Оф, не ми се верува дека заборавив. Иако Суарез ја усра малце денеска (неам образ да го критикувам човекот шо најверојатно ќе го сруши рекордот сезонава, али факт е дека можеше да ја реши), сепак SAS is the real thing. @superstarpizza се надевам виде дека дека не си у право за тоа што викаше дека тоа е поим што сме го кажале prematurely по 3-4 утакмици добро одиграни меѓу нив двајца и дека Стариџ не може да седи како џокер во екипата и не смее никако да биде седнат на клупа. Одлично партнерство се коа не се лакомат за слава, а тоа се случува само во 5% од натпреварите.
Се надевам дека и ти виде дека Роџо немаше играч од нападот кој требаше да го пушти за да го промени текот на играта на резултат 1 - 0.
Колку и да бевме мизерни во среддината она што се играше во нападот беше за греота.
Од единствената шанса постигнавме гол....од единствената шанса во 30 минута.
Стариџ не се ни виде цела утакмица, освен голот. Суарез беше оставен на 30 метри. Стерлинг имаше 2-3 осамени продори каде очекувано за него ќе ја збркаше на крајот.
Во ова утакмица ако нешто фалеше тоа беше свеж играч од нападот каде требаше да се промени нешто.
Е сеа...не ми е муабетот дека во средина беше одлично....таму беше рушвај!
Коло згреши што згреши...
Мене ме збуни Роџо со измените....зошто тие измени...зошто го извади Фланаган?
Зошто го пушти Ален....
Требаше да притиснеме...а не да се браниме.
Во право си кога кажа дека тики таката на Роџо ја гледаме се помалку и помалку. Знам дека недостатокот на играчи си го прави своето. Но тогаш која е поентата на Алберто во тимот кога не добива ниту минимална шанса. Ако има некој проблем со него...тогаш не го ни ставај на клупа. Има млади деца, човече го имаме Тешеира. Па пробај со него.
Што се однесува до Капетанот....веќе подолго време го критикувам. Знам дека и со денешното споменување ќе почнете да мислите дека овој развил некоја омраза кон него.
Можеби пресече некои критични топки. Ама човече толкава неподвижност.....неможам да поверувам.
Мислам дека дојде моментот кога Џерард треба да се користи од под 30 до 40 минути во натпревар. Ова е премногу за него. Ова е премногу за неговите нозе.
Мораме...мораме да ги користиме Алберто и Тешеира оваа сезона.
Со враќањето на Ален ја би го седнал Стиви.... Кутињо би го играл според заслуга. Алберто би бил со предност во моментот.
Со Хендо и Ален би ја добиле потребната брзина на средина на теренот , критична за нашиот стил на игра.
Неможе Стиви да одигра со такво темпо натпревар кога веќе во 14 минута мислам беше наместо да подгони играч тој се враќаше назад затоа што немаше сила за такво нешто.
Мислам дека Хенри и компанија сватија оддамна што направија со неинвестирањето во играчи!