Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Со АЛегри како тренер треба да сме пресреќни. Да, знае да тупи поготово на почеток на сезона кога има подобри опции, а он се држи до некои свој избор на играчи, али тоа му е стилот. Ненормално ме нервира тоа форсирање на Кедира на пример, ама од друга страна имам апсолутна доверба во Алегри.

Сега сме малку во деликатна ситуација. Роналдо го имаме и сакаме одма сите да ги газиме. Мора да сме свесни дека треба време. И Алегри еве уште не е сигурен со која формација ќе тераме. Мада која и да е, со Кедира во тим, плус Бернадески, Манџа и Матуиди ќе нема игра и ќе се мачиме, нема доволно техника ни брзина, и мислам дека веќе од наредната ќе се смени ова.
Коста мора да ни игра, автоматски поопасен станува тимот.
Чан место Кедира исто е задолжително. Вечер имаше една ситуација кај што Чан од наша половина помина еден од Парма со спринт, ја изнесе топката и одма се отвори акција, а тоа е мислена именка за Кедира.
Друго што мора да се поправи е одбраната, не делуваат сигурно и самоуверено. Кансело е сличен со Квадрадо како десен бек, ама Кансело подобро се снаоѓа и посигурно делуе со него. Десно он и Коста има да владеат(пример видовме со Лацио и вториот гол).

Почеток е, се уигруваме, има и тупење, важно 3 од 3.. играта ќе си дојде, колку и да е фрустрирачка мора трпение.. сега барем имаме опции од сите аспекти, има ненормален потенцијал само треба вистински да се пронајдат.
 
Иди бе у п.м како не ти е срам да се задоволиш само со резултат, види ги имињата на составот на Јуве и каква игра прикажуваме доста со тој скормен менталитет
Нов си па ќе ти опростам за грешкава :smirce:
 
Ако продужат Јунајтед ко шо тргнале ни бренд ни маркетинг нема да ги крепат. Тоа е минливо ако клубот не е константнен меѓу топ 5-6 клубови у светот. За некоја година ќе падне и финансиската моќ.

Ако си сериозен за ова тогаш те молам да не коментираш во тема за фудбал повеќе бидејќи очигледно немаш основни познавања како функционира спортот воопшто според овие коментари..Јунајтед од 2013 неможат да се совземат од правење ремонт и менвање играчи ама финансиски рекорди рушат секоја година..со самото тоа што играат во ПЛ треба да си запознаен дека земаат астрономски суми само за тв правата ..ама ти сериозно напиша дека ќе му паднела финансиската моќ во време на глобализација и вртоглаво растење на брендот во секоја смисла.
 
OK, не објаснувај за марки и брендови. Неоспорен факт е дека Погба во Јунајтед е пола играч од оној во Јуве. Од фудбалски аспект се заеба а од финансиски не.
 
Јас сепак мислам дека Квадрадо не играше лошо во одбрана дури беше подобар од Кансело, Квадрадо не го бива кога игра бек за во напад што не е случај со Кансело со него сме многу попасни
 
Квадрадо за негов стандард башка на неприродна позиција изигра баш солидно според мене, имаше неколку опасни нафрлања и не беше толку лош во одбрана, ама сепак станува збор за Парма. Не сум убеден да му се дава да игра десен бек против појаки противници. А тренерот на Парма изгледа добил повик од мафијата да го извади Жервињо, немам друго логично објаснување :LOL:
 
Уште е почеток на сезона да бидеме стрпеливи тек доаѓаат јаките натпревари а локомотивта покажува сила после Нова Година.
Сите играчи се ОК.
п.с. ме изненадува Матуиди премногу трча се залага ненормално :bravobe:
 
Kae jakiot igrac so ke idase ?

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Дечки дали можи да ме упатите кај можам да најдам карти за vs Утд?
Ако веќе се пуштени во продажба.
 
Дечки дали можи да ме упатите кај можам да најдам карти за vs Утд?
Ако веќе се пуштени во продажба.
Против Јунајтед во Торино шансите да дојдеш до карта се премали, да не ти кажам непостоечки. Сепак прашај си ги официјалниот фан клуб од Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom