А кој играч што го побарал Сити, играчот одбил да дојде? Нормално дека не се потепале зошто не се барани од Сити ама Сити и Пеп да те побараат, секако дека со спуштени панталони ќе тргнат према Манчестер. Зошто може да даде 300 милиони, му се заканува, да, што не значи дека и ќе го добие банот (ДА БОГ ДА СЕ ДЕСИ ТОА). Никој не рече дека не е возможно, се' може да се случи ама дискутираме за реална ситуација. Муабетов ти е „50-50 е шансата да видиш диносаурус на улица, или ќе видиш или нема“.
За историја и навивачи никој не спомна, нит па ги оспорив истите на Јувентус, не знам зошто ги спомнуваш. Други ти беа „причините“ за доаѓањето на Пеп, никој не ги коментираше овие.
Дали шалтањето на Игуаин е правилна или неправилна постапка вие си знаете. Јас мислам дека не е, сепак останавте само со лига на крај а атакувавте на триплете.