони евра се дадени, а постигна само 3 гола. По 3.33 милиончиња за гол ... бравооо
http://novasport.mk/Vest.aspx?id=884&GroupId=1
 
Од 8 најпромашени трансфери на листава 3 се од Ливерпул. За Ел Хаџи Диуф 10 милиони евра се дадени, а постигна само 3 гола. По 3.33 милиончиња за гол ... бравооо
http://novasport.mk/Vest.aspx?id=884&GroupId=1
Од Челзи има четворица на листата хехе, а и да ги собереш парите што се фрлени од страна на Челзи се 10 пати посј*бани
 
Од Челзи има четворица на листата хехе, а и да ги собереш парите што се фрлени од страна на Челзи се 10 пати посј*бани

Работата е статија со кило глупости ... прво има грешки второ сакаш јас да ти направам ранкинг листа од 15 промашени трансфери? Кој го прашува него уствари дали тие трансфери се промашени ама битно имало таква тема на гол па он се обидел да ја апдејтува со Торес и Керол (y)
 
Да ви честитам и овде за победата.Фер се играше,на моменти Лукас делуваше нервозно непотребно,но тоа е тоа.Далгиш имаше замислено да остане непоразен,а си зеде цел плен односно три бода.Два поклони од нас,ова ви е за поклонот од Џерард кога се решаваше за титула.
Не сме ние такви,не заборавме.Поздрав :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom