Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Прашање на време е само кога Дибала ќе фати патот накај Реал Мадрид или Барселона.
 
Прашање на време е само кога Дибала ќе фати патот накај Реал Мадрид или Барселона.
Јас не мислам така дај боже да сум во право....
 
Да во право си скроз, иначе од младинците, истото важи и за Кин, и да стане ѕвезда (под претпоставка) не би останал исто долго во Јувентус баш поради Раиола.

А за Дибала стварно не ми е јасно зошто толку долго ебавање со договорот, коњот му починал на агентот, дете му се родило, свадба, или на крајов од денот глупаво е да бараш да си најплатен играч во тимот, а една сезона играш, неговите квалитети не може да се оспоруваат, но може да се каже дека ептен е алчен, не ме јеби најплатен за една сезона. ѕвезди на Јувентус ко Маркисио, Киелини немаат А речено и потпишуваат со две раце. Такви играчи му требаат на Јувентус со исклучок на Де Чеље. Летово исти проблеми, ќе склопиш тим за ЛШ, и ќе продадеш еден клучен играч, секое лето иста песна.
 
Јас не мислам така дај боже да сум во право....

Абе дај боже да си во право али по изјавиве што ги дава, а еве и за договорот се натегаат... Не верувам дека останува уште долго. Прогнозирам, ако не ова лето тогаш следната година сигурно не напушта.
 
Утре играме со Барса и најважен меч сезонава, вие сте се фатиле за Дибала. Оладете малку, овој период не им е толку за продолжување договори и други срања, а медиумите тоа го користат максимално. И Алегри уште не го продолжил договорот и го одложуваат веќе подолго време, па тоа значи дека и тој не напушта можеби? :)

За утре би сакал да игра Квадрадо од почеток и да им ја извади малку душичката на Барса заедно со Дибала и Игуаин. Незнам зошто ама очекувам утре победа против не баш сигурната Барса. Доколку успееме да ја совладаме без да примиме гол би било повеќе од одлично за реваншот кој би бил пеколен.

Очекувам да ги поминеме Уефалона. :P
 
Јас се мислам дека ке има и ова лето големи промени во тимот (Дибала и Кедира ми се број еден играчи што би заминале) па дури и Алегри да си отиде не е чудно, особено ова ке се деси ако не освоиме ЛШ што реално шансите ни се мали, без разлика и ако ги поминеме Барса, за мене Баерн е зверот што само чудо да се деси а да не освојат ова година. Во случај да има вакви промени ова лето ние немаме да освоиме ЛШ уште 100 години со ваква логика.
 
Последно уредено од модератор:
Вечер играме со Барса, а вие мислите на наредните 100 години... :icon_mrgr: Дајте барем денес остајте ги Дибала, Алегри, Кедира и Де Чеље, вечер мора да изгинат нашиве. Мора колку што можеме повеќе да ги неутрализираме МСН... тоа ако го направиме рачунајте 50% сме ја завршиле работата. Ако Алвеш почне од првата минута сакам убаво да го покрива Нејмар, барем тој му ги знае сите потези на ѓуптинот... жими се ако почне да се глупира како против Наполи, на клоци би го избркал од тимот. Прв тој ќе лета па потоа Дибала и Кедира :свиркам:.

Ајде брзо нека помине времево, само на тоа ќе ми биде паметот денес :X3:
 
Битката ќе биде на средина (океј, не измислив топла вода со муабетов, али сега е ептен очигледно). Буски е суспендиран, а тој им ја држи средината особено во дефанзива. Иниеста колку и да е добар сепак не може 90 минути во исто темпо да игра, 32 години има. Треба да се игра агресивно како ПСЖ што им направи дома ама тоа е easier said than done.
 
Не не бива агресивно да играме :D, ова може само на италјански начин и на тоа ке оди Алегри
 
Памтете ми го зборов, Пјаниќ ако игра пред одбраната ќе сме премногу ослабени... Човекот е дупе за дефанзивните задачи. Поарно е таму да се стави Маркизио, а Миро да се префрли како АМФ, Дибала да оди десно а Квадрадо на клупа.
 
Вечерва мора повеќе да бидеме концентрирани да не примиме гол тоа е најбитно.

Ајмо 2:0 :aplauz:
 
Ајде да дај господ вечерва Игуаин уште од еден трофеј да го лиши Меси и да му го продолжи проклетството :D (од него аир да не види )
 
Вечер очекувам максимално професионален настап, со квалитет и мозок, најмногу со муда! Никако не сакам да видам страв или преценување на противникот. Мора да бидеме внимателни ама и да нападнеме. На домашен терен ако не го направиме сето тоа, нема што кур да бараме понатаму.
 
За вечер стратегијата е диџејот на стадион да ја пушта оваа:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom