Ајде се по ред...
Џиџи - Нема зборови да трошам на човеков
Дани Алвеш - За разлика од дуелот со Наполи, овој натпревар се покажа во одлично светло. Убаво го затвори својот земљак, и не му даде некоја голема шанса да дрибла по таа страна
Бонучи - Повеќе од солиден, ама не ми се свиѓаше тоа што изгуби дуели со Суарез... едноставно не беше доволно спретен за да го чува ноќеска зублето
Келини - Али затоа кога ќе згрешеше Лео, тука беше комрадот да го поправи. Овој синоќа мислам дека ги чуваше сите на теренот...и Меси, и Суарез и Нејмар, секаде го имаше... клизачи, дуели, стартови без пардон, башка и гол со глава. Една од најдобрите негови партии во црно-белиот дрес.
Сандро - Е овој синоќа докажа дека е класа бек. Му се залепи на Меси како зелен селски мрсул, не му даде да потегне напред... единствено што мошеже Меси да прави е да дава топки од средина на терен, ништо повеќе.
Кедира - Одличен, сконцентриран во дефанзива и офанзива... на глуп начин доби жолт картон, али што е тука е.
Пјаниќ - За овој реков дека ќе ни биде најслаба алка ако се браниме, али види го босанчеросов искина на терен, ме натера да ги изедам гомната изречени за него. БРАВО
Манџукиќ - Коњ, ги нервираше противничките играчи како и секогаш... ги деконцентрираше, се караше со нив, глумеше, али затоа се враќаше до Џиџи ако мораше. Ептен благодарен играч, браво и за него.
Квадрадо - И покрај асистенцијата за првиот гол, некако тивок ми беше на натрпеваров... помагаше и во одбраната, али не беше оној експлозивен Хуан што ора по десната страна на теренот, ајде простено нека му е
Дибала - Овој заедно со Сандро и Келини беа најдобри на теренот. Тоа што се бараше од него, тоа и го испорача. Чиста 10-ка
Игуаин - И овој играше бледо, имаше една 100% шанса сам со Тер Штеген, али проработе лузерското во него. Ги лепеше противничките играчи за него, али не е тоа тоа.... За возвратниот дуел очекувам многу повеќе од него.
Лемина -
Оваа мисла ми пројде кога влезе во игра... и да, стварно одигра тапа
Ринкон и Барѕа - не ги коментирам влегоа премногу касно во игра
Ќе биде пеколно тешко на Камп Ноу, ретко која екипа не примила гол таму. Али благодарение на ПСЖ и нивната лежерност, мислам дека нашиве и на тој дуел ќе влезат 100% сконцентрирани, мислам цел свет виде дека со Барса нема опуштање. Од возвратниот дуел не очекувам премногу, мислам нека ја изгубат текмата, али само нека пројдат понатаму. Али сега да се спуштиме малце на земја, имаме прво дуел со Пескара на гости, па потоа идеме во Барселона. За овој дуел би ги извадил сите од втора постава
Нето: Лихт, Барѕа, Ругани, Асамоа: Маркизио, Ринкон, Лемина, Стураро, Кин и Дибала и Дебелиот нека одиграат по 45 минути на тој меч.
ФОРЦА ЈУВЕ!!!













