It's ok, некоја наредна сезона ќе биде наша.

Шала на страна, ситуацијава е донекаде очекувана, со оглед на тоа што 4 тренери се сменија (вклучувајки го Бенитез), 4 различни тактики и при секој трансфер период секој си носи играчи по негова замисла. Од друга страна, буџетот ни е релатовно слаб, газдите - Американци (enough said), мотивација нула кај играчите.
Всушност и каква мотивација би имал Стиви, светски играч, во екипа на 12 позиција, со колеги Даунинг и 18 годишни деца?? Човекот во три години, два пати го водеше Ливерпул во финале од Лига на Шампиони, а сега ЛШ е нешто недостижно... Сме биле на 4 поени од 4 место, големо чудо. Роџерс се осмели дури на второ место да цели, а во мегувреме заборави на 10 позиција, која патем ни беше и највисока оваа сезона. А да не зборам дека и две екипи позади нас го имаа истиот број на поени.
Мразам овакви фрази, ама big disappointments come from high expectations. Не е оваа наша сезона, нема да биди; Ако нешто излезе, по грешка некој трофеј да заврши кај нас tant mieux.
Инаку Роџерс воопшто не ми наликува на човек кој треба да го води Ливерпул, но сепак мислам дека треба да му се даде шанса. Неговото отпуштање би донело, нови проблеми, повторно менување на играчи, нови тактики, нов период на прилагодување. Во моментов ни треба само време, добар буџет и некој што ќе знае да внесе барем малку ентузијазам во тимот.
Ќе биде некоја следна наша, само дали Кара ќе држи пехар како играч или тренер.