Фан клуб: Карпош Соколи

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktoranius
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен тим склопивте браво. Мислам дека за влез во Суперлига и не станува збор, овој тим на Соколи сигурно ќе биде претендент за плејоф.
 
Ако сакаш инфо и за играчиве на МЗТ на кратко кој како изиграл ?

Најдобар играч дефинитивно Лучич. Класа отскокнува над другите, скок, шут, скок шут, мека рака, од полудистанца ја разбира играта, силен е. Тој единствениот што изигра над просекот.
Маринкович ништо посебно, во 3 четвртина нешто јадеше говна, само не знам кон кого беше насочено, Змаго зема на клоци го извади и не го врати до крај. Кире не играше, повреден. Зивчевич - нула. Грузиецон го искрши кошот. Цветкович 5-6 поени. Мекич со шут за 3, нула од 15. Едниот црнец беше добар. Другион црнец се рчка цела утакмица со Пенов.

Ако остане ваков ростерот, прашање е кого ке победите во АБА лига
 
Прво коло со Кожув во Гевгелија.
Второ со Гоце Делчев во Штип, па трето со Куманово. Четврто со Фени.
 
Вчера уште една контролна со МЗТ во Јане Сандански и уште еден пораз овојпат со 4 разлика. Горе долу иста игра како првата во Маврово, со тоа што овој пат имаше премногу ротација. Доста минутажа одигра и Бакоч, па на моменти игравме без двајцата центри Кнежевич и Киро, а на 4 и 5 играа Тасовски и Бакоч. Најдобар играч дефинитивно Васич, без измена одигра 35 минути, со високо темпо на игра, често МЗТ не бркаа по целиот терен, а Васич без проблеми ја изнесуваше. 2 украдени топки и 3 тројки во клучни моменти. Тасовски сеуште е вон форма 0/5 за три, слично како и Миге. Двајцата центри одлични, Киро со Дуле покрај него е многу растеретен и бевме доминантни под кошевите против Маринкович и Лучич поготово во офанзивните скокови.

Најтежок период имавме кога на почетокот во 3тата четвртина 6 минути не успеавме да постигнеме кош. Но во овие минути игравме одлична одбрана па успавме предноста на МЗТ да ја задржиме на "само" 10 поени. Пенов со тројка не дозволи да ни се одлепат по што се консолидиравме.

Сосема солидна игра со оглед на тоа што гостувавме кај шампионот. Не запињавме за победа, целта на Ацо беше да се ротира составот сите полека да влегуваат во ритам и да нема повреди. Резултатот е во втор план иако судиите во 2 клучни моменти ни судеа непостоечки чекори а во првата четвртина не ни упишаа 2 поени на Миге туку 1.

Следуваат уште контролни натпревари. Најпрво треба да знаеме дали ке играме во Косово со Башкими, а исто така треба да утврдиме дополнително дали и кога ке се одигра двомеч со Левски во Софија.
 
Последно уредено:
Bad.gif


Не е лошо за отварање на сезоната.

Прв натпревар на гости и прва победа кај Кожув пред полната сала. Имавме контрола во текот на целиот натпревар и не дозволивме противникот ниту еднаш да го превземе водството. Тимот тренираше во силен интензитет цела недела и се подготвивме максимално за овој натпревар. Сите играчи излегоа максимално мотивирани и со голем ентузијазам на паркетот. Тоа најмногу се почувствува кај триото што дојде токму од Кожув. Пенов со 3 тројки по ред не одлепи на почетокот. Од тука почна се.

Имав чувство дека Кожув малку не потцени како и целата македонска јавност. Сите очекуваа победа на Кожув, најверојатно поради подготвителниот период во кој победија све живо и диво и ростерот што го имаат на располагање. Тимот го склопија порано и имаа припремен период на Копаоник.
За разлика од нив, ние тимот го склопивме покасно, но многу внимателно иако ги загубивме сите подготвителни натпревари.

Можеби ова не е тим за шампионска титула, но е тим со одличен баланс и атмосфера. Играчите играат еден за друг, се борат за секоја топка и го даваат максимумот. Само така можеме да одиме напред.

Нема да издвојувам никого, сите одиграа одличен натпревар. Ацо одлично ја имаше подготвено одбраната.

Следен натпревар е повторно гостување, овој пат во Штип кај Гоце Делчев. Се радуваме на победата кај Кожув, но од денес мислите се насочени кон Штип.
 
У која сала ги игра оваа сезона домашните натпревари Карпош Соколи? Треба утре да се бодри Куманово..
 
У која сала ги игра оваа сезона домашните натпревари Карпош Соколи? Треба утре да се бодри Куманово..
мислиш у недељу... иначе борис трајковски играв...
 
Борис Трајковски.

Најавено им е на официјалните лица од КК Куманово дека гостински навивачи нема да бидат пуштени.
 
Борис Трајковски.

Најавено им е на официјалните лица од КК Куманово дека гостински навивачи нема да бидат пуштени.
На секој можен начин се уништува кошарката.. Како обичен гледач неможам да присуствувам на утакмицата?
 
На секој можен начин се уништува кошарката.. Како обичен гледач неможам да присуствувам на утакмицата?
Они ти се специфичен тим.
Карти делат само на родители по околните школи и карти во продажба нема. Ако дојдеш на врата, ќе ти речат немаш карта. Кога ќе им кажеш дека нигде не се продаваат карти, ќе ти речат, ете другите имаат, ама не знаеме од кај им се :P
 
Они ти се специфичен тим.
Карти делат само на родители по околните школи и карти во продажба нема. Ако дојдеш на врата, ќе ти речат немаш карта. Кога ќе им кажеш дека нигде не се продаваат карти, ќе ти речат, ете другите имаат, ама не знаеме од кај им се :P
По некоја логика секој спорт се игра за публика и фанови.. Јас сепак ќе си ја пробам среќата во недела, несакам да ја пропуштам третата победа по ред на Куманово. :D
 
По некоја логика секој спорт се игра за публика и фанови.. Јас сепак ќе си ја пробам среќата во недела, несакам да ја пропуштам третата победа по ред на Куманово. :D
Има алтернативни влезовви, јас така влегов :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom