Фан клуб: Карпош Соколи

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktoranius
  • Време на започнување Време на започнување
Бомба во Карпош: Евролигашка ѕвезда потпиша договор со К. Соколи!
Станува збор за Американецот со панамско државјанство Крис Ворен (33 год., 196 см.), кој има играно за екипите на Цибона, Цедевита, Аир Авелино, Билба баскет, Бнеи Херзлија и кој во сезоната 2008/09 со просек од 16,2 поени беше втор стрелец во регуларниот дел од Евролигата.
 
nuke-o.gif


Стевица и Господ се опасна комбинација. Со нив не е искључено и НБА играч да дојде во Лигава:pos:

Шала на страна втора година по ред носиме играч кој е големо име за услови како што е македонската кошарка. Штета што Страхиња не можеше да остане повеќе од 1 месец кај нас. . .

Но добро, што е тука е, сега имаме играч како Ворен кој ќе ни биде на располагање од почетокот на 2015 па до крајот на сезоната. Убаво стои во насловот, Ворен е играч со Евролигашко педигре. Она што му фалеше на тимот меѓу другото беше шутер, кој би можел да погоди од секоја позиција. Ворен е калибар на играч кој и те како му е потребен на тимов во ситуација во која не сакаме целта да биде влез во Суперлигата.

Во текот на минатиот месец Ворен настапуваше за Панамската репрезентација на игрите во Средна Америка и Карибите. Панама заедно со Ворен успеа да стигне до финалето меѓутоа загуби од Доминикана. Носиме квалитетен играч кој оставил траг во Евролига,

Ако разбрав добро, Ворен ке пристигне во Македонија после 5 Јануари и од тогаш ке биде ставен на располагање на Ацо.


п.с. Со 1-2 слични засилувања можеме да бидеме главни претенденти за титула :D
 
Κвалитетно засилување со уште едно κаρпош може да им биде пρетендент на мзт и ρаботничκи,но беспотρебно κρеваат толκава вρева демеκ игρач диρеκтно од евρолига доаѓа па он своите најдобρи игρи ги пρиκажувал пρед 3-4 години сигуρно сега е далеκу од таа фоρма но κаκо и да е со него κаρпош станува тρет фавоρит за титулата очеκувам и дρугите еκипи да се засилат оваа сезона е најκвалитетна и добρо е што почнаа ваκви игρачи да доаѓаат у нашава лига
 
JDWZSMLLPLKSXKK.20150102231637-624x312.jpg

Кошаркарскиот прволигаш Карпош Соколи се очекува да биде еден од главните претенденти за пласман во финалните средби во првенството и во Купот на Македонија, најмногу поради ангажманот на евролигашката ѕвезда Крис Ворен и пред сѐ на неговиот сонародник Дариус Рајс, кој важи за еден од најдобрите играчи во историјата на престиќниот универзитет Мајами (УМ).

Колкав е белегот кој Рајс го оставил во НЦАА-лигата во периодот кога настапуваше за колеџот од Флорида покажува и фактот што вечерва ќе влезе во Куќата на славните на Атлантик коуст конференцијата (АЦЦ) во која настапуваат универзитети со извонредна кошаркарска традиција како Дјук, Џорџтаун, Сиракјуз…

А, само неколку часа пред официјално да биде промовиран во член на класата 2015 и тоа на полувремето на ноќешниот мечот на УМ против Вирџинија, Рајс одвои малку време да сподели некои свои размислувања со „Спортмедиа“.

Крилниот кошаркар во Македонија доаѓа на Божиќ и не знае многу за средината во која ќе престојува во следниот период. Но, поради една работа тој уште сега е презадоволен.

Знам дека доаѓам во земјата на Александар Велики и среќен сум поради тоа, бидејќи знам дека ќе има што да видам. Повеќе од ова не знам за Македонија, но сигурен сум дека ќе имам време детално да ја истражам. Љубител сум на нови предели и се надевам дека ќе видам што е можно повеќе работи од просторот од кој потекнува легендарниот војсководец“, ни изјави Рајс.

Американецот сезонава ја почна во израелскиот тим Макаби Ашдод, но не успеа да се аклиматизира на новата средина по што се врати дома. Своевремено, новиот „сокол“ бил сметан за еден од најдобрите средношколци од САД за кого веднаш биле заинтересирани неколку НБА-екипи. Но, Рајс решил прво да стекне универзитетско образование, по што повеќе не добил вистинска шанса да влезе во најсилната лига на светот. Пред десетина години имаше договори со Мајами хит, Кливленд кавалирлс, Њу Џерси и Далас маверикс, но во ниту еден од овие тимови не доби вистинска шанса.

Не сакам да се навраќам наназад ниту да се потсеќам што било во минатото. Сега сум сконцентриран кон тоа што ме очекува во Скопје во мојот нов тим. Немам информации ниту за противниците ниту за лигата во која ќе се натпреварувам, но тоа не го сметам за проблем. Професионалец сум и ќе давам сѐ од себе на секој од натпреварите во дресот на Карпош Соколи“, дополнува новиот американски кошаркар во таборот на „соколите“.

Освен играњето во САД, Рајс има и богато интернационално искуство и тоа играјќи за екипи од Венецуела, Јапонија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин Порторико, Полска и Унгарија. Своите први обврски во дресот на тимот од Карпош ќе ги има кон среидната на месецов и тоа во четвртфиналната пресметка со Куманово од Купот на Македонија
http://sportmedia.mk/darius-rajs-presreken-sum-shto-doagam-vo-zemjata-na-aleksandar-veliki/

Што направија овие Карпош Соколи. Од каде толку финансии?
 
Klubot raboti ekonomicno. Od top 6kata Sokoli ima najmal budzet ova go tvrdam odgovorno so ogled na toa deka gi znam budzetite i cenite na site igraci.
Se uste 1 igrac Sokoli e siguren shampion
 
Klubot raboti ekonomicno. Od top 6kata Sokoli ima najmal budzet ova go tvrdam odgovorno so ogled na toa deka gi znam budzetite i cenite na site igraci.
Se uste 1 igrac Sokoli e siguren shampion
А овие двајцава да не мислиш деκа ќе игρаат за 4000-5000 месечно?
 
А овие двајцава да не мислиш деκа ќе игρаат за 4000-5000 месечно?
Јас знам точно за колку играат, ти само можеш да претпоставуваш :)

Куманово има помал буџет а и Фени можеби
Во буџетот на КК Куманово се слеваат пари од цел град. Секое гранапче, секоја кафана, фирма, бизнисмен даваат пари. Плус парите од продажба на картите.

Ова го нема во Соколи.

Фени минатата година немаше многу голем буџет. Оваа година поголем. Фирмата Фени е гигант со над 800 вработени за било која фирма која што е поврзана со Карпош Соколи или општината.

И Буџетот на Соколи е зголемен во однос на минатата сезона, но е последен од топ 6ката.
 
Јас знам точно за колку играат, ти само можеш да претпоставуваш :)


Во буџетот на КК Куманово се слеваат пари од цел град. Секое гранапче, секоја кафана, фирма, бизнисмен даваат пари. Плус парите од продажба на картите.

Ова го нема во Соколи.

Фени минатата година немаше многу голем буџет. Оваа година поголем. Фирмата Фени е гигант со над 800 вработени за било која фирма која што е поврзана со Карпош Соколи или општината.

И Буџетот на Соколи е зголемен во однос на минатата сезона, но е последен од топ 6ката.
Абе што е битно колкав е буџетот ба општина Куманово збориме колку од тоа се одвојува за спорт. Да се одвојуваше како што збориш и фудбалски клуб ќе имаше у прва лига а не град од 150 илјади нема фудбалски клуб тие пари ги јадат лешинари.
 
Стефче ти си?
За тебе - да :)

Абе што е битно колкав е буџетот ба општина Куманово збориме колку од тоа се одвојува за спорт. Да се одвојуваше како што збориш и фудбалски клуб ќе имаше у прва лига а не град од 150 илјади нема фудбалски клуб тие пари ги јадат лешинари.

Зборуваме за буџетот на КК Куманово, а не на општината. Клубот има одличен буџет. Друг муабет е како се трошат тие пари.
И да бидам искрен не ме интересира. Тоа си е ваша работа :)
 
До κρајот на сезоната за двајцата вκупно ќе тρеба да се исплатат 65-75000 евρа за пет месеци а ти може и господ да си ама сумата нема да е помала
 
Klubot raboti ekonomicno. Od top 6kata Sokoli ima najmal budzet ova go tvrdam odgovorno so ogled na toa deka gi znam budzetite i cenite na site igraci.
Se uste 1 igrac Sokoli e siguren shampion
Друже грешка си, Куманово нема буџет како што си мислиш дека има да беше како што збориш ти тг едн куп на засилувања, кои што останасва само на муабети и шпекулацие заради недостиг на финансие, ке дојдесва у Куманово и друга приказна ке беше. Не се истрчуј пред да провериш добро можда знаеш за Карпош ама не знаеш довољно и за Куманово не е такој како што се кажуе дека од цел град идев паре у ККК.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom